логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 



 
17 декември 2013 година, Скопје, Македонија - Во четврток, на 19.12.2013 година, на христијанскиот празник Свети Никола, со почеток во 13.00 часот официјално ќе почне изградбата на Македонскиот православен крст во општина Аеродром, во близина на средното училиште “Марија Кири Склодовска“, меѓу булевар “Трета Македонска бригада“ и булевар “Србија“.
 

Чинот на осветувањето на камен-темелникот на крстот ќе го изврши поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски.
 
Светскиот Македонски Конгрес (СМК) упатува јавна покана до сите верници и граѓани за присуство на овој свечен историски чин.
 
Македонците христијани го препознаваат својот простор со симболите во кои веруваат. Крстот има право на простор во Македонија!
 
Крстот ќе биде монтажен, висок 51 метри, широк 4 метри, со распон на краците по 15 метри, вкупно 34 метри, поставен на постамент од 5,5 метри, на два нивоа со галерии, иконостас за верски обреди и фрески на дванаесетте свети апостоли. На крстот ќе биде изведена електрична инсталација за енергетска самоодржливост.
 
Инвеститор на Македонскиот православен крст е Светскиот Македонски Конгрес, а донатори се Македонци и македонски компании од земјата и од странство.
 
СМК очекува Македонскиот Православен Крст во општина Аеродром да биде изграден најдоцна до крајот на март идната 2014 година.
 
По изградбата, Македонскиот Православен Крст ќе биде предаден во сопственост на општина Аеродром.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie