логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

На 26 февруари годинава Агамбен, еден од најугледните живи филозофи, објави мошне спорен текст за епидемијата. На 17 март ги испрати и овие разјаснувања.

 

Стравот е лош советник, но и причина да се појават многу од работите што претендираме да не ги видиме. Проблемот не е да нудиме мислење за тежината на болеста, туку да се прашуваме за етичките и политичките консеквенци од епидемијата. Прво што покажува бранот паника кој ја парализираше земјава е дека нашето општество веќе не верува во ништо освен во голиот живот. Очигледно е дека Италијаните се спремни да жртвуваат практично сè ‒ нормалната состојба на животот, социјалните односи, работата, дури и пријателствата, чувствата, верските и политичките убедувања ‒ поради опасноста да се разболат. Голиот живот ‒ и опасноста тој да се изгуби ‒ не е нешто што го обединува народот, туку го заслепува и раздвојува. Другите човечки суштества, небаре се чумата во романот на Александар Манцони, сега се гледаат само како можни преносители на болеста, кои треба да ги избегнуваме по секоја цена и кои треба да ги држиме на дистанца од најмалку еден метар. Мртвите ‒ нашите мртви ‒ немаат право на погреб и нејасно е што се случува со телата на нашите сакани. Соседството ни е забрането и чудно е што и црквите молчат за тоа. Што стануваат човечките односи во земја која се навикнува себеси да се живее на ваков начин кој знае колку долго? И што е општеството во кое не постојат други вредности освен голото опстојување?

Една друга работа, не помалку вознемирувачка од првава, којашто епидемијата ја направи јасна, е дека вонредната состојба, на која властите од некое време веќе нè навикнаа, навистина станува нормална состојба. Имало сериозни епидемии во минатото, но никому не му паѓало на ум да објави вонредна состојба налик на сегашната, која ни го спречува дури и движењето. Луѓето се толку навикнати да живеат во состојба на долготрајна криза и долготрајна вонредност што изгледа не ни забележуваат дека животот им е редуциран на обична биолошка ситуација и дека не само што тој веќе нема никаква социјална или политичка димензија туку ни човечка ни чувствена. Општество кое живее во долготрајна вонредна состојба не може да биде слободно. Ние всушност живееме во општество кое ја жртвувало слободата од т.н. „разлог на сигурноста“, и затоа себеси се осудило да живее во вонредна состојба на страв и несигурност.

Не изненадува што се зборува за војна против вирусот. Вонредните мерки всушност нè присилуваат на живот во состојба на полициски час. Но војната против невидливиот непријател кој избива во секоја втора особа е најапсурдна од сите војни. Тоа е, всушност, граѓанска војна. Непријателот не е надвор, тој е во нас.

Она што загрижува и не е толку само сегашноста, туку она што доаѓа после. Баш како што војните ги оставија во наследство злокобните технологии, од бодликавата жица до нуклеарните централи, така е многу веројатно дека ова ќе се продолжи дури и после здравствените вонредни опити кои властите не успеаја да ги остварат порано: затворањето на универзитетите и школите и само онлајн наставата, ставањето крај на заедничките средби и расправи за разлозите на културата и политиката, со разменување само на дигитални пораки меѓу нас, и сегде кајшто е можно замената со машини на секој контакт ‒ секоја зараза ‒ помеѓу човечките суштества.

3.angeli.so.truba

Слики: CONNOR ADDISON
Извор: http://bookhaven.stanford.edu/

Преземено од:

https://okno.mk/node/83615?fbclid=IwAR1a7__tdQdFu8_mf497m1z41VF9X29Vr9ImtSIOuEU1iSWvnaWkNu1Lzko

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 651
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

« »