логоFacebookTwitterYouTubeeMail


ВО ДОМ НА АРМ


Изложба Звуци на соништата


Во ликовниот салон на ДЛУМ, при Домот на АРМ, вечерва (20 часот), ќе биде отворена изложбата "Звуци на соништата". Настанот е дел од повеќегодишниот проект "Интернационален ликовен караван", на Тихо Кондев.

На изложбата ќе бидат претставени 30 автори од Македонија и од поранешните ЈУ простори, а доаѓа по една подолга обиколка на Македонија: Струга, Охрид, Кавадарци и Велес. По Скопје караванот ќе продолжи преку Белград до Рио де Жанеиро, Бостон, Детроит и Њујорк.
Во рамките на изложбата ќе биде отворена и заедничка изложба на Крстиња Радин, Данијела Ботуновиќ, Владана Молдован, гости од Србија.
Изложбата ќе биде отворена до 24 ноември.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie