логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


Акатистот на свети Гаврил Ургебадзе (15.02.2019 20:02)

 — Марија, можете ли да ни раскажете за вашата работа на издавањето на книгата од Малхаз Џинорија, „Старец Гаврил, срце полно љубов“?

— Преку дваесет и пет години мојата професионална активност е поврзана со објавување печатени дела. Сум работела како лектор и уредник во издавачки куќи, весници, списанија. Изминатите петнаесет години бев ангажирана во издавањето на духовна литература. Кога издавачката куќа „Апостол на верата“ ме повика да го уредам објавувањето на книгата од Малхаз Џинорија за светиот исповедник Гаврил Ургебадзе, јуродивиот за Христа, со задоволство се согласив. Не без причина Старецот Гаврил еднаш ѝ рекол на авторката на книгата: „Ќе им ја раскажеш мојата историја на сите!“ Старецот често одел бос во искината облека, со железна круна на главата. Насекаде ги барал луѓето на кои им била потребна духовна помош и им ја раздавал својата обилна жртвена љубов и вера. Својот возљубен свет сограѓанин Грузијците го нарекуваат „Мама[1] Габриели“.

Кога започнав со уредување на ракописот, повеќепати се присетував на благословот од Старецот, зашто текстот беше заплеткан поради неточен превод. Ја чувстував помошта на отец Гаврил во сè, од уредувањето и преведувањето до подготовката на корицата и техничкото уредување на книгата. Тоа е најцелосното издание посветено на Старец Гаврил што содржи подробно житие, напатствија, пророштва, и бројни примери од чудата на светителот. Главниот уредник на книгата, Јуриј Семенец, според кажувањето на син му Иван, се излекувал по застапништвото на Старец Гаврил.

— Се појавија ли чуда поврзани со Старец Гаврил во твојот живот?

— Веднаш штом го открив овој прекрасен светител, тој ми влезе во срцето и во животот – по неговите молитви го најдов мојот духовен отец, добив исцелување, и ги пронајдов роднините во Тбилиси кои ги бевме загубиле уште во деведесеттите — иако никогаш и не помисливме дека повторно ќе ги сретнеме. Јас сум парохијанка на привременатата дрвена црквичка посветена на Сретението Господово во Западно Бирулево (област на самиот југ на Москва), каде што пеам во хорот. Кога започнав со уредување на книгата, еден човек донесе во нашата црква икона осветена на светите мошти од Старец Гаврил, заедно со парченца од облеката од неговите мошти и од штицата на која лежел старецот. Иконата веднаш почна да произведува пријатна миризба, и за кратко време настана чудесен напредок во изградбата на новата камена црква. Парохијанинот кој ми помогна да го донесам свеќникот за иконата беше излекуван откако се помоли на отец Гаврил. Ова, а и други чуда ги имам ставено во книгата.

Друго чудо: Наскоро откако книгата беше донесена во соборниот храм на Грузиската Патријаршија (црквата на свети Георгиј во Грузини, Москва), нè повикаа и ни рекоа дека корицата на која има слика од Старецот мироточи! Мирото извираше од корицата на мојот примерок како и од примероците на други парохијани. Успеавме дури и да го снимиме тој феномен.

— Првпат слушам дека не само икони туку и книги можат да бидат мироточиви.

— На 24 август 2018, два дена пред моето патување во Грузија, корицата од книгата во мојот дом почна да источува миро – се појавија мали „блескави“ точки од миро. На 26 август, роденденот на отец Гаврил, неколку парохијани од црквата дојдоа кај мене дома. Почнавме да го читаме Акатистот кон Старецот. Мојот Акатист не беше сè уште публикуван, туку само испечатен на хартија. Книгата лежеше на масата пред нас. По пеењето на Акатистот забележавме (на наш голем восхит) дека мирото се имаше наголемено: се појавија маслени дамки и покрупни капки, така што можевме дури и да се помажеме со него. Подоцна ѝ ја дадов оваа книга на Игуманија Кетеван од женскиот манастир Самтавро.

— Како дојдовте до ваков наслов на книгата?

— Во текот на работењето во главата имав петнаесетина наслови. Но, кога завршив, насловот самиот си дојде, како некој да ми го беше кажал: Старец Гаврил: Срце полно љубов.

— Ги читаме тие зборови во икос 5 од Акатистот: „Радувај се, срце полно љубов“. Како станавте негов автор?

— Верувам дека е тоа најголемото чудо во мојот живот што Господ ми дари да ја составам химната на Акатистот. Ми беа потребни само неколку дена да ја создадам, и го припишувам ова на вдахновение од висините. Добив и официјален благослов од Грузиската Православна Црква за објавување на Акатистот кон свети Гаврил од Самтавро во Русија по повод петгодишнината од откривањето на неговите свети мошти.

Последниве години гледаме дека значајно расте почитувањето на Старец Гаврил во Русија. Иконата на свети Гаврил, која е негова испечатена слика, залепена на штичка, веќе беше во  посета на Курск, Калуга, Железногорск, Москва и други поголеми градови. И насекаде луѓето кажуваат сведоштва за чудата извршени од оваа икона. Цела една тетратка е испишана со сведоштвата на очевидците. Старец Гаврил е апостол на љубовта во нашето време, и многу го сакаме. На сите им носи радост и топлина, и луѓето се утврдуваат во верата.

 

 
  

 

[1] „Мама“ на грузиски значи „татко“.
 

Извор: http://orthochristian.com/119200.html#sdfootnote1sym

Преземено од: МПЦ-ОА



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 772
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1050
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 997
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

Според својата слободна волја човекот паднал во грев, па затоа и според својата слободна волја треба да се лекува и на крајот излечи од гревот и смртта. Бог не ги...

« »