логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Борче Грозданов со нова стихозбирка


Новата стихозбирка "Грст стихови" од авторот Борче Грозданов-Пандур вечерва (19,30 ч.) ќе биде промовирана во киното "Фросина", во Младинскиот културен центар.

Преку некласичната промоција, која ќе биде проследена со перформанс, дело на режисерот Наташа Поплавска, за поезијата на Грозданов ќе зборуваат Михаил Ренџов и Роберт Алаѓозоски. Стиховите ќе ги говорат актерите Зорица Панчиќ и Васил Шишков. Дружењето во МКЦ ќе продолжи со музиката на специјалните гости - рок-бендот "Културно-уметнички работниции.

За Грозданов, кој е новинар и театарски критичар во весникот Вечер, "Грст стихови" е втора стихозбирка, по "Пориви", објавена пред шест години. Грозданов, автор е и на монографијата по повод 50 години НТ "Антон Панов" од Струмица, "Чекори по ѕвездените штици", објавена во 1999 година.

- Оваа ракатка книга, Грозданов, не ја напишал, туку рафално ја "испукал" за да си олесни себеси. Би рекол дека тој жонглира со зборовите и со стиховите, за да си ги протолкува "на здив", светот околу себе и себе во светот, со многу иронија и самоиронија, како кловн, како добронамерен Арлекин, како шут во сопствениот двор, пишува рецензентот на делото, Михаил Ренџов. Тој додава дека Грозданов преку 20-тина песни на свој начин го соопштил тоа што го мисли за светот, за сегашноста, притоа не штедејќи ги ни светот, ни сегашнината, ни себеси.

(А.Ј.)



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie