логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


Оние коишто имаат топла љубов кон Бога се привлечени од идните блага. Оние коишто се загреваат со надежта во вечните блага, се ослободуваат од световните работи. Но за да стаса некој до таа возвишена состојба потребна е голема борба. Треба да почне од наједноставните и лесни работи, за да стаса до потешките. Прво треба да ја згазне првата скала на добродетелта, потоа втората и така, полека-полека, да напредува во духовниот живот.

Со еден скок не се стасува на врвот.

Да научиме прво да ги исполнуваме заповедите Божји и после многубројни и големи борби, Бог ќе ни ја испрати Својата благодат.

Блажени се оние кои одлучиле да тргнат по патот на жалостите заради љубовта Божја и не се вратиле назад. Тие ќе стасаат бргу на пристаништето на Царството Небесно. После трудот и маките ќе добијат спокој и одмор. И ќе се радуваат вечно со насладување од вечните блага.

Оние коишто трчаат по тешкиот пат на добродетелта не се вртат назад, ниту мислат на тешкотиите што ќе ги пресретнат, но со ентузијазам продолжуваат по тесниот и трнлив пат, благодарејќи Му на Бога што ги удостоил да го поминат. Оние, пак, коишто се плашат и продолжуваат со кукавичлук и страв, тие никогаш нема да стасаат до крајот и нема да го добијат венецот на победата, што го подарува Господ на борците за верата.

Мрзеливиот никогаш не поставува почеток на покајанието и постојано го одложува. И така доаѓа до смртниот час неподготвен. Ако сакаш да напредуваш во добродетелта, не ги исполнувај барањата на телото, затоа што телото е непријател на душата. Имај ја надежта во Бога и со смиреномудрие чекори по патот на добродетелта. Знај дека без помошта Божја ќе бидеш сиромав и гол, лишен од секакво духовно богатство. Да не те опфаќа мрза и страв во подвигот. Земјоделецот што чека да престанат ветровите за да посее, никогаш нема да посее. Подобро да умреш за љубовта Божја, отколку да живееш со срам и мрза.

Кога сакаш да поставиш почеток во делото Божјо, прво треба да ја оставиш секоја надеж и поткрепа од овој живот. Како што оној кој се подготвува за смрт не мисли на ништо друго освен на тој страшен настан, така и оној што сака да се соедини со Бога, треба да умре за секоја световна работа. Те потсетувам пак дека ќе наидеш на пречки, но немој да ја изгубиш надежта.

Поткрепувај се со верата во Бога и со мислата дека работите од овој свет се времени и суетни и дека најголемото богатство е Царството Небесно. Него го има подготвено Бог за борците, а не за рамнодушните и мрзливите. Да ја почнеш својата борба со ентузијазам, а не со мрза, бидејќи и најубавото дело е некорисно кога се прави од колеблив човек, чијшто еден дел од душата му е со Бога, а другиот со светот. Бог го сака целото наше битие.

Имај цврста вера во Христа, за да не ти биде трудот залуден.

Господ е милостив и им ја дава Својата благодат на оние што ја бараат со упорност. Платата ја дава не во зависност од работата што ја работиме, но од подготвеноста што сме ја покажале. Прави сè што можеш за спасение на душата. Моли се со солзи, читај ги Божествените Писанија, давај милостиња. Доволно е да си го загреваш срцето со љубов кон Бога.

Не гледај на природната немоќ на телото и не опаѓај. Изгони го далеку себељубието, алчноста и егоизмот. Намрази ги делата на грешното тело и бори се со храброст за придобивање на добродетелта. И доколку како човек паднеш, пак да станеш и никогаш да не се вратиш во претходниот гревовен живот. Секогаш чекори напред со радост и подготвеност во делата Божји и Он ќе те качи на врвот од добродетелите.

Извадок од книгата: Ἰσάακ τοῦ Σύρου, Τὰ σωζόμενα ἀσκητικά, Θεσσαλονίκη 1995 (φωτοτυπικὴ ἀνατύπωσις τῆς ἐκδόσεως 1871)

Превод од грчки: Глигорчо Пуреовски

 

5-ти август 2018 лето Господово

Извор: Бигорски манастир

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 492
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

Така им рeкoл Сeзнајниoт Гoспoд на Eврeитe: “Виe судитe пo тeлo”, бидeјќи тиe фатилe вo прeљуба eдна жeна и сакалe да ја камeнуваат заради тeлeсниoт грeв. Нo Гoспoд ја сoглeдал...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

« »