логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Скопје, 12 јуни (МИА) - Мултимедијален спектакл насловен „А сега...Уметност!!!“ ќе се одржи вечер на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во организација на Културно-информативниот центар (КИЦ) и Македонската филхармонија. 

Покровител на манифестацијата под мотото „Види музика, слушни слика, добиј книга“, која ќе почне во 21 часот, е Министерството за култура на Македонија.

На спектаклот Македонската филхамонија ќе настапи со програма различна од нејзините стандардни програми кои граѓаните можат да ги слушнат во текот на концертната сезона. Филхармонијата ќе изведе дела од познати филмски теми од  „Кум“, „Војна на ѕвездите“ и македонските филмови „Балкан Кан“ и „Големата вода“. Со оркестарот на Македонската филхармонија на спектаклот ќе настапат и двајца ди-џеи од Америка, Џон Силвеј и Кристијан Смит. Диригент на концертот е Борјан Цанев.

Во рамки на спектаклот уметникот Мирослав Масин ќе слика на мали формати. Ќе бидат изработени десет платна кои ќе им бидат дадени спонзори, а собраните средства ќе бидат наменети за Домот за доенчиња во Битола.

На манифестацијата ќе бидат поставени куќички од каде ќе бидат дистрибуирани 20.000 бесплатни примероци од книгата „Канон Инверсо“. рп/9:17



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie