логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Скопје, 30 ноември (МИА) - Делата на шест афирмирани македонски уметници ќе бидат претставени на изложбата „Пресудно при избор“ која од утре 15 дена ќе биде поставена во Фламанскиот департман за надворешни работи на Белгија во Брисел.

Организатор на нивното претставување е Националната галерија на Македонија, а комесар на изложбата е Ана Франговска-Стојановска.

Заедничко за авторите е дигиталниот медиум, како современ начин на изразување. Петмина од нив - Гордана Вренцовска, Осман Демири, Гоце Наневски, Игор Сековски и Борис Шемов - учествуваат со компјутерски обработени графики или фотографии, а Искра Димитрова ќе претстави видеодело.

Франговска-Стојановска на прес-конференција рече дека насловот на изложбата има симболика и оти афирмацијата на уметниците во Македонија и во странство и нивните богати биографии биле пресудни за селекцијата.

Таа е задоволна што изложбата во центарот на Европа случајно се поклопува со важни политички одлуки за Македонија, нагласувајќи дека очекува уметноста барем малку да придонесе во презентирањето на земјава.

Изложбата на шестемина македонски уметници по претставувањето во Фламанскиот депертман ќе гостува и во белгиската област Валонија, а ќе патува и во други европски земји. хс/са/10:17



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie