логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Свештеномаченикот ДАНИЛ Сисојев

ДА СЕ ОМАЖИШ ЗА НЕВЕРНИК?
Проблемот  на склопување  или несклопување на брак со иноверник е многу актуелен  и за многу наши православни современици.  Дали постои мислење на Црквата и светите Отци за прашањето на таквите бракови?
 Обновувањето на Црквата после прогонот  донела низа проблеми  не само духовни, туку и од практична природа. Факт е дека во храмот  дошло многу повеќе млади жени отколку млади  мажи  и затоа многу изразено  се појавило прашањето за кого да се омажат. Не е изненадувачки што брошурата која што одговара  на прашањето
„Дали да се омажиш  за неверник“ предизвикала  искрено  интересирање и кај читателките и кај  читателите.  Ќе се потрудам да дадам коментар на ова дело  од гледна точка  на светоотечкото богословие.
            Значи, сижето  на таа книга  е  дека  некоја убавица  се вљубила во маж неверник (кој што ги има сите возможни квалитети) и многу сака да се омажи за него, мотивирајќи го тоа  со фактот дека од  самото детство   сите  девојки  стремат да постанат  жени и мајки.  Искината  од сомневања и не знаејќи како да постапи , таа му се обраќа на својот духовник со  прашањето:
 "Дали можам да се омажам  за  човек во кој што сум вљубена и дали тоа ќе биде блуд? “

Целата книга  се состои од опширен одговор на духовникот од кој што станува јасно дека таквиот сојуз не е грев, уште повеќе не е блуд, зашто како прво, апостол Павле им дозволил на христијаните да стапуваат во брак со  неверните  и како второ, ако тој сојуз е заснован на целомудрена љубов, тој е благодатен и дури претставува слика на Христос и Црквата. 
Духовникот долго говори за тоа што е љубов, од која тој подразбира некое чувсѕво , емоција и тврди дека таа е сосема можна  во таквиот „брак“.  Тој нагласува  дека светата Тајна на Бракот  самата по себе  не претставува гаранција за цврстината на семејството (уште повеќе што сега преовладува  окултен однос кон оваа Тајна)  и зборува и дека дури ниту богохулствата на сопружникот  не треба да доведат до  развод, туку само до пројавување на трпење од страна на  сопругот што е верник.

  Послушувајќи го старецот, убавицата на крилја доаѓа дома , влегува во брак со безбожникот, убедена дека нејзината постапка сосема е правилна  и дека по потпишувањето на документот ќе му зёборува на запрепастениот сопруг за верата.   Тие практично имаат идеално семејство но,  научена од  страна на духовникот, младата сопруга само се моли  за преобратување на својот „ маж“ зашто нему не му е онтересен разговорот на таа тема.

            Ете, каков прекрасен образец за  имитирање  предлагаат издавачите на оваа брошура! Но, за жал,  реалноста со која свештеникот се среќава многу се разликува од опишаната идила.   Најчесто кај мажите и жените кои стапиле во таква заедница многу брзо се лади верата, ревноста за спасение се заменува со прилагодување, а често се случува и вистинско отстапништво.
 Колку девојки веќе го примиле исламот мажејќи се за муслимани. Обратни примери практично не ни се познати!  Наместо неделни служби таквите сопружници почнуваат да одат во театри, на модни ревии само за да и угодат на својата „половина“. 

Децата на таквите родители стануваат циници кои не веруваат во ништо. Впрочем, тоа е и разбирливо зашто имаат жив пример на лицемерие пред очите ! Не треба да се мисли дека тоа е резултат само на денешното развратно време.
 Истото тоа  им се случило  и на руските благородници кои ги давале своите деца за познати  еретици што за последица имало  растење на поколенија Базарови.   Тоа исто се случувало и во исламските земји каде што девојките кои се насилно  одведувани во харем раѓале јаничари кои подоцна ги убивале своите сонародници.

Уште во третиот век таквата појава ја забележал свештеномаченикот Кипријан Картагински кога во својата книга „За паднатите“ пишувал дека причината за големиот број отстапници  е „склопување на бракови со неверници;  крајниците Христови  им ги предлагаат на незнабошците “.  
|
Значи, зошто такво нешто се случува? Зарем Православната вера  е послаба од неверието или од било која лажна религија, ако бракот  со неверните  доведува  до толку жалосни резултати ? Одговорот е  дека Бог не им помага на луѓето кои директно ја нарушуваат Неговата волја.|||

Ако го погледаме Светото Писмо ќе видиме дека во текот на целокупната историја Бог предупредува на мешање на луѓето кои Му се верни со оние кои не ја исполнувааат Неговата волја. Веќе во мугрите на осамнувањето на светската историја се случила најголемата катастрофа на светскиот Потоп  предизвикана со тоа што: "тогаш синовите Божји, гледајќи ги ќерките човечки колку се убави ги земаа, кои што ги сакаа, за жени.
 И рече Господ Бог:
Духот Мој нема вечно да пребива во луѓето, затоа што тие се тело" (1 Мојс. 6:2-3). Преданиското толкување зборува дека "синовите Божји" се потомци на Сит, верни на Господа, а "ќерките човечки" се потомци на Каин.
 Мешањето на овие два рода довело до пропаста на древниот свет. Сеќавајќи се на тој страшен настан, свети Авраам го приморал својот слуга да се заколне во Бога дека нема да му земе жена на Исаака од "ќерките на Хананеј" (1 Мојс. 24:3).
Токму  и една од причините за  отфрлање на Исав била таа што ги зел за жени ќерките Хетеинови. "А тие станаа тегоба за Исака и Ревека" (1 Мојс. 26:35).
 Законот Божји и писмено ја одредил оваа норма:
 "И не земај им од ќерките нивни жени за своите синови, ниту од ќерките свои за нивните синови, та да не би и ќерките твои, вршејќи блуд за боговите нивни." (2 Мојс. 34:16). "Зашто тие ќе ги одвратат синовите твои од Мене, за да им служат на други богови, и тогаш ќе се разгори врз вас гневот на Господа и Он ќе те истреби." (5 Мојс. 7:4).

 И навистина, оваа закана ги стигнувала оние кои го  нарушувале заветот Господов. Почнувајќи со страшниот пораз во Велфегор, кога единствено ударот на Финесовото копје го сопрел поразот во кој погинале 24 000 луѓе (4 Мојс. 25), во текот на управувањето на судиите кога Самсон погинал заради филистимјанката Далида (Суд. 16) и до страшниот гревовен пад на најмудриот цар Соломон чије што срце му го развратиле жени (1 Цар. 11:3), продолжува борбата за исполнување на оваа заповед. Бог не чекал да ги казни оние кои ја нарушувале Неговата заповед.

 При тоа, таа заповед ни на кој начин не била поврзана со претставата за чистотата на крвта. блудницата на Рааб, Сефора - Мојсејевата жена, Рута Моавиќанката који се откажале од своите лажни богови влегле во народот Божији.
 Оваа заповед била посебно важна за светиот Ездра и Немија кои се бореле против мешањето на својот народ со другите племиња (Езд. 9,10 гл; Нем. 13:23-29).
 Речта Божја за мешаните бракови говори дека се: "големо зло и грешење кон Бога" (Нем. 13:27), "безаконијата наши се намножија преку глава и вините наши нараснаа до небо" (Јездр. 9:6).

 Пророкот Малахија објавува: "Вероломно постапува Јуда, и одвратност се врши во Израилот и во Ерусалим; Јуда ја оскверни светињата Господова, која требаше да ја сака, а освен тоа и се ожени со ќерка на туѓ бог.
Господ ќе го истреби од шаторите на Јакова оној, кој прави така, кој е постојано на стража, кој одговара и принесува жртва на Господа Саваот" (Мал. 2:11-12). 
Зарем не е исполнување на Божјото проклетство фактот дека децата на таквите престапници и престапнички постануваат безбожници, а често и гинат?
Кога настапил Новиот Завет и законот Мојсејев бил превазијден со благоста Божја, оваа заповед Господова и понатаму останала на сила. Апостолскиот Собор во Ерусалим им заповедал на преобратените незнабошци да се воздржат од блуд (Дела ап. 15:29) под што толкувачите ја подразбираат реалноста на сите брачни забрани на Стариот Завет и за христијаните.

 Понатаму, апостол Павле, дозволувајќи ѝ на жената по втор пат да се омажи, додава "но само во името на Господа" (1 Кор. 7:39). За христијаните секогаш била очигледна невозможноста на стапување  во брак со неверните. Ова неизоставно се исполнувало без оглед на тоа што христијанските заедници биле многу мали. Така, свештеномаченикот Игнатиј Богоносец пишува:
 "Кажете им на моите сестри да го љубат Господа и бидат задоволни со своите мажи по тело и по дух. Исто така, кажете им и на моите браќа во име на Исуса Христа да "ги љубат своите жени како што Господ Исус Христос ја љуби Црквата"... Добро е мажите и женеите кои стапуваат во брак да го прават тоа со благослов на епископот за бракот да биде по Господа, а не по страста". Вака мислеле и Светите Отци.

На пример, свети Амвросиј Медиолански говори: "ако самиот брак треба да биде осветен со покров и благослов на свештеникот: како тогаш може да постои брак таму каде што нема согласје во верата".

 Ова учење е директно објавено од страна на Православната Црква преку устата на Вселенските Собори. Четиринаесетото правило на Четвртиот Вселенски Собор наложува епитимија на чтеците и појците кои стапуваат во брак со иноверни или ги даваат децата во таков брак.

 Во согласност со толкувањето на епископот Никодим (Милаш) оваа казна е - свргнување од чинот. Уште посилно и без можност за било какви поинакви толкувања изложен е односот на Црквата по ова прашање во 72. правило на Шестиот Вселенски Собор:
"Нека му е забрането на човек православен да се соедини со жена еретичка, исто и на жена православна, да се венча са човек еретик. Ако се открие дека некој сторил такво нешто, бракот нека се смета за ништавен, и незаконитата врска нека се растури; зашто не треба да се меша она што не може да се меша, ниту да се составува овца со волк, ниту со Христовиот дел наследството на грешникот. 
Кој ќе го престапи ова што ние сме го востановиле, нека се одлучи. Но ако некои, додека уште биле во неверство и додека уште не биле прибројани кон стадото на православните, се составиле со законит брак, па потоа едниот сопружник, избирајќи го доброто, се обрати кон светлината на вистината, a другиот остане прикован кон заблудата, не сакајќи да ги насочи очите свои кон божествените зраци, и ако при тоа на жената, што не ја исповеда вистинската вера, ѝ биде угодно да живее со маж што ја исповеда вистинската вера или обратно на мажот, што не ја исповеда вистинската вера со жена, што ја исповеда вистинската вера, нека меѓу себе не се делат, според божествениот апостол: зашто мажот што не поверувал се осветува преку жената која верува, и жена што не поверувала се осветува преку мажот кој верува; (1 Кор. 7, 14)."

 После толку јасниот израз на отвореното учење на Црквата (освен тоа по повод на ова идентично гласат следните канони: "Карт. 20 (31); Лаод. 10, 31), ставот на авторот на книшката за која говориме просто сматува. Ако е вистина тоа дека духовникот на нашата хероина се придржува на таквите ставови, тогаш во согласност со 1. правило на Седмиот Вселенски Собор мора да биде лишен од чинот.

Меѓутоа, време е да се помине на анализа на аргументите кои се изложуваат во заштита на оваа беззакона заедница. Значи, на прашањето на својата духовна ќерка дали нејзиниот брак ќе биде блуд, духовникот одговара:
"Не, никако. Црквата со уважение се однесува кон бракот во кој само едниот од сопружниците припаѓа на Православната вера, зашто свети апостол Павле рекол:
 ‚Зашто мажот што не поверувал се осветува преку жената која верува, и жена што не поверувала се осветува преку мажот кој верува' (1 Кор. 7:14) и понатаму:
 ‚Оти, од каде знаеш, жено, не ќе ли го спасиш ти мажот?
 Или од каде знаеш, о мажу, нема ли да ја спасиш ти жената?' (1 Кор.7:16).
Зашто, се сеќаваш што рекол Господ: мажот и жената се едно тело. Така било во старите времиња, тако е и сега - бракот меѓу верник и неверник Црквата не го смета за блудна заедница" (стр. 9-10).
Овој аргумент е најраспространет од сите кои се наведуваат во заштита на бракот со неверник. Уште повеќе, тој не е ниту нов. Уште во вториот век го истакнувале луѓе кои се обидувале да се одречат од исполнувањето на зборовите Господови. Еве како на него одговара Тертулијан:
"Потполно е јасно дека овој текст ги има предвид христијаните кои поверувале веќе наоѓајќи се во брак, што докажуваат и зборовите:
 ‚Ако некој од браќата има жена која не поверувала' (1 Кор. 7:12). Тој не вели:
‚зел жена која не поверувала'. Тој сака да каже дека штотуку преобратениот човек оженет со жена што не поверувала, треба да остане со жената; со други зборови, новообратените не треба да мислат дека се обврзани да се разделат од жените кои им станале туѓи во верата.
 Тој како доказ додава говорејќи дека ‚за мир нè повикал Бог' и дека оној што верува може да го спаси низ бракот оној што не веерува (1 Кор. 7:15-16). На крајот, ваквото толкување го потврдува крајот:
‚Само секој нека постапува така како што му определил Бог, како го повикал Господ.' (1 Кор. 7:17). А Господ ги призива, мислам, незнабошците а не христијаните. Ако апостолот би говорел за луѓето кои станале христијани пред женидбата, тогаш со последните зборови би дозволил да се стапува во брак со било кого. Меѓутоа, на тоа му противречат неговите зборови:
‚Жената е сврзана преку Законот, додека е жив мажот нејзин; а ако умре мажот нејзин, таа е слободна да се премажи за кого сака, но само во името на Господа' (1 Кор. 7:39).

Смислата на овие зборови не остава место за сомнеж: за ние да не ги злоупотребиме зборовите ‚таа е слободна да се премажи за кого сака' тој додава ‚но само во името на Господа'... Тоа е единствениот услов кој што апостолот го поставува. ‚Само во името на Господа', вели тој и зборот ‚само' дава голема сила на закон, правејќи го сосема задолжителен. Овој збор заповеда и убедува, призива и советува, обврзува и се заканува.

Мислењето на апостолот колку што е јасно, толку е и прекрасно во својата краткост и како и секој Божји збор кој бара повинување." На тој начин, анализата на свештениот текст која је блескаво ја искажал прочуениот апологет Тертулијан покажува колку овој аргумент е неоснован.
Ако го погледнеме толкувањето на Отците (а 19. правило на Шестиот Вселенски Собор забранува  Писмото да се толкува спротивно на толкувањето на Светите Отци) ќе видиме дека нивното заедничко мислење потврдува дека овој текст на Светото Писмо се однесува само на брачните парови каде што некој од сопружниците се преобратил во Христа по влегувањето во брак.

Блажениот Теофилакт Охридски пишува во толкување на ова место: "Апостолот, меѓутоа, разгледуваната заповед ја врзува само за оној случај коѓа мажот и жената се соединети со брак во време додека обајцата сè уште се наоѓале во неверие, но подоцна едната или другата страна се преобратила во верата.

 Имено, ако порано само едната половина не верувала, т.е. само мажот или само жената, тогаш на половината што верува воопшто не ѝ се допуштало да стапи во брак со онаа што не верува. Тоа се гледа и од зборовите на апостолот, зашто тој не рекол: 
‚ако некој посака да земе жена која не поверувала', туку:
 ,ако некој од браќата има жена која не поверувала'. Тој едноставно не пропишал половината што поверувала да живее со половината што не поверувала, туку само во оној случај онаа другата така да сака. Тоа значи зборот: приволува, т.е. ако посака."

Слична мисла изнесува и блажениот Теодорит Кипарски кој вели:
 "омажи се за оној што е верник, побожен, целомудрено и по законот". Као што веќе видовме, токму вакво толкување изнела и самата Црква преку устата на 72. правило на Шестиот Вселенски Собор. Кој после ова ќе смее да му се спротивстави на учењето изнесено од страна на толку голем авторитет?

Меѓутоа, авторот на оваа брошура не запира ниту по ваквото извртување на фактите. Херојот на оваа брошура тврди дека "во согласност со древните канонски барања, Црквата ниту денес не ги осветува со венчание браковите склопени меѓу православни и нехристијани, истовремено признавајќи ги за законити и не сметајќи дека сопружниците од таквиот брак пребиваат во блудна заедница" (стр. 11). 

Што навистина кажуваат древните канони ние веќе видовме погоре, а сега треба да ги наведеме и правилата кои постоеле во Руската Црква пред револуцијата.
Наспроти мислењето на авторот, таквата брачна заедница  не се признавала за "законита и реална", зашто на "руските граѓани од православна исповест потполно им се забранувал брак со нехристијани". Следи дека децата од таквите бракови не се признавале за законити, немале право на наследство и титули, а самата врска се сметала за прељуба. Затоа на христијанинот кој стапил во таква заедница дури и во тоа време му се наложувало одлучување (забрана на пристапување) од Причест на четири години.
 Во случај еден од иноверните сопружници да се преобратил во христијанство, од оној кој останал вон Црквата му се барал потпис дека децата кои ќе се родат после тоа ќе бидат крстени во Православната Црква и дека иноверните на било каков начин нема да ги приведуваат кон сопствената вера, дека неговата верна половина нема да се лишува од брачниот живот сето време и дека нема да биде принудена да се врати во претходната заблуда.

Ако неверниот сопруг дал таква согласност и го почитувал исполнувањето на барањата, бракот се сметал за законит. Ако би уследило одбивање или нарушување на овие обврски таквиот брак истиот момент се раскинувал и новопреобратениот имал право на нов брак со православен. 

Големите догматичари на деветнаеетиот век, како на пример, митрополитот Макариј (Булгаков) исто така  го сметале за невозможен бракот на верникот со иноверник. На тој начин, авторот на оваа книшка е вистински модернист и новотар, кој ги отфрла и каноните и Писмото и Отците и преданието на нашата Црква.

(продолжува)
Преведе: Мирјана Даниловска Мина
Извор:
Светосавље.орг :: Библиотека
Свештеномученик ДАНИЛ Сисојев
УДАТИ СЕ ЗА НЕВЕРУЈУЋЕГ?

http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Izazovi/BrakNeverujuciSisojev.htm



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 145
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 355
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

Eдинствoтo на вeрата, браќа, и пoзнавањeтo на Синoт Бoжји, Гoспoда Исуса Христа Спаситeлoт, сoeдинува двајца луѓe вo eдeн чoвeк, илјада луѓe вo eдeн чoвeк и мнoгу милиoни луѓe вo eдeн...

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

« »