логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Luboten_640_-3

- Проектот за конзервација на фрескоживописот во црквата „Св. Петка“ е целосно завршен од страна на стручната екипа. Можеме да го видиме тој прекрасен колоритен и богат фрескоживопис. Податоците при самите истражувања кога почна проектот да се реализира, говорат дека фрескоживописот има три слоја кои датираат од 12, 15 и 19 век.

Заврши конзервацијата и реставрацијата на фрескоживописот во црквата „Св. Петка“ во скопското село Побожје, а интензивно се одвиваат реставраторските активности на фрескоживописот во црквата „Св. Никола“ во скопското село Љуботен, кои се очекува да завршат идната година.

Станува збор за два исклучително значајни проектa од областа на заштитата на културното наследство, кои ги реализира НУ Конзерваторски центар Скопје.

По тој повод министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ги посети двете цркви, по што изјави дека проектите се одобрени во годишната програма на Минстерството за култура.

Luboten_640_-2

 Министерката посочи дека за проектот за конзервација на фрескоживописот на црквата „Св. Петка“ од буџетот на Министерството за култура се издвоени 1 милион и 100 илјади денари. Таа рече дека во црквата „Св. Никола“ конзервацијата на фрескоживописот се работи од страна на стручната екипа при НУ Конзерваторски центар Скопје.

- Јужниот дел во делот на конзервација на фрескоживописот е целосно завршен. Се работи за црква од 14 век, еден богат фрескоживопис. Стручниот тим продолжува со работите на горната површина на црквата, а потоа од другата страна на црквата. Се очекува конзервацијата на фрескоживописот да заврши идната година - истакна Канческа-Милевска и потенцира дека црквите „Св. Никола“ и „Св. Петка“ се наоѓаат во Скопска Црна Гора и оти тој предел е богат со над 50 цркви и манастири.

Luboten_640_-4

Проектот за конзервација на фрескоживописот во црквата „Св. Петка“ е целосно завршен од страна на стручната екипа. Можеме да го видиме тој прекрасен колоритен и богат фрескоживопис. Податоците при самите истражувања кога почна проектот да се реализира, говорат дека фрескоживописот има три слоја кои датираат од 12, 15 и 19 век. Стручниот тим многу работеше на овој проект и претходно бидејќи самиот процес на конзервација е многу сложен - рече Канческа-Милевска.Таа се заблагодари на целокупната стручна екипа која работела на фрескоживописот во црквата „Св. Петка“.Продолжуваме, нагласи министерката, со сите овие проекти во областа на заштитата на културното наследство.

- Самата институција има огромен број проекти одобрени од Министерството за култура. Се работи на голем број манастирски комплекси, фрескоживописи кои се во проектите - додаде Канческа-Милевска.

 Luboten_640_-1

Директорката на НУ Конзерваторски центар Скопје, Ема Петрова, рече дека изработиле повеќе проекти за конзервација и реставрација на фрескоживопис, икони и иконостаси од црквите во скопскиот регион.

- Оваа година завршуваме со реализацијата на проектот за конзервација и реставрација на црквата „Св. Петка“ во Побожје, односно со старата црква која е од 15 век за која имаме сознанија, односно истражувачки работи, кои покажаа дека потекнува од 12 век. Во иднина ќе се продолжи со реставрација во останатите фази на црквата и понатаму кога ќе биде комплетно завршена со иконостасот - рече Петрова.

Luboten_640_-7

Таа посочи дека годинава почнале со реализација на конзервацијата во црквата „Св. Никола“ во Љуботен, а во редовната програма на институцијата се и други проекти за конзервација на икони и иконостаси.

Завршуваме, нагласи Петрова, со реализација на проектот за иконите и иконостасот во црквата „Св. Спас“ во село Кучевиште, потоа завршна фаза на реализација на иконите од депото на црквата „Св. Спас“ во Скопје, реализација на проектот на иконите и иконостасот во црквата „Св. Спас“ каде што е сместена нашата институција.

Luboten_640_-6

Институцијата Конзерваторски центар Скопје реализира повеќе проекти од областа на архитектурата. Веќе имавме две промоции на две фасади во Старата скопска чаршија, а завршивме и уште една. Минатата недела почнавме со реконструкција на стариот конак во манастирот „Св. Никола“ во Љубанци, кој е многу значаен споменик на културата - додаде Петрова.

Стојмир Стојанов од Конзерваторскиот центар рече дека фреските имале големи оштетувања.

- На сите овие ореоли во целата црква имаше мрсна боја која конзерваторите целосно ја отстранија без да се оштети фрескобојата. Имаше многу оштетувања на северниот и на јужниот ѕид, а сето тоа сега е добро исконзервирано, санирано и ретуширано - додаде Стојанов.

 Luboten_640_-8

Извор: http://preminportal.com.mk/administrator/index.php?option=com_content&view=article&layout=edit&id=18179



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 241
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 693
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 915
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…