логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 

Во Скопје, 19-ти септември 2016 год.- Во магацините на Дирекцијата за заштита и спасување

 

 

На  молбата на Владата на Република Македонија Владата на Руската Федерација испрати хуманитарна помош во Република Македонија, наменета за справување со последиците од поплавата која се случи во Скопје и Скопскиот регион на 6-7 август оваа година, а исто така и за засилување на капацитетите на служби за кризно реагирање на Република Македонија.


Хуманитарната помош со тежина 40 тони е доставена со специјалниот автомобилски превоз на Министерството за цивилна одбрана, вонредни состојби и отстранување на последиците од елементарни непогоди на Руската Федерација. Во товарот се вклучени мобилни дизелни и бензиски генератори со моќност од 5 до 120 kW, специјални пумпи и пумпена опрема, ќебиња, конзерви од риба и месо.

Церемонија на предавање на хуманитарната помош на претставници на Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија се одржа на 19 септември 2016година, во Дирекцијата за заштита и спасување.

Амбасадорот на Русија во Македонија, г-дин Олег Шчербак, во разговорот со новинарите информираше дека  специјалистите на руското Министертво учествуваа во доделување хуманитарна помош низ светот, односно, отстранување на последиците од големите поплави во Централната Русија, шумските пожари во Португалија, големите хуманитарни операции за испорака на храна и лекови за цивилното население на југоисточниот дел на Украина и на Сирија. Покрај тоа, Русија изрази подготвеност да испрати специјалисти и хуманитарна помош во Италија по разурнувачкиот земјотрес.

 Директор на Дирекцијата за заштита и спасување д-р Шабан Салиу се заблагодари на добиената помош во името на Владата и народот на Република Македонија.

 

 

Преминпортал (к.т.)



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie