логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

За молитва е најнеопходно срцето
Претставник на плејадата романски старци на дваесетиот век, еден од најстарите и најпочитуваните духовници денес, архимандрит Арсениј (Папачок) се упокои во Бога на 19 јули годинава. Сличен на Авва од древните светоотечки преданија, старец Арсениј заедно со отец Клеопа се подвизувал во непроодните романски шуми. Овој голем подвижник познат по огненото проповедање бил жртва на властите, а поради исповедањето на Христовата вера еден период од животот минал во затвор.
Дел од одговорите на вечно актуелните прашања од духовниот живот кој старец Арсениј ги предал на своите духовни чеда се и одговори за нас кои стремиме кон Христа.


Многу верници се жалата дека во себе не наоѓаат доволно сила да се молат. Оче, како да се стекне ревност во молитвата?

Не треба да се прекинува молитвата, барем не таа со умот. Моменти на опустошеност и пад се случуваат и кај светите, и се поради нивно смирение. Бог дава дарови секому според силата за да би постоела духовна рамнотежа. Едните губат во квалитетот на молитвата, а другите кои се молат со смирено срце чувствуваат утеха и тие продолжуваат со молитвата само за утехата повторно да ги посети. Но сето тоа е заблуда: ние како да тагуваме. Таквата утеха може да дојде и од демоните, затоа што лажното задоволство лажно се чувсвува. Демонот сака да не задржи во состојба на лажно, времено спокојство, односно не попречува во вистинското согледување на утехата која доаѓа од молитвата, утеха која се излива од срцето и која е безвремена.
Моли се смирено за да го донесеш Бог во своето срце и не вознесувај се со умот во висините. Подобро е да се биде ништо отколку херој за некој друг, а не за Христа. Молитвата ни е неопходна ако сакаме да бидеме до Бог, затоа што лукавиот над нас демне секој момент. Ова што го кажувам не треба да ве плаши затоа што Милоста Божја е со нас, ние сме искупени со Крвта на Спасителот, а тоа значи дека сме многу скапи. Многумина мислат дека ако за нив се моли некој од ближните или некој со висок духовен статус, туѓата блажена состојба ќе дојде и врз нив. Нивниот непоправлив живот само ги заведува со ова верување. Убаво е уште на почетокот да се знае дека во сред полското цвеќе коровот џабе моли косата да го поштеди. Не е срамота да се падне, срамота е да не се стане, да се умре во мрзеливост и опсипаност од задоволства.

Која молитва им ја препорачувате на монасите и на мирјаните?

Овде не би говорел за молитвите пропишани со “уставот” – тие се читаат. Прекрасно би било кога за нешто би размислувале непрестанато, но не само редејќи зборови, туку полека, превоспитувајќи се себе си, чинејќи ја љубовта сопствена состојба, таа да биде континуирана вибрација на нашата душа. Тој трепет се обидувам да го препорачам. Свети Агатон велел: Кој се моли само кога се моли, тој не се моли. Така говорел затоа што Бог пред се треба да се чувствува со срцето. А кога така се чувствува, тогаш тоа е постојано чувство кое ја чува свеќата на твојата душа запалена. А осветлената душа потешко се напаѓа. Треба да знаете дека лукавиот се плаши од трезвеноста, и затоа препорачувам што повеќе трезвеност!  Значи Бог во умот и во срцето. Молитвата е корисно средство, а трезвеноста постигната цел.

Како да се стекне смирение и солзи?

Смирението не доаѓа само по себе, ако во текот на духовниот живот не си мислел дека ништо не можеш да направиш без Божјата благодат. Спасителот вели: ”зошто без Мене не можете да направите ништо” (Јн. 15:5). Ако се возгордееш од тебе избегала Божјата помош. Затоа што: „Бог им се противи на горделивите, а на понизните има дава благодет“ (Јак. 4:6; 1 Пет. 5:5).
 
Размисли за тоа, размисли што сме без благодата Божја – прав и пепел.  Ако сметаш дека Господ со милоста своја трпел до сега па и од сега, тогаш со голем страв почни да се грижиш. Тој трпи, но понекогаш не престигнува!
Сине мој, размисли за тоа дека го имаш само времето на овој живот и ревносно, со желба да бидеш меѓу небесните Ангели, барај да се смириш себе си. Пази на себе и почни да мислиш дека Бог може да те посетити сега, одма и дека можеш да умреш, а тогаш Тој ќе те научи што треба да правиш. Без смирение нема надеж за спасение.
Неопходно е да разбереме дека Бог од нас бара толку малку, за да да бидеме со Него. Кроткост, кроткост и уште еднаш – кроткост!


Извор: Православие.ру

Подготви: Наташа Димитриевска- Деспотовска

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1193
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1737
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1154
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до...

Постои ли вистински авторитет за младите?

Постои ли вистински авторитет за младите?

Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано....

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор...

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и...

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

“Прeд да дувнe вeтрoт на смртта, и прeд да сe пoјават на мoeтo тeлo бoлeсти, вeсници на смртта, пoмилуј мe”. “Прeд да зајдe вeличeствeнoтo сoнцe на висoчината за мeнe, пoмилуј...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

На ничиј живот немаме право да носиме суд, ниту пак, такво нешто примивме во Црквата од апостолите и од учењето на Светите отци. И сржта на нашиот подвижнички живот –...

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Според светите отци на Црквата, едно вакво целовечерно стоење во молитва и во благодарност кон Бога, заменува цел четириесетдневен пост – се разбира, доколку човек се подвизува во будноста, трезвеноумието...

« »