логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.angeli.so.truba

“Секој што се возвишува, ќе биде понижен, а оној што се понизува, ќе биде возвишен“ (Лука 18:14)

Еднаш не така одамна за Бога и многу, многу одамна за нас луѓето, човекот заборави на Создателот, поточно не заборави на Него туку  со срцато се одалечи од Него., а се изедначи во мислите свои со Него и се обиде да му покаже на Творецот дека ќе застане рамо до рамо со Него на Небесата.

Водени од тоа што можат да се разберат помеѓу себе и што го откриле во себе градителскиот талант (повторно даден од Него) и новите градежни материјали, синовите човечки се собраа и во својата безумност си рекоа:

“Ајде да правиме тули и на оган да ги печеме!” И имаа тули наместо камен и смола земјана наместо вар.

Потоа рекоа: „Сега да соѕидаме град и кула, висока до небото; и да се здобиеме со име, пред да се растуриме по лицето на целата земја!”(1мој.11,3-4).

И почнаа да ја градат кулата Вавилонска за да се издигнат кон престолот на Небесниот Бог Отец и да му покажат Нему дека ете помоќни се и од Него и дека можат и без Него.

И Премудриот Господ Бог се симна од Небесата, ја осуети нивната намера, им ги помеша јазиците за да не можат да се разбираат меѓусебно, па да не изгинат во намерата и телесно и духовно да го бараат стремејќи во вертикала кон Него.

Зарем не ги сакаше Бог доволно за да им дозволи да се приближат до Него? Или пак премногу ги сакаше за да им покаже дека не мора преку творенијата на рацете свои да се искачуваат кон Него, туку дека едноставно со отвореноста на срцата нивни секогаш се покрај Него од Неговата десна страна?

И повторно се дојде на свое место. Осуетената градба полека се врати во природата како земја од која беше земена, човекот остана на земјата преку секојдневниот подвиг на љубов кон Бога и ближниот, да ја гради духовната кула во своето срце и душа за да се искачи при Творецот во моментот кога го предава својот дух на Отецот Небесен.

А Господ Бог низ сите векови од создавањето на светот до денес постојано ја покажува својата милост и грижа за се создадено од Него. Не само за човекот како врв на Неговата креација, туку и за се друго што Самиот создал.

Та нели и самиотХристос зборува за птиците, за цветовите и тревата дека Бог се грижи и за нив кои ниту сеат, ниту жнеат, нити се трудат, ниту предат и кои имаат толку краток век на земјата. Ги храни, ги стоплува и украсува.

“26. Погледајте ги птиците небески; тие ни сеат, ни жнеат, ниту во амбар собираат; но вашиот Отец ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив?

    А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакот?
    Зошто се грижите и за облеката? Погледајте ги полските кринови како растат: не се трудат, ниту предат;
    но ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава, не се облече така, како еден од нив;
    па, ако полската трева, што денеска постои, а утре во оган се фрла, Бог така ја облекува, а колку повеќе вас, маловерни!?” (Мат.6,26-30)

И кога пак и пак ќе прочитаме, пак и пак ќе најдеме дека грижата за нас како Немуподобни е многу поголема. И секогаш ќе биде бидејќи ние како словесни битија сме повикани на живот вечен во Царството Небесно како живи и конкретни личности.

Сме и ќе бидеме љубени. Но, оној што е љубен бива и опоменуван.

Лош родител е оној кој не го опоменува своето чедо, та преку опомената да го изведе на добар пат. А не е таков Нашиот Бог Света Троица.

А ние? Ние нели се уподобивме повторно на Вавилонците? Нели како нив се воздигнавме, но и како нив ќе бидеме осуетени?

Зар не се обидовме и до Марс да стигнеме, а денес ни до продавница не можеме да стигнеме?

Нели од никого побарано во вселената и Одата на радоста ја испративме како врвен дострел? Добивме ода на стравот и тишината назад деновиве.

И нели е време да бидеме опоменати? Нели настапија години во кои наместо на творенијата и даровите Божји се воодушевуваме на она што сами сме го направиле од материјата која ни ја дал Бог на секаде околу нас во природата, употребувајќи го талентот кој повторно ни е дар од Дародавецот?

Зар не настапија времиња кога ближниот кој е до нас го игнорираме, за да се допишуваме со некој кој е далеку од нас?

Кога безобразно и дрско му се обраќаме на оној кој за момент не извадил од виртуелниот свет? Кога секое слободно време сакаме да го поминеме на телефон во сите оние чудни светови на информации, на пријателства без да се сретнеме, на компјутер и гејмески конзоли живеејќи го животот на некој супер херој.

Кога забораваме да му се насмееме на ближниот со уста и срце туку тоа го правиме со емотикон.

И да ја спомнеме повторно природата, созданието на Бога. Да се сетиме спомнувајќи си на Мојсеја и на неговата подигната рака пред Црвеното море, дека кога Господ Саваот заповеда и природата го слуша и постапува по неговите заповеди. Та нели Црвеното море се раздели за да мине народот Израилев под прогонот на фараонот? (2.Мој.14,21-25)

Та нели и Христос нашиот Бог му нареди на морето и тоа го послуша и се смири?(Мат. 4,39)

А кој слуша заслужува некогаш да биде послушан, нели? Да го чуе Господ Бог и крикот на природата кога ние упорно се оглушуваме дури и кога толку бучен шум се прави од тестирања на проектили, од секојдневните пукотници од војните кои никако сосем да згаснат, кога очи затвараме пред реките, езерата, морињата, шумите удавени во нечистотијата од ѓубрето на сегде расфрлано од нас. Кога нос и уста затвараме со маска за да ги заштитиме нашите бели дробови од чадот и загадениот воздух додека горат белите дробови на нашата планета.

И додека затвараме очи, уши и уста за да ја игнорираме природата и сето Божјо создание, веројатно Господ Бог овој пат решил неа да ја почуе.

А ќе не почуе и нас. И ќе ни го даде сето време на денот за да седиме дома со нашите модерни омилените технички орудија до презаситување. Ќе ни го даде целото време на денот за да бидеме покрај ближните мајка, татко, сопруга, деца за да се потсетиме дека постојат и дека треба да ги забележиме и да им подариме внимание и љубов. Ќе ни го даде и целото време на денот и ноќта во четири ѕида за да забележиме дека ни фали светлината на сонцето и месечината.

Во исто време веќе давајќи им на водите да се избистрат и низ неа радосно морскиот свет да заигра, на земјата да се облече во ново зелено руво кое овој пат барем на кратко нема да е посивено од цела нечистотија на воздухот, на воздухот да ги спушти сите оние тешки честички кои го прават тежок за дишење.

И кога се ќе мине и кога ќе се замориме од затвореноста меѓу ѕидовите и ќе ги отвориме срцата за Бога и ближните, и кога ќе зажелееме за природата и сите нејзини убавини, и кога ќе ги отвориме очите за да ја видиме секоја рана што сме и ја нанеле на природата и кога ќе го чуеме гласот нејзин и кога ќе ја вдишеме со отворени уста и нос, тогаш ќе се зарадува срцето наше. Тогаш ќе исчезна стравот и ќе се смееме и со срце и со душа и со уста и со очи.

3.angeli.so.truba

Белким тогаш ќе научиме да му благодариме на Бога што од љубов кон нас бил и малку строг, наместо да бараме кривец во Него, во братот свој, во нашиот ближен.

И блажен ќе е оној кој се присетува на смртта зашто само тој знае да му благодари на Бога за секој нов ден.

    П. С. И ако не се согласуваме со Неговата мерка и план за рестартирање на природата и оштеството и ако не веруваме дека постои, Господ Бог нема да ни се налути и нема дополнително да крене рака ни од нас, ни на нас. Ќе ја почитува нашата слободна воља до крај дури и да се бориме против него и создаденото од Него, бидејќи тој ни ја дал слободата,нам на создадените од него, на дар.

    И ете, на крај, ако Господ Нашиот Создател ја почитува нашата слободна воља ќе може ли да ве замолам да не ја злоупотребуваме ние нашата и да ја почитуваме вољата на другиот. Во овие моменти барем да ја почитуваме вољата за живот на сите оние кои се плашат од пандемијава?

    Знам дека можеме. Бидејќи можеме да не се плашиме за нашите животи во нашата луда храброст, но не можеме да не водиме грижа за најслабиот меѓу нас. Не можеме да не се плашиме за неговиот живот.

    Бидејќи е речено:

    “Доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле“ (Матеј 25, 40).

Пишува: Отец Пимен

 

Извор: Религија мк

 

26ти март 2020 лето Господово

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 746
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Нема таков голем грев пред Бог каков што е духовниот геноцид што се врши над нашата света Црква. Да имаш власт да сврзуваш и да разврзуваш и на небото и...

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

« »