логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Vecerna.Ksenija.jpg

БЕЛО МОНАШТВО
Архиепископ Јован (Шаховској)


Дијалог

Мирјанин. Долго размислував, но сепак ми е тешко до крај да го разберам монаштвото. Во таа црковна практика постои нешто таинствено... Како да се работи за некаква книга, ако не со седум, тогаш, во секој случај, со неколку печати... Би сакал да поразговарам со вас кој, како монах, ја премиинавте границата на одвојувањето од светот, па дури и од христијанската заедница. Не ли сум во право кога велам дека сте се оддалечиле и од христијанската заедница?  
Јеромонах. А што вие мислите, што е тоа христијанска заедница?
Мирјанин. Заедница на сите оние што веруваат во Богочовештвото на Господ Исус Христос.
Јеромонах. Но нели такви има мошне малку!
Мирјанин. Не мислам дека ги има „мошне“ малку... па нели ширум светот има десетици, па дури и  стотици илјади цркви, исполнети со народ кој го признава Исуса Христа за Богочовек. Милиони луѓе Му се поклонуваат, читаат Евангелие, прават добри дела според заповедта, се осветуваат со Таинствата... Колку книги, списанија, научни трудови - на сите страни на светот и на сите јазици - се посветени на Царството Божјо, на Царството на Творецот над човештвото!... 
Јеромонах. А јас сепак сметам дека има малку христијани. Дури и помалку одошто можеме да си замислиме.
Мирјанин. Сакате да кажете дека никој не е христијанин, дека сите ние го предаваме Господа во нашите срца и дека ни самите вие не знаете дали можете да се наречете христијанин...?
Јеромонах. Не, имам предвид нешто друго. Секако, точно е и тоа дека сите ние сме недостојни да се наречеме христијани и не можеме да кажеме со сигурност кој ќе се покаже како христијанин на Последниот Суд, но сега мислам на нешто друго. Верувајте ми дека христијани има мошне малку. Дајте накратко да дефинираме што значи „христијанин“. Дали христијанин значи, како што рековте, човек што го „признава“ Исуса Христа за Богочовек, или нешто повеќе? Помеѓу оние што Го „признаваат“ и оние што не Го признаваат, и не постои некоја разлика, зашто - страшно е и да се каже - и демоните го „признаваат“ Синот Божји. „Веруваат и треперат“, како што вели за нив апостолот Јаков. Прочитајте го вториот стих од третата глава во Евангелието според Марко, како нечистите духови исповедале дека Господ Исус Христос е Син Божји, а во Дела е кажано како демоните ги исповедаат имињата на Христовите апостоли, нафрлајќи се на синовите на првосвештеникот Свека... А дека сатаната го познава Светото писмо, дознаваме од примерот кога тој го искушува Господа; а и луѓето што го распнале Господа, мошне добро го познавале Светото Писмо... Ако мноштвото верници, коишто имаат иста таква вера, се лишени од љубов спрема Бога, и не треперат ниту со ангелски свет трепет на радост, ниту со демонски трепет од измачување, тогаш... О, тоа е страшна, ужасна појава во човештвото! Исчезна трепетот на христијанството. Ако сакате да знаете што е монаштво, јас ќе го дефинирам со термин кој и за мене е сега нов: трепет. Трепет по Бога. Трепет пред Бога. Ангелски, свет трепет на срцето, на духот.  
Мирјанин. Но, секој христијанин може да го има тој „трепет!“
Јеромонах. Секако, секој може да биде монах - во своето срце. Тоа го гледаме совршено јасно во житијата на светиите, во црковната историја и во светот околу нас. Пророкот и царот Давид имал повеќе жени, а бил монах: имал трепет, и тоа таков што станал најсакан учител на пустиниците, големо срце на сето монаштво. „Подготвено е срцето мое, Боже, подготвено е срцето мое“ - тоа е монаштво. „Нема да замолчам заради Сион, и нема да се успокојам заради Ерусалим“ - тоа е монаштво на Единствениот Небесен Манастир - Ерусалим, чиј образ се сите земни манастири. Апостолот Петар имал жена, а бил монах. „Господе, Ти сѐ знаеш. Ти знаеш дека Те сакам!“ Апостолот Павле е столб на монаштвото. Тој дал монашки завет, кој се чита при секој потстриг - зборовите од шестата глава на Посланието до Ефесјаните, како воскил за свет трепет на срцето предадено на Бога. Колку е чудно тоа дело - монаштво! Колку е прекрасно, светло. Одговор, пред лицето на сиот видлив и невидлив свет, на Божјиот призив: „Бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен“. Одговор, и тоа таков којшто треба да важи за целиот живот...  Каков призив упатен на светот, а пред сѐ на таканаречениот „христијански“ свет, кој во животот тврди дека заповедите на Евангелието се „животно неостварливи“, „премногу високи“ или „неприменливи целосно“ во животот. Каков срам за христијаните, коишто така говорат и мислат! Тие со тоа го бришат сето Евангелие и на богохулен начин го прават „безживотен“ Оној Кој Самиот е Воплотен Живот и извор на секој живот. Таквите христијани, имено, немаат во себе трепет. Тие не треперат кога го отвораат Евангелието или го целиваат Светиот Крст Господов, или Иконата на Носителот на животот на Небесниот Ерусалим. Тие не треперат на молитва, не треперат кога околу себе гледаат соблазни и можност засекогаш да се онечистат. Онечистувајќи се, пропаѓајќи, тие не треперат гледајќи ја, со окото на срцето, околу себе големата светост на Светиот на Светиите, на Кого му е познат секој извор на нашите помисли, секое движење на нашето срце. Треперењето пред Бога е - црвената нишка на Светиот Дух, којашто минува низ мориња, пустини, градови, села и шуми, и која ги поврзува срцата на Вистинската Христова Православна Црква на земјата во еден невидлив, но хармоничен хор на љубовта спрема Творецот. Во тој хор, меѓу гласот  на вистинскиот „монах“ и вистинскиот „христијанин“ постои само таа разлика, што монахот пред сета земна Црква сведочи за своето послушание спрема Евангелието, додека, пак, христијанинот е само во тајно покајание. Надворешно, пак, во своите дела, и двајцата треба да сведочат подеднакво. А тоа е и разбирливо: зарем имаме две Евангелија, две христијанства? Вистинското христијанство е - Светата Православна Црква - Една и Единствена. Таа има многу форми, устави и одежди за своите луѓе, но Нејзиното слово е упатено кон самото човечко срце. Во Црквата има многу семејства, но Едно Царство. Сите души се разликуваат една од друга според лицето (зашто лицето е неповторлив образ на душата!), но сите тие излегле од Бога и кај Него на Суд се враќаат... Еден е Закон, една е Љубовта, едно е Царството, Еден е Царот... И оден е трепетот во срцето: трепет на верата прозорлива, на надежта кротка, на разумот, на јаснотијата, на знаењето и на силата... Едеи Закон, една Љубов.
Мирјанин. Но како да се утврди кој го има тој „трепет“, а кој го нема?
Јеромонах. Тоа не може да се утврди. Тоа ќе го одреди Божјиот Суд. Судот ќе се одвива согласно Евангелието. Според јасните зборови на Евангелието, ние однапред можеме да видиме за што можеме да бидеме осудени, и како  можеме да бидеме помилувани од милозливата љубов.
Мирјанин. Како тоа - помилувани?
Јеромонах. Сметам дека нашето помилување, нашиот вечен живот - е во тој трепет на побожност пред Творецот. Стравот да не згрешиш, да не ја натажиш највозвишената Љубов. Дури и најмалиот трепет - зрнце на трепет на духот, коешто, ако не е плод, барем е она зрно на второто раѓање, за кое Спасителот зборувал со Никодим и без кое никој нема да влезе во Царството Божјо. Трепет на љубов кон Божјата светлина е признак на брачна облека, без која никој нема да влезе во Царството.
Мирјанин. Мене сепак ми е чудно тоа за што говорите... зашто, нели монаштвото е нешто што е „издвоено“ од христијанството.
Јеромонах. Простете, но не се согласувам. Не е издвоено, туку е нагласено. Монаштвото, имено, е „православно христијанство“. Зошто ние се нарекуваме „православни“ христијани? Ако не поради друго, тогаш од истата причина поради која монасите се нарекуваат - монаси. Христијанството се расеало по светот, и се јавила потреба, неопходност, тоа да се објави, некако повторно да се благовести, но веќе не на незнабошците, туку на успиените христијани. Доколку сите го правословат Бога, не би имало потреба да се нарекуваме православни; доколку сите христијани чувствуваат длабока стравопочит пред Бога, не би имало потреба да се излегува од нивната средина и да се нагласува тоа заминување. Навистина, што е тоа „православие“? Тоа е точно устројување на животот и на верата на новиот Завет на човекот со Творецот - устројување според Евангелското Откровение. Општење со Црквата на светиите, молитвата за Црквата на луѓе коишто не се очистиле на земјата - сето тоа е откровение коешто точно и отворено соодветствува на нашето заедничко сродство на душите на човечкото семејство, нашата органска поврзаност преку единството на создавањето. Ние сме должни таа поврзаност до крај да ја почувствуваме и да ја спознаеме. Таа ни е откриена во Евангелието и зададена како лекција на временскиот живот. Заветите на монаштвото се заеднички именител на сите христијани. Издвојувајќи се од „христијанството“, монасите го поврзуваат тоа „христијанство“ со Небеснатао Црква.
Мирјанин. Навистина, монаштвото може да се разбере како доживување на таквото единство на Црквата... но сепак, донекаде збунува тоа нагласување на „особен“ пат, на „поинаков пат“ - „монашки“.
Јеромонах. Вие сега искажавте една мошне длабока мисла дека монаштвото е „поинаков пат“ и, напоредо со тоа, вистинско доживување на единството на Црквата. Тоа е онаа широчина на тесниот евангелски пат. Секако, монаштвото е доживување на единството во Христа и, се разбира, тоа е особен пат. Но особен, секако, не во однос на христијанството, туку во однос на замреното, обессиленото, таканареченото „христијанство“. Од првите векови на земната историја на Црквата, меѓутоа, вистинските христијани, не помирувајќи се со невистината и со лицемерието, почнале да се оддалечуваат од просечната црковна средината на верниците: едни во вистинско монаштво, други во лажно монаштво, во лажно ревнување по вистината, во раскол, во секташтво. Тоа продолжува до ден денес. Секако, состојбата денес е уште посложена: во самото монаштво проникнал истиот тој „свет“ од кого тоа бега. Монаштвото во историјата не ја избегнало судбината на христијанството. Тоа, по стапките на „христијанството“, почнало да го поседува светот, па дури и да му служи многу  посуптилно, дружејќи се со богатството на светот, со неговите „силни“ и видни припадници, издигајќи се до ѕвездите и закачувајќи си одрени, со празнотија во молитвата и отсуство на љубов и милосрдие. Широките ракави на расото станале фарисејска наметка. И чистите души почнале со истата онаа омраза да се повлекуваат од таквото монаштво, како што монасите се оддалечуваат од овој свет, стремејќи се кон евангелска чистота и простота.
Мирјанин. Тоа што го кажувате е сосема точно. Јас, на пр., кој самиот сум грешен Мирјанин, не можам без огорчување и негодување да гледам на тарифникот (поинаку не можам да го наречам) за молитви на една наша современа монашка обител, којашто ја упростило комуникацијата со дародавците, истакнувајќи ценовник за молитви со различно траење, коишто, секако, само заради тоа не само што не вредат ништо, туку се одвратни во Божјите очи. Простете што зборувам така отворено.
Јеромонах. Вие говорите согласно Духот на Евангелието, и затоа тие ваши зборови се могу повеќе монашки, одошто молитвите на тие монаси. Треба сите да ревнуваме за Христовата вистина. Не заштитувајќи ја таа вистина во светот, ние не ја заштитуваме неа ниту во самите себе. Навистина, да се таксира молитвата значида се хули на Духот Божји. А тоа е грев кој не се простува... И тоа, напоредо со опаѓањето на монашкиот живот, почнало да го возобновува „белото монаштво“ (од истите оние пориви, со кои вие во својата душа ги разобличивте монасите-среброљубци!) - бело, првовековно христијанство, маченичко во светот, вистински наук Христов. Пред секое распламтено срце, коешто жеднее по небесниот живот, сега се откриваат три пата: путот на црното монаштво, облекување во одежда на надворешно одделување од овој свет; патот на белото монаштво - облекување само на своето срце цо облеката на тоа одделување, задржувајќи ја формата на животот на другите луѓе, и, на крај, третиот пат - одвојување од единството на Црквата под еден или друг изговор - путот на помала духовна љубов спрема браќата, а според тоа, и спрема Бога. Тука мислам на „секташите“. И за што да се одвоиш? Сакаш ли да гориш од љубов спрема Бога, избери го еден од двата пата: патот на белото или на црното монаштво... Самиот Господ, Владиката наш, преку Својот Сопствен Пресвет Образ, ги оставил на своите верни тие патишта. Самиот Тој ги соединил во Себе тие два пата - иако бил Назареј во овој свет - пиејќи вино и јадејќи сѐ што јаделе и другите - сите дела на своите раце. Апостолите веќе биле чисто бели монаси: и апостолот Петар со својата жена, и апостолот Павле - без жена.
Мирјанин. Сега ја разбирам вашата мисла! Таа ми е мошне блиска и, всушност, е едноставна. Само што, според мене, нам, световните христијани, ќе ни биде мошне тешко да се согласиме со неа, зашто - треба да се каже како реално стојат работите - ние навистина сме свикнале да гледаме на своето световно христијанство како на дозвола да се живее според своите лични заповеди, да се избираат од Евангелието „најопштите“ правила на доброто поведение; и ако секој од нас состави листа за тоа што тој искрено смета дека е задолжително за него, во таа листа сигурно не би било запишано она што ја сочинува суштинската особеност на вистинската Христова вера. И, секако, во неа не би била запишана основата на Евангелието: љубов спрема Бога од сето срце, не би била запишана љубовта спрема Бога со сиот разум, со сета волја, со сето битие и со сета страст... И тие листи би се покажале просто како правила за чесно незнабожечко однесување... Чудесно е како Господ, кој сѐ предвидел, директно им кажува на христијаните: „Оти, ако ги љубите оние што ве милуваат вас, каква ќе ви биде наградата? Не постапуваат ли така и незнабошците? И ако ги поздравувате само браќата свои, што особено правите? Не постапуваат ли така и незнабошците?“ (Матеј 5, 46-47).
Јеромонах. Сето тоа е вистинито. Во вековите на историјата на Христовата Црква, „црното монаштво“ било само надворешно сведоштво на љубовта спрема Бога, и само надворешно сведоштво на одрекување од светот (не од неговата природа, секако, туку од гревот што ја заразил природата). За тоа отворено зборува Евангелието на Потстригот, додека, истовремено апостолот на Потстригот го разјаснува делото на таа љубов и на тоа одрекување од злото... најчудно и највозбудливо е тоа што тоа надворешно сведоштво треба да биде покажува низ вековите на историјата во далечните пустини и „зафрлени  места“, каде што заминувале луѓе за коишто целиот свет „бил недостоен“ (Евр. 11, 38). Евангелието Христово, пак, им е дадено на луѓето за сите оние што ќе поверуваат да станат  монаси - „поинакви“ од оние коишто можат да се наречат „свои“ во овој свет.
Извор: http://azbyka.ru

Превод: д-р Драган Михајловиќ



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1544
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 979
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »