логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Кога говори за постот Светата Црква, покрај воздржување од телесна храна, која што го предизвикува телото на разни страсти, повеќе мисли на духовниот пост. Телесниот пост е само вовед во духовниот и без него нема никаква морална вредност. Ако се воздржуваме од калоричната храна и ако постиме, а вршиме лоши дела, таквиот пост е формален и без секаква духовна вредност. Вистинскиот пост, покрај воздржување од телесна храна, бара воздржување и од лоши мисли и дела. За суштината на вистинскиот пост ни вели самиот Господ: „Еве го постот што го избрав: раскини ги оковите на неправдата, разврзи ги јазлите на јаремот, угнетените пушти ги на слобода и скрши го секој јарем; подели го лебот свој со гладните и бездомните, сиромасите доведи ги во домот свој; ако видиш гол – облечи го…“ (Ис. 58. 6,7).

 
ЉУБОВТА Е ПОВАЖНА ОД ПОСТОТ

Постот е голема работа но љубовта е уште поголема. Ако преку постот се изгонуваат демоните, се смируваат страстите и телото, а духот се концентрира, преку љубовта во човекот се населува Самиот Господ. Господ го нагласил постот како нужен, но љубовта ја истакнал како главна заповед.

Во првата половина од XIX в. во Охрид владеел Џеладин бег, одметник од султанот и самостоен господар. Тогаш со Црквата управувал митрополитот Калиник. Иако од разни вери, митрополитот и бегот биле многу добри пријатели, та често еден на друг си правеле посети.

Се случило Џеладин бег да осуди на бесење 25 Христијани. Казната бесење требало да се изврши на Велипеток. Митрополитот, сиот возбуден од ова, отишол кај Џеладин и почнал да го моли да ја ублажи казната. Додека разговарале, дошло време за ручек и бегот го повикал митрополитот да ручаат заедно. За ручек имало јагнешко месо. Митрополитот се извинувал дека заради постот не ќе може да остане на ручек и сакал да си оди. Се помислил бегот и му рекол на митрополитот:

–           Избирај, или ќе јадеш со мене и 25-мина ќе ослободиш од бесилка, или нема да јадеш и ќе ги оставиш да одат на бесилка!

Митрополитот се прекрстил и седнал да руча, а Џеладин ги ослободил луѓето од бесилката.

 
ПРОШКАТА Е ПОВАЖНА ОД ПОСТОТ

Еднаш, Св. Епифаниј Кипарски (288-403) го повикал на гости Св. Иларион Велики. За да го покаже своето големо гостопримство кон својот знаменит гостин, изнел на трпезата печено пиле и го понудил. Св. Иларион му рекол:

–           О, прости, но откако сум замонашен не јадам ништо заклано!

На ова Св. Епифаниј му одговорил:

–           А јас, откако сум замонашен, не сум легнал во постела додека не му простам на противникот.

Зачуден, Св. Иларион му рекол:

–           Твојата добродетел, владико, е поголема од мојата!

Ова треба да послужи како поука за сите нас. Голема добродетел е постот, но уште поголема е да умееме да им проштаваме на оние кои ни згрешиле. Преку постот човекот се вежба во великодушноста, а преку прошката ја покажува таа великодушност. Таа и претходи на оваа, но само едната е недоволна без другата.

 
ПОСТОТ И ГОШТЕВКИТЕ

Прускиот крал Фридрих Велики бил познат како голем безбожник. Тој честопати се подбивал со Христијаните. Еднаш, на Велипеток, во својот дворец приредил голем банкет со разни богати јадења и пијалаци. На банкетот, покрај другите големодостојници, биле поканети и најзаслужните генерали, а како најзаслужен меѓу нив бил поканет и генералот Цитен. Меѓутоа, Цитен, таа вечер, место да отиде на банкет, отишол во црква за да ја слуша службата за Христовите страдања.


По Велигден, царот пак приредил банкет и пак ги поканил сите големодостојници и генерали, а се разбира и Цитен. Цитен дошол на банкетот. Откако се нагостиле, царот, со подбивен тон, му се обратил на својот заслужен генерал:

–           Како минавте генерале во црквата на Велипеток? Дали и таму бевте задоволни како овде?

Сите гости замолкнале и ги свртеле своите погледи кон Цитен. Цитен станал, му се поклонил на царот и му рекол:

–           Ваше Величество, Вие знаете дека ниту во мир ниту во војна не жалам да го дадам својот живот за Вас и за нашата татковина. Ако има потреба, тоа можам да го сторам веднаш. Готов сум да ја положам и побелената глава пред Вашите нозе. Но, има Еден, Кој стои повисоко и од Вас и од мене, а тоа е Исус Христос, Спасителот на човештвото, Кој умре за нас и ја даде Својата скапоцена крв за да го спаси човечкиот род од грев и смрт. Јас нема да дозволам да се подбивате со Него и со мојата вера во Него. Тој е моја утеха и во животот и при смртта.

Царот бил трогнат од потресните зборови на својот генерал. Сите присутни останале како вкочанети. Долго време молчеле и не знаеле што да кажат. Најпосле самиот цар ја прекинал тишината и рекол:

–           Другпат такво нешто нема да се случи.

 
ПОСТОТ ГО ЧУВА ЗДРАВЈЕТО

Во историјата на човештвото лекарите никогаш не ја негирале големата полза од повремено откажување од исхраната. Уште одамна е познато тоа чудотворно дејство на постот врз телесната способност и општата духовна состојба на човекот. Денешната медицина, со исцрпни истражувања, има докажано дека секој вид пост доведува до постојани промени во организмот. Постот го зголемува бактерицидното дејство на крвта, па на тој начин во значителна мера се зголемува отпорноста на организмот спрема инфективните (заразните) болести. Со одведувањето на течностите од организмот се доаѓа до излачување на готварската сол и до значајно паѓање на крвниот притисок, срцето се растоварува, крвта не се задржува во вените, и цревата се смируваат.



Во прв ред решавачко е разредувањето на маснотиите, што може да оди толку далеку што ќе се разредуваат и оние масни супстанции коишто веќе се наталожиле на ѕидовите од крвните садови. Со пост може да се намали артериосклерозата, па дури и да се подобри здравствената состојба. Современите истражувања ги имаат потврдено поранешните искуства според кои постот никогаш не доведува до намалувања на општата работна способност на организмот. Напротив, човекот што пости, по кусо време доживува чувство на среќа, што зачудува. Животот му изгледа многу значаен, му се зголемува способноста за доживување и станува подружељубив. Сите средства за уживање, кои човекот така лекомислено ги зема, не се во состојба да му го дадат она што постот без мака може да му го даде – вистинско чувство на животна радост…

Како може, впрочем, при општата благосостојба, да се спроведе лечење со пост, без големи напори, без лишувања да се постигнат здравствени успеси? Дали може на модерен начин да се пости, а тоа да биде поугодно?

Малку треба и да се помачиме! Извесна душевна подготовка мора да постои, а треба да настанат и видни промени во организмот. Не треба само по надворешноста да станеме витки, туку треба и со внатрешни промени да го зацврстиме здравјето. И некогаш, како и сега, надворешниот успех немал значење, односно постот не се ценел според надворешното намалување на тежината. Да се изразиме на современ начин: значајно е психосоматското делување, односно преобразувањето и на телото и на душата…

Мораме да бидеме храбри, самите себе еднаш да се испитаме темелно и да добиеме прегледност во своите навики во исхраната. Врз основа на тоа сами на себе треба да си одредиме индивидуален начин на исхрана. Ова лечење би требало во значителна мера да го намали дневното количество храна, при што за главните оброци би требало што помалку да се јаде. Потоа, во значителна мера треба да се ограничи земањето шеќер и сол, како и значително да се намалат средствата за уживање.

Да се потсетиме дека постот донесува животна радост, па така, не е потребно како досега да пиеме кафе и алкохол и да пушиме цигари. Можеме да се откажеме од половината од сè ова – цигарите да се остават сосема – а сепак, да не страдаме поради тоа, бидејќи сето тоа по неколку дена ќе ни изгледа многу лесно и пријатно. Потребно е само доследно да се издржи и да не се изгуби храброста и ревноста.

Колку би требало да трае едно такво лечење со пост?

Овде мораме да се држиме за старите правила, кои се базираат на илјадагодишното искуство. Постот има двоен ефект: го чисти организмот и го менува целиот душевен живот. Лечењето со пост е успешно против типично пролетните заболувања, коишто се последица од преобемната исхрана во текот на зимата. Сепак, за правилен начин на постење, неопходно е советување со духовен раководител, кој од Бога има дар на расудување и може да процени кој колку и како да пости.

    Лечењето со пост има благотворно дејство.

    Хајнц Хилман д-р мед.

 

Извор: https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/za-poleznosta-od-hristijanskiot-post/

4-ти јуни 2018 г.

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 640
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

    Остатокот од времето поминато надвор од молитва, на оние кои немаат непрестајна умно-срдечна молитва, Црквата им го покрива со послушанието. Оние кои го чистат своето срце од страстите, го...

« »