логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 25/02/2020
 
Многуговорливоста е престол на суетата, на кој таа радо се појавува во целиот свој сјај.

Многуговорливоста е знак на незнаењето, капија на оговарањето, предводник  во шегувањето, слуга на лагата, лишување од смирението, повикувач на унинието, претходник на соништа, расејување на молитвата, губиток на вниманието, ладење на топлината, гасење на молитвата.

Разумното молчание е мајка на молитвата, ослободување од ропството, чување на пламенот, чувар на помислите, извидник на непријателите, живеалиште на плачот,  пријател на солзите, делатник на сеќавањето на смртта, живописец на страдањата, зафатеност со представата на последниот суд, помошник на спасоносната потиштеност, непријател на дрскоста, сопатник на безмолвието, творец на виденија, противник на тежнеењето  да учиш други, умножување на знаењето, незабележливо напредување, скриено искачување.

Оној што ги запознал своите гревови, загосподарил и со својот јазик. А оној кој многу зборува, уште не се познава себе онака како што треба да се познава.

Пријателот на молчанието се приближува кон Бога, и разговарајќи  со Него тајно, бива осветлуван од Него.

Исусовото молчење го посрамило Пилат, а молчанието на побожниот човек ја уништува суетата. Изговарајќи го зборот, Петар заплакал горко, зашто заборавил на оној што рекол: Реков - ќе пазам на патиштата свои, да не згрешам со јазикот свој (Пс. 38,1), и на другиот кој рекол: Подобро е на земјата да се падне од високо, отколку со јазикот. (Сирах,20,18)

Општо земено многуговорливоста се раѓа од некои од следните причини: или од незауздан живот и навика, или пак, најмногу кај подвижниците, од суета, а понекогаш и од алчност. Затоа често се случува кај многумина кои го обуздале стомакот, со него заедно да го обуздат и јазикот и многуговорливоста.

Оној што мисли на смртта, го пресекол зборувањето. И оној кој стекнал духовен плач бега од многуговорловоста  како од оган.

Оној што го засакал безмолвието, ја затворил устата. А оној што сака да скита, од келијата го истерува страста.

Кој го осетил мирисот на небесниот оган, го избегнува собирот на луѓе, како пчелите што бегаат од чад. Зашто како што чадот ја истерува пчелата, така и он не го поднесува големиот собир на луѓе.

Малкумина се оние кои можат да ја сопрат водата без брана. Уште помалку се оние кои можат да ја сопрат незаузданата уста.

Оној што го достигнал единаесеттиот степен на Лествицата, со еден замав одсекол многу зла.

3.angeli.so.truba
Извор: Лествица - Свети Јован Синајски

Превод сестринството на манастирот

Преземено од:

https://www.manastirslepche.mk/novost/za-mnogugovorlivosta-/

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 513
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: СУШТИНСКО НЕДОРАЗБИРАЊЕ

Митрополит Струмички Наум: СУШТИНСКО НЕДОРАЗБИРАЊЕ

Не можат меѓу себе да се разберат оној што, бранејќи го својот национален идентитет – ги губи и истиот и својот христијански идентитет, со оној што бранејќи го својот христијански...

Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф:

Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф:

 На патот кон вечното блаженство секогаш има безброј пречки и искушенија. И ова што ни се случува во денешницата е едно искушение, кое со вера, со надеж и со љубов...

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

« »