логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Скопје, 13 март 2013 (МИА) - Во Кинотеката на Македонија од утре до 19 март ќе се одржува 15. издание на Филмскиот фестивал „Прозорец кон италијанскиот филм“.

Амбасадата на Италија во соработка со Кинотека на Македонија најавува шест филмови од поновата италијанска продукција кои ќе бидат прикажани секоја вечер со почеток во 20 часот и реприза во 22 часот. Меѓу проекциите ќе биде прикажан и филмот „Јас сум Ли“ со познатиот актер Раде Шербеџија. На првата и на последната вечер влезот ќе биде слободен.

Новина е тоа што во соработка со Катедрата за италијански јазик и книжевност при Факултетот „Блаже Конески“, група студенти од насоката преведувачи работеле на преводот од италијански на македонски на филмот „Места за стоење во рајот“ од Карло Вердоне. бак/са/10:41

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport