логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Скопје, 5 декември (МИА) - Во организација на Македонската артисанска трговска организација денеска ќе биде отворена продажна изложба на уметнички занаети на која ќе се продаваат рачно изработени производи на околу 30 македонски ракотворци и здруженија.

На изложбата ќе може да се најдат традиционални и современи македонски, рачно изработени предмети како керамика, накит, бакарни производи, топлинки, честитки и модни додатоци.

Изложбата ги претставува уникатните рачно изработени производи и создава приход за ракотворците.

Во рамки на продажната изложба, вечер ќе се одржи и добротворна аукција. Производите што ќе се најдат на аукцијата се донација од ракотворците и занаетчиите, а собраните средства се наменети за набавка на када за неподвижни лица во домот за стари лица ЈЗУ Геронтолошки завод „11 Октомври“. лѓ/сст/9:10



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie