логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 26-ти јули 2017 лето Господо

 

ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА РАЗВРАТОТ


„Блажени се сите, кои се бојат од Господа. Коишто одат по Неговите патишта. Ќе јадеш од трудот на своите раце. Блазе ти и добро ќе ти биде. Твојата жена како плодна лоза во твојот дом. Твоите синови како маслинови фиданки околу твојата трпеза. Така ќе биде благословен човекот кој се бои од Господа. Господ ќе те благослови од Сион и ќе ги видиш благата на Ерусалим, низ сите денови од твојот живот...„ – псалм 127


За некои работи кои според совеста се апсолутно познати, а уште и библиски поткрепени низ сведоштво не вреди ни да се дискутира, но најверојатно се чувствуаме како оние Атински философи, кои во ништо друго не го поминувале времето освен во расправи за некои „новини„ (види Дела Ап.17,16-32. Накратко, прашањето е, дали го решивме проблемот на хомосексуалноста на начин како што го решаваме загадувањето на планетата, или не? Некои прашања не заслужуваат одговор, бидејќи се надвор од здравиот разум, иако по гревопадот не може да се зборува за нешто здраво, но ете, човекот сака да биде во право, дури и кога греши, а тоа е широк и погубен пат, онтолошки гледано од конкретното делување. Проблемот на хомосексуалноста надворешниот човек сака да го реши легалистички, со договор и низ закон кој ќе му ги гарантира правата, а каде се правата од овој свет, таму изостанува верата. Жално е веќе да се гледа на бедноста од  маркетингшкиот фашизам кој не може да се искорени, човекот денес е просто на наркотични информации, а Гебелсовото правило, стопати повторена лага станува вистина, проверено делува. Штом делува започнува процесот на обработка чија цел е законска легализација, исто како во романите на Марио Пузо, каде главна цел е да биде легализирано, она што заради доброто не смее да биде. Постојаното давање на внимание на некоја негативна работа не е со цел само луѓето да го прифатат ненормалното за нормално, туку конечната цел е законодавниот дом, каде што веќе не можеш да сториш ништо, ако е нешто озаконето. Низ вековите познато е дека хомосексуализмот или друг вид на разврат, заради совеста како внатрешен закон Божји никогаш не биле масовно прифатени (освен во случајот на Содом и Гомор).


Римското право не познава истополов брак*или пак заедница, бидејќи и самиот чин го смета за неприроден и несвојствен за човековото функционирање, а не пак да легализира нешто. Дали сте чуле некои познати философи за кои разумот на човекот е најважен да ја третираат оваа девијација во човековата природа**, медицината и психологијата не прават компромис*** (се до моментот кога спроведуваат некое истражување според нив од втор пат, се додека не им се „погодиле„ саканите резултати****) дури до 1973 година, а Светската здравствена организација под налетот на декриминализацијата на хомосексуалноста и другите извитоперувања во законодавствата на државите, почнувајќи од Француската револуција до денес, ја остранува хомосексуалноста од листата на болести. Не велам, дека треба да се третира како криминален чин кој подлежи на казна,  или на тие луѓе да се гледа како на болни со нечовечно достоинство, но, значи дека гревот е болест која треба да се лечи преку воздржување и неповторување на истиот, како и за сите кои сме грешни, а не да се бара негова афирмација. Конкретно, никогаш не станало збор за некоја сериозна дебата (пример од типот на глобалното затоплување и климатскте промени заради загадувањето), туку крадешкум се чекал моментот на секоја можна инфилтрација по маалското начело наречено „некој меѓу нас, не е наш, што потоа прераснува во мала, но добро распоредена група п....а„ и стигнува до моментот на легализација на гревот. Така, сексолозите ја испревртуваат психологијата, а ЛГБТ си стигнува до законодавниот дом и толку, се друго ни е познато. И во околина каде нешто што неприродното е озаконето и бара да биде постојано присутно низ јавниот простор, се доаѓа до ним омилениот заклучок од Фројд,  дека под влијание на околината ја развиваме наклоноста кон едниот или другиот пол.


Но, да се разбереме, генерално нема оправдување и поделба тие и ние, кога во конкретно време и на конкретен простор се озаконува некој грев, бидејќи сето тоа доаѓа исклучиво само заради нашата оттуѓеност од Бога, и зборува дека не ги живееме Неговите заповеди. Како живееме, такво и опкружување ќе имаме. Има ли потреба да се толкува Декалогот, кога е попрецизен и појасен од сите римски правни збирки, а далеку стои над филсофско-психолошките полемики за социјалните кризи во општествата. За супериорноста од неговата морална страна, нема потреба да се дискутира, туку за благодатната, која најверојатно не ни е јасна иако сме крстени. Ние не ги држиме заповедите, туку тие нас, ако постапуваме по нив. Извршувајќи ги, ние не градиме некоја вредност како идол, (пример Брак, семејство, деца, побожност, добредетелство...), ние не поставуваме морален принцип сам по себе со нашето извршување, туку Бог живее со нас и меѓу нас, ако веруваме во Него, кога не градиме идол на секој благодатен талант што ни е даден, кога непрестајно го изговараме Неговото Име со покајние и благодарност, кога активно учествуваме во Литургија причестувајќи во денот Господен, кога имаме послушание на оние кои нè родија за нов и духовен живот преку исповедтта, како и кон оние кои телесно се грижеле за нас. Зарем е можно да не живее Бог со нас, кога не убиваме со збор, дело или помисла, и кога остануваме верни на зборот пред Бога и не вршиме прељуба, ако не крадеме, не озборуваме, ниту сведочиме лажно за оние кои секојдневно ги гледаме со ликот Божји кои го носат исто како и ние, и ако сме задоволни со она што го имаме како дар од Бога, без да посакаме било што туѓо. Но сето ова, колку и голема небесна вредност да има, ништо нема да ни користи ако не го усвоиме Христовиот живот, возљуби го Бог со сето срце, разум и душа и својот ближен како себе си. Сите треба да сме на проверка, па после ќе дискутираме за вредности и принципи. Некако, како да станавме големи заштитници на христијанскиот морал, налик на оние од Евангелието што се повикувале дека ако пророците живееле во нивно време немало да ги убијат со камења (види Матеј 23,29-36). Зборуваме за бракот како вредност, а се помалку го имаме во пракса, разводот стана попрактичен. Зборуваме за семејство како вредност, а абортусот стана принцип на комодитетот, а да не зборуваме за политикантското слугување, каде ниту татко, ниту мајка гледаме, брат ни сестра не распознаваме, и каде убивањето, лажењето, крадењето, посакувањето на туѓото зборува за нашата прељуба кон Бога, понатаму нема потреба да додаваме. Велиме библиски, ако Бог е со нас, кој ќе е против нас, но исто така од Апостолот знаеме дека само заради нашите лоши дела се хули името Божјо меѓу надворешните.


Лошо е што ја прифаќаме фрлената ракавица и сметаме дека сме подготвени за дуел, а си ја носиме на нас лепрата од ставот, „хомичите, лезбејките, бисексуалците, трас-трансексуалците, странците, атеистите, друговерците, невладините, провладините, десничарите, левичарите...„,  се виновни за сè, и за тоа треба конечно решение. Ако по Бога не постапуваме, тогаш Христос сакаме да го доживееме како супер херој кој ќе не заштити од горенаброениве само да ги зачуваме, вбимавајте – нашите традиционални– вредности, кои без дела ништо никому не значат. Христос е единствената и вечна вредност, а ние кутрите што вели св. Пајсиј, наше е само тоа што тече од носот, а и сите искушенија се само заради нас самите, бидејќи или не сме се молеле, или не сме се консултирале со духовниот отец пред да го извршиме слободниот избор, а потоа и покајанието изостанува, бидејќи нема воздржување и си тераме пак по старо.

Од нас кои се декларираме по име за христијани, погоренаведените категории кои се довеле во ситуација на самостигмација, а која постојано им ја предочуваме, сакаат да видат како функционира бракот во живот како света тајна („Христос Нашиот вистински Бог Кој со Своето присуство во Кана Галилејска покажа дека Бракот е чесно дело по молитвите на Пресвета Богородица...„), или раѓањето и воспитувањето на децата во пракса, посветеноста во верата преку исполнувањето на заповедите, и на крај, сакаат да ја видат светлината Христова која го просветува светот, токму преку оние што треба да бидат солта во светот. Вака блуткави и надвор од редовен литургиски живот, тешко дека можеме, прво некому да кажеме дека му го мразиме гревот, а потоа и дека Христа ради го сакаме за да му помогнеме. Но, треба на сите нас да ни е јасно дека Црквата е лечилиште за гревот (Света Тајна Покајание),  а не е законодавен дом за легализација на истиот.


П.С. Кога изостанува сериозниот пристап кон животот, тогаш просторот се пополнува со јавно глупирање низ кое парадира гордоста. Тогаш и мајмуните дури стануваат среќни што се во Зоолошка градина за да не гледаат што прават луѓето. А, Господ, Господ го чека само нашето покајние.


о. Горан Стојчевски

 


* naputae sunt conjucatio maris et feminae et consortium omnius vitae, divini et humani juris comunicatio - бракот е врска меѓу маж и жена, заедница на нивниот живот, поврзана со меѓусебно делење на сето она што е предвидено со Божјото и со човечкото право... naptiae autem sive matrimonium est viri et mulieris conjunctio, individuam consuetudinem vitae continens – женидбата или Бракот е врска меѓу маж и жена заснована врз заедничко живеење.
** Во грчката, римската и вавилонската цивилизација, во аристократските и воените кругови, хомосексуалноста била санкционирана со социјални кодови.
*** Psychopathia sexualis на австрискиот психијатар Рихард фон Крафт - Ебинг, првпат се занимава со проблемите на сексуалноста. Според авторот, хомосексуалноста е перверзиja, бидејќи отсуствува прокреацијата, како главна цел на сексуалната желба. Хомосексуалното либидо и мастурбацијата се морални пороци.
**** Во 1957 година психологот и сексолог Евелин Хукер објавува исклучителни резултати од истражување со проекциски тестови на хомо и хетеросексуални мажи што не биле пациенти. Искусни истражувачи без однапред дадени информации за сексуалноста на испитаниците не можеле да направат разлика меѓу групите. Под влијание на овие резултати се прави повторна евалуација на претпоставката дека хомосексуалноста е патолошка или поврзана со ментално нарушување. Сè поголем број психијатри и психоаналитичари ги земаат предвид овие наоди, што конечно води кон серија состаноци меѓу геј заедницата и Американската психијатриска асоцијација и до отстранување на хомосексуалноста од „Дијагностичкиот и статистички прирачник на болести“ во 1973 година. Светската здравствена организација ја отстранува од својата класификација на болести во 1992 година.



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1309
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1853
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1235
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

Затoа, всушнoст, и Синoт сe oвoплoтил за сo Сeбe да им oбјави на луѓeтo и за Сeбe си, и за Oтeцoт и за Свeтиoт Дух, eднoсушнoтo Бoжeствo, трoичнo пo ипoстас....

БEСEДА  за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

БEСEДА за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

Јас сум вoскрeсeниeтo и живoтoт (Јн. 11:25). Oвиe свeти збoрoви ги изрeкoл Гoспoд Исус Христoс. Oн нe самo штo ги кажал, туку и сo дeлo ги дoкажал. Вoскрeснувајќи ја ќeрката...

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

« »