логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Обновено

vozdvizenie.jpg

Несмелов В. И.

Во своите барања на смислата на животот, древните грчки философи го поимале човекот како носител на идеални основи и изразувач на идеални цели на животот, но тие не биле во состојба точно да ги определат тие основи и јасно да ги покажат тие цели. Во своите длабоки размислувања за човековиот живот, тие успевале да стасаат само до создавањето на одделни идеи, несомнено големи според својата содржина, но сосема безнадежни според својата сила. Кај грчките филозофи идеалот на човекот целосно се поистоветувал со идеалот на мудрец кој го следи единствено гласот на својот разум и, соодветно на силата на разумниот живот, не само што царува над светот преку своите творечки преобразувања на истиот тој свет, туку и успева да извојува и уште поголема победа – победа над самиот себе. Со таа победа над самиот себе, тој слободно го избегнува секој порок и слободно овладува со секакви добродетели, така што во својот живот станува пријател на боговите и според своето совршенство се изедначува со нив. Но, искажувајќи ги ваквите и слични на нив состојби, големите философи на паганскиот свет не биле вои состојба да ги воплотат дури ни во својот сопствен живот. Множество творци и проповедници на моралната философија, како што е познато, не биле во состојба да ги поднесат животните страдања и завршиле со самоубиство, па дури им го советувале тоа и на своите ученици, во случај да премалат од животната борба. Очигледно, мечтата за изедначеност со боговите за нив останала само мечта. И, повторно очигледно, нивната голема заслуга се состоела само во тоа што тие јасно го спознале и одлучно го поставиле жешкото прашање за разумот на животот и во својата философија активно се стремеле кон барањето на тој разум, но сепак не успеале да го пронајдат. Во светот беше, и светот преку Него стана, но светот не Го позна. Дојде при своите, и Своите не Го примија (Јован 1:10).    
Најдлабока анализа и највисоко решение на прашањето за смислата на животот се дадени дури со појавата на христијанството, во учењето на новозаветното откровение и во областа на христијанската философија.


1. Христијанството му говори на човекот дека тој не постои заради смртта и за да биде сенка во таинствените пребивалишта на митолошкиот Ад, туку постои за вечен разумен живот на небото, во Божјото царство на светлината и на вистината. Следствено, христијанството му ветува на човекот не проста бесмртност на неговиот дух, туку целосна возобнова на сето негово битие при воскресението од мртвите, и тоа ветување на христијанството претставува, само по себе, основен пункт во содржината на христијанскиот светоглед. Имено, преку тоа ветување, христијанинот се спознава себеси како земен член на небесното царство, и во тоа сознание тој ја открива конечната вистина за своето постоење (Филипјаните 3:18-20). Следствено, нарушувањето на тој пункт на верата нужно повлекува со себе и нарушување на сиот христијански светоглед (1 Коринтјаните 15:14-17), затоа што во тој случај на човекот му останува единствено да се дефинира себеси како среќно или несреќно дете на земјата, кое не знае зошто од самата таа земја е одгледан и зошто, по својата смрт, заминува во истата таа земја за вечност. Човекот навистина така се дефинира во содржините на сите пагански светогледи, и врз тој светоглед неизбежно се уривале сите генијални мечти на философијата за божественото величие на човекот. Смртта постојано се смеела над тие големи мечти, се смеела над нив во случајот кога го прекинувала веселиот животен тек на некој среќен човек, и уште погрубо се смеела кога го прекинувала тешкиот след на страдањата на некој сирот страдалник; затоа што во последниот случај смртта, имено, се покажува како единственото богатство за човекот, како тој да живеел на земјата единствено затоа за да страда, а страдал единствено затоа за да умре. Но, во текот на вековите мудроста човечка не измислила никаква друга дефиниција за човек; така, кога во светот се појавило христијанското откровение на конечната вистина за човекот, тоа подеднакво ги довело во недоумение како Евреите, така и паганите, затоа што паганите таа вистина ја барале на сосема погрешен пат, а Евреите го очекувале нејзиното откровение во сосема друга форма. Затоа единте виделе во христијанството само едно безумие, а другите се соблазниле од него (1 Коринтјаните 1:23) – па сепак, во привидно соблазнителната проповед на тоа привидно безумие луѓето за прв пат нашле јасна определба на смислата на животот и, од гледна точка на таа смисла, сосема задоволително можеле да си ја објаснат сета историја на човештвото.    
Христијанството му го ветува на човекот истото она учество во божествената слава и живот (Откровение 21:3, 4, 23-27; 22:3-5), заради чие посакување човекот некогаш ја изгубил својата едемска градина; и христијанството му вели на човекот дека тој, всушност, и се појавил во светот за да стекне небесно живеалиште (2 Коринтјаните 5:1-5), така што тој не постои заради светот, туку за самиот себе, а светот, пак, постои само како средство за остварување на врховната цел на човековиот живот. Таа цел била определена уште пред создавањето на човекот (Ефесјаните 1:3-5), и таа била смислата на човековиот живот, и била благо на човековиот живот, но човекот на ја остварил; затоа што било предвидено човекот да дојде до таа цел само преку свое активно развивање и усовршување, а тој посакал таа да се оствари сама по себе, заради самата негова желба да биде тоа што му било предодредено да го направи. Таа човекова желба не се исполнила. Но, бидејќи во таа своја желба човекот решението на својата сопствена волја го ставил над одлуката на Божјата волја, тој ì бил оставен на својата сопствена волја, и таа волја го повела кон целта на неговиот живот по долг, заобиколен пат на семожни искушенија.  
Првата дефиниција на својата активност базирана на сопствената волја човекот ја искажал преку сознанието за судбинскиот закон за животната борба за опстанок. Поради силата на тој закон, човекот со голем напор морал да го поддржува својот живот, и затоа крајната цел на неговото постоење на земјата, природно, била поместена и заменета со друга насушна цел – да живее за да си обезбедува средства за живот (Битие 3:17-19). Следствено, тој, наместо да ги чувствува задоволствата од сопствениот развој, морал да ги чувствува само страдањата на животот, проследени со минималната радост заради своето опстојување.  
Поради сето тоа, напоредо со деградирањето на целта на живеењето, кај човекот природно дошло и до деградација на претставата за богатствата на животот, зашто за него веќе претставувало големо богатство ако не страда во текот на животот. Но, бидејќи во оваа негативна формулација содржината на богатството на животот целосно се совпаѓа со деградацијата на содржината на целта на животот, тоа богатство станало за човекот крајна цел на неговиот живот. Во стремежот кон таа цел, и во директните интереси за нејзино реализирање, со огромни вековни усилби човекот постепено создал високи форми на култури и цивилизации (и во нив го развил својот живот), коишто постојано му создавале и му нуделе нови и нови средства за животни задоволства и за насладување со животот. Но, според мерата на својот развој, човечкиот живот сè повеќе и повеќе ја губел својата смисла.

(Продолжува)

 

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

bakica.jpg

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1309
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1853
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1235
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

Затoа, всушнoст, и Синoт сe oвoплoтил за сo Сeбe да им oбјави на луѓeтo и за Сeбe си, и за Oтeцoт и за Свeтиoт Дух, eднoсушнoтo Бoжeствo, трoичнo пo ипoстас....

БEСEДА  за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

БEСEДА за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

Јас сум вoскрeсeниeтo и живoтoт (Јн. 11:25). Oвиe свeти збoрoви ги изрeкoл Гoспoд Исус Христoс. Oн нe самo штo ги кажал, туку и сo дeлo ги дoкажал. Вoскрeснувајќи ја ќeрката...

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

« »