логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Зошто „празникот“ Халовин (Ноќ на вештерките) е лош „празник“, и зошто христијаните не треба да земаат учество во него? Што можеме да им понудиме на децата за возврат? Не е тајна, дека и децата, и возрасните, понекогаш сакаат да се забавуваат, да се допрат до нешто страшно, да играат игри со пресоблекување…



Халовин – е празник на христијаните, кои престанале да бидат христијани!

Протоереј Теодор Бородин:

Ние како христијани во никој случај не треба да го празнуваме Халовин, бидејќи секое допирање до мрачната сила, остава трага врз човекот, дури тоа да се прави и на шега. Затоа, ние треба да се заштитуваме од злите духови.

Воопшто Халовин – е празник на христијаните, кои престанале да бидат христијани. Првично, тоа била „Ноќ на Сите Свети“, народен празник, кои се славел со литија. Но овој празник се изгонувале сите нечисти духови, во местата каде што живееле христијаните. Тука можеме да ја спомнеме следнава аналогија. Во прекрасните средновековни готски собори, како во Келн, Шартр и други, постојат статуи и изобразби на химери и демони. Тоа не е само некој вид аналогија, туку и симбол. Што симболизираат тие? Тие го симболизираат тоа, дека внатрешниот простор на храмот е недостапен за нечистите сили и затоа сите демони и химери се лоцирани надвор.

Но ако одеднаш за луѓето, демоните стануваат толку многу интересни, тоа значи дека нешто многу се променило во нив. Ако сиот акцент и сиот интерес, од празникот на Сите Свети преминал во славење на Халовин, тогаш очигледно е дека, демоните победија во душите на оние што го празнуваат. Затоа, за нас христијани, учеството на овој празник е предавство на нашата вера.

Ако родителите, наместо да земаат учество во Халовин (Ноќта на вештерките), сакаат да поиграат со децата, и истите тоа да го запаметат, пред сè, треба да дознаат, што на децата им е интересно, што тие самите сакаат. Таткото или мајката, честопати времето со децата го поминуваат само за воспитување, а децата, сето тоа на некој начин се принудени да го трпат, бидејќи не им е интересно. Знаете, јас, на пример, на моите деца им раскажував долги приказни. Мојот најстар син, сега има 26 години, и тој и другите деца се сеќаваат на тоа. Кога нешто на детето му е интересно, тоа станува составен дел од неговата среќа.

Љубов, не може да има без почит кон личноста на човекот. Ако таткото се занимава со тоа, што нему му е неинтересно, а на детето интересно, тогаш детето разбира, дека тоа се случува, затоа што него вистински го почитуваат, а тоа значи и го љубат. И дури потоа, таткото или мајката, во таа приказна или игра можат да вметнат некоја воспитна мерка со која би го надградиле детето. Најважно е – на детето да му биде интересно. На пример, да се направи некаква авантура, да се отиде на кампување и да се испече компир на оган… Ние од нашата парохијата, децата ги носиме на кајакарство, и тие цела година го чекаат тоа.



Злобна насмевка – тоа е маската на Халовин

Свештеник Валериј Духанин:

Халовн кај нас дојде од Запад, а во самите западни земји тој постои уште од паганските времиња. Се разбира, современите учесници на овој „празник“, како по правило, се одрекуваат од било кој мистицизам. Но, доволно е да се погледне на атрибутите и симболите на Халовин, за да се види духовната негативна суштина на овој феномен (појава).

Главните симболи на Халовин во себе го содржат ужасот и стравот. Костумите и маските, отсликуваат секакви зла, ликови од хорор филмови и фантастични духови. Традиционалните светилки на Халовин (Ноќта на вештерките) направени од тикви, благо речено, изгледаат страшно. Застрашувачка насмевка – тоа е Халовин (Ноќта на вештерките). За православна личност, сето тоа, се разбира е неприфатливо.

Во извесна смисла, Халовин е играње со темната сила. Се разбира, мнозинството од учесниците на „празник“ размислуваат едноставно да се исплашат едни со други, весело да се изнасмеат и да се вратат во нормалниот живот. Но, спомнувањето на темната сила, а уште повеќе изобразувањето на истата преку зли слики, фустани и маски, никогаш не исчезнува. Сето тоа навлегува во внатрешноста на човекот, и на крај ќе произведе ефект.

Тоа е исто, како во шега да се кажат лоши и нечисти зборови, спомнувајќи го лукавиот. Човекот е образ Божји и е повикан да го одразува во себеси и во својот живот, својот труд и да го здобие сето она што е Божјо, а тоа е доброто и чистото. Кога душата е чиста, во нејзината внатрешност има голема радост, и истата нема потреба од зло, дури и во радосен контекст.

Ако некој земал учество во овој настан, облекувал костими или маски на чудовишта и монструми, истиот треба да се исповеда и да се покаете, за да ја очисти душата дури и од најмалите впечатоци и сеќавања, и  повеќе тоа да не го прави.

Колку што може да се процени, кај нас овој „празник“ не е вкоренет и не се шири многу. Некој се обидува да го претвори во настан без темни симболи. Но, подобро е да се заборави овој западен ден и неговото име.

За разлика од овој „празник“, кај нас отсекогаш постоеле и постојат многу добри и светли  мотиви за прослава, забава и игра. Нашите празници траат многу подолго од овој осамен западен ден на крајот од октомври. Божикните и велигденските празници траат по една недела. За време на божикните празнувања, кај нас, ние се  облекуваме во свечени облеки, кои не се застрашувачки. На пример,ние ги изобразуваме мудреците, и со витлеемската ѕвезда и пештера, го навестуваме Христовото раѓање. На нашите фестивали, има повеќе внатрешна длабочина, духовна ширина и искрена забава, со светли и чисти мотиви.

Разликата меѓу нашите празници и горенаведениот западен ден, – е радосната насмевка, великодушната душа, и што е  – најважно – чистите и свети лица, без никакво зло. Нашите православни празници ја негуваат душата, помагаат да го одтргнат нашето внимание од работата, духовно да не опуштат, и во исто време, секогаш ја задржуваат духовната смисла  во себеси.

Би сакал да ве потсетам дека во предвечерието на 31 октомври и на 1 ноември се слави споменот на Светиот маченик Уар, споменот на Свети Јован Рилски и споменот на благоверниот принц Димитриј од Углич. Споменот на благоверниот принцот Димитриј се слави трипати годишно, а на овој датум се слави неговиот роденден. Ова е еден од ретките родендени на светителите вклучени во црковниот календар. Свети Димитриј од Углич, бил убиен уште во детството, од непријателите на Христовата вера. Да размислиме колку е компатибилно на неговиот ден да организираме забави со злобни носии или да ги облекуваме своите деца во такви костуми?

Во голема мера, „празникот“ Халовин (Ноќта на вештерките) се наметнува кај нас во нашата култура, и е неразбирлив за нашите луѓе. Во многу аспекти, овој „празник“ има  комерцијална природа, бидејќи до ден денес во продавниците ги продаваат соодветните предмети. Ние можеме да се дружиме и без овој „празник“. Да се обидуваме да го насочиме нашето внимание на она што ја воздига, прочистува и ја храни нашата душа. И во игрите човекот треба да остане христијанин.



Протоереј Андреј Ефанов:

– „Празникот“ Халовин, не е играта на преоблекување, туку игра на злото. Сите овие шеги за вештерки и демони го прават пеколниот свет дел од човечкиот живот, дури и за еден ден, кршејќи ги табуата за комуникација со зли духови. Вие не може да биде христијанин во текот на целата година и во исто време, еден ден да се претворите во слуга на подземјето.

Многу е добро кога децата, па дури и возрасните, живеат во заедница околу својата парохија. Ним, многу полесно ќе им биде да најдат алтернатива за било која  неприфатлива забава. Во семејството, исто така, можат да се измислат игри кои не се поврзани со гревот. На пример, нема ништо грешно во тоа да се облечат едноставвни костуми и со нив да се започни некоја игра.

Ако децата од православните семејства сакаат да земат учество во забавата на нивните неверни пријатели, тогаш тие мора да ја знаат границата која не треба да ја преминат. На пример, тиквата со свеќа внатре, не секогаш ги  симболизира злите духови, но костумите на вештерки  – тие не се играчка.  Треба да разбереме дека и во играта човекот треба да остане христијанин.

Ако некој христијанин допуштил да направи грев во својот живот, без оглед во кој ден се случило тоа, тогаш тоа треба да биде поттик за покајание.

Извор: http://pravoslavie.ru

Преземено од: http://www.pppe.mk/2018/zoshto-hristijanite-ne-treba-da-zemaat-uchestvo-vo-halovin-nokta-na-veshterkite/



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1543
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 976
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »