логоFacebookTwitterYouTubeeMail



Почитувани,
 
Со радост Ве известуваме дека на 26 јуни (петок) во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, со почеток во 20 часот, групата „Баклава“ ќе одржи промотивен концерт на албумот „Калемар“. На концертот ќе бидат исполнети и нумери од претходниот албум.
 
Концертот е во рамките на летната турнеја на „Баклава“ низ Македонија. По промотивниот концерт во Скопје, досега се одржани концерти во Струмица, Прилеп, Велес, Витолиште, Охрид и Делчево, а наскоро следуваат и концерти во Битола, Радовиш, Штип, Струга, Крушево, Свети Николе, Кочани...
 
Со надеж дека преку Вашиот ценет медиум оваа информација ќе стане достапна до јавноста, однапред Ви благодариме,


Владимир Мартиновски,
група „Баклава“ 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport