логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Поклоничката група од нашата земја која што за Велигден престојуваше во Светата земја и беше сведок на големото чудо - симнувањето на Благодатниот оган, а во деновите на Христовите страдања чекореше и по стапките на Исус Христос, го исполни дадениот завет и ги донесе од Ерусалим во Македонија двата големи крста кои на Велики Петок поминаа по патот на Страданијата Христови и беа осветени на гробот на Господ Исус Христос.

 Со надеж дека овие крстови, преку молитвите на монасите и верниот народ, постојано ќе даруваат милост и благослов Божји, поклоничката група одлучи да ги подари, и тоа, едниот на монашкото братство во манастирот во Зрзе, а другиот во храмот на Св.Димитриј во Варош, Прилеп.

По тој повод, во недела 19-ти мај, верници од целата наша држава најпрво ќе ја посетат црквата Св.Димитриј во Варош и ќе се поклонат на крстот што ќе биде подарен таму, а потоа ќе бидат учесници во литијна поворка која со вториот осветен крст ќе се упати кон Манастирот Зрзе.

 

 

 

 Извор: М.С / „Поклоничка група“

 18ти мај 2019 лето Господово

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

12/12/2025 -петок

Божикен пост; (строг пост)

Св. маченик Парамон и другите триста и седумдесетмина со него; Преп. Акакиј Синајски; Св. маченик Дионисиј, епископ Коринтски; Св, Тиридат цар ерменски; Св. маченик Аполониј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 12 декември/29 ноември  2025

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 12 декември/29 ноември 2025

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици  11 декември/28 ноември  2025

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 11 декември/28 ноември 2025

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Тропар на светиот Христов вмч. Јаков Персијанец 10 декември/27 ноември  2025

Тропар на светиот Христов вмч. Јаков Персијанец 10 декември/27 ноември 2025

Сите се восхитија на доблесното трпение, кое ти многустрадален го покажа во неискажливите страдања: прекрасни благодарствени молитви вознесуваше кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная