логоFacebookTwitterYouTubeeMail



Колку чини едно чудо

Едно девојче ја зеде својата касичка прасенце и ја испразни нејзинатаcudo1.jpg содржина. Три пати ги изброја ситните парички, за да не направи ниту една грешка. Имаше точно еден долар и 11 центи. Ги зеде монетките и тргна кон блиската аптека. Аптекарот во тој момент зборуваше со еден дотеран господин и воопшто не обрати внимание на малечката. Девојчето намерно направи некаков звук со своите чевлиња, ама ништо. Тогаш таа зеде една од своите парички и тропна со неа врз бирото на аптекарот.

cudo1.jpg
- „Што сакаш“- ја запраша малку нервозно аптекарот. „Не гледаш ли дека зборувам со брат ми, кого не сум го видел толку долги години?“

Тогаш малечката му рече:

- „Ве молам би сакала да ви кажам за брат ми. Знаете, тој е многу болен и сакам да купам едно чудо за него!“

¬- „Извини“, и одговори тој, „чуда не продаваме овде“.

- „Ама, знаете“, рече девојчето, „брат ми има нешто што му расте во главата, и татко ми вели дека само чудо ќе нè спаси. Затоа, кажете ми колку чини едно чудо за да го купам? Имам пари...“. Братот на аптекарот, кој со голем интерес го следеше разговорот,  ја замоли малечката да му објасни поточно од какво чудо има потреба нејзиниот брат.

- „Не знам“, му одговори таа со насолзени очи. „Сè што знам е дека треба да му се направи операција, и дека татко ми нема пари. Затоа сакам да платам јас, со мои пари“.

На прашањето на дотераниот господин, колку пари има, девојчето му одговори: „Еден долар и 11 центи, ама, ако треба, ќе најдам и други пари“.

cudo2.jpg- „Каква коинциденција“, се насмевна дотераниот господин. „Тоа е токму цената за едно чудо за твојот мал брат. Еден долар и 11 центи!“

Потоа ги зеде парите, ја фати малечката за рака, и ѝ рече: „Ајде сега да појдеме заедно кај вас дома за да ги запознам твоите родители и твоето братче, па да направиме едно чудо“.

cudo2.jpg
Дотераниот господин беше Картон Арсборг, познатиот неврохирург. Операцијата беше успешна и малото братче се врати дома здраво.

- „Операцијата беше вистинско чудо“, шепотеше мајката. „Се прашувам колку ќе нè чинеше“. А малечката тивко се насмевна. Таа точно знаеше колку чини едно чудо: еден долар и 11 центи, плус верата на едно мало дете...

  Извор: Бигорски манастир



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 240
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 702
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

БEСEДА  за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

БEСEДА за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

Излeгoв oд oтeцoт, кадe штo имав сè, и дoјдoв на свeтoт, кoј нe мoжeшe ништo да ми дадe. Вo пeштeрата сe рoдил Гoспoд за да пoкажe дeка цeлиoт свeт e...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

БEСEДА  за Давид (02.01.2020)

БEСEДА за Давид (02.01.2020)

Царoт Давид му згрeшил на Бoга, сe пoкајал и Бoг му oпрoстил. Гoлeм бил грeвoт на царoт, нo уштe пoгoлeмo билo пoкајаниeтo. Му бил винoвeн на Бoга за два тeшки...

« »