логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

Почитувани,

имаме чест да Ве известиме дека на 26 ноември 2009 година (четврток), во кино салата Надежда во Софија, Бугарија, со почеток во 18 часот, ќе биде одржана вечер посветена на македонскиот уметник Киро Урдин и неговиот документарен филм Вода и оган.
Вода и оган, филм од богатото творештво на Киро Урдин се однесува на подигање на еколошката свест во светот. Филмот кој датира од 2008 година и е продуциран од Осмоза продукција, е добитник на повеќе награди на повеќе значајни фестивали во светот, меѓу кои: Гран при на Меѓународниот филмски фестивал во Јахорина, Босна и Херцеговина (2008); Добитник на наградата најдобра меѓународна режија на документарен филм на Меѓународниот независен филмски фестивал во Њујорк, САД (2009); Добитник на наградата најдобра кинематографија на Меѓународниот независен филмски фестивал во Њујорк, САД (2009); Гран при на Меѓународниот филмски фестивал во Охрид (2009) и Гран при на Европскиот филмски фестивал Зелен бран во Копривштица, Бугарија (2009).
Реномираниот македонски уметник Киро Урдин е роден 1945 година во Струмица, Република Македонија. Во 1969 година диплимирал на Правниот факултет на Универзитетот во Белград, Србија. Во периодот 1973-1974 студиран на  Ацадемие дес Артс Пластиљуес во Париз, Франција, а во 1977 година се здобива со диплома по режија на Академијата за филм, од Париз, Франција. Од 1984 година работи како независен сликар во различни земји: Франција, САД, Јапонија, Швајцарија, Шведска, Мексико, Белгија, Порторико, Филипини, Тајван. Од 2005 година е член на Македонската академија на науки и уметности. Има реализирано над 40 самостојни изложби ширум светот и учествувал на голем број групни претставувања.
Организатор на претставувањето е Националната галерија на Македонија во соработка Културно-информативниот центар на Р.Македонија во Софија, Бугарија и Дирекција за култура - Софија, а истото е финансиски поддржано од страна на Министерството за култура на Република Македонија.

Со почит,
НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie