логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Нештата се менуваат, потребен е сепак труд, работа. Завчера ми кажа една жена: „Отче, разбрав дека бракот и сите животни нешта не доаѓаат на готово на послужавник, туку бараат постојан труд. Ако ги оставиш малку и се опуштиш, тие гаснат“. Ништо не е сигурно во овој живот, за да кажеш: „Во ред, се омажив за него и готово е!“ Се оженив за неа и се успокоивме. Не се успокоивме. Потребно е овистинување, потврда, доказ. „Ме сакаш ли? Докажи ми го тоа, секој ден покажувај ми го тоа! Ме сакаш ли?“ – им велат жените на мажите. „Ајде, бре, Христијанину, ме сакаш ли, те сакам, илјада пати сме си рекле!“ И жената вели: „Како мислиш илјада пати? Ќе ми го кажуваш тоа додека умрам и јас ќе ти готвам додека умрам и ќе си даруваме љубов, додека умреме“. Ништо не е дадено во животот. Треба да го помниме тоа и да се радуваме на нештата што ги имаме, за да не се разболиме душевно и телесно. Некои болести понекогаш се должат на психолошки грижи, кои преку тоа се одразуваат и на телото. Очајот, горчината, лутината, криењето, некои жени не плачат пред мажот си, но кога се сами плачат, стомакот ги боли, се појавува чир, после тоа тумор… На што се должи тоа? Зошто? Зошто лекарите на крај нѐ прашуваат што сме поминале? И ти му кажуваш на докторот дека си имал голема грижа. А, ти отиде ли да се исповедаш, да разговараш со некој свештеник, да си ја кажеш болката? Не само гревовите, туку да кажеш: „Отче, имам мака, не е грев, но е проблем. Сакам да ти ја кажам!“ Ако го задржиш тоа во себе и не го кажеш, животот всушност ти се лишува од радост. Ако го кажеш станува многу поубав. Животот е убав, може да стане убав. Ви го кажувам ова. Не постојат големи проблеми. Големите проблеми се малку, повеќето пати се грижиме поради глупости.

Родителите на едно дете се развеле и некој го прашал зошто, а тоа одговорило дека тоа и досега не знае! Дури и тие не знаат! Еднаш почнале да се караат и заборавиле од каде започнала караницата. Едно ни е виновно, за друго избувнуваме и на крај си го правиме животот тежок, а тој пак, и не е така тежок. Животот е убав кога сме искрени, чесни, едноставни, благи, задоволни со малку, без жалби. Пред сѐ, треба да ја сочуваме љубовта.

Животот може да ти стане исклучително убав и да не биде лишен од радост, кога си искрен и си ги отвораш срцето за твојот човек. Тогаш тој ќе те засака. Кажи му дека се плашиш, дека трепериш, дека чувствуваш осаменост, дека сакаш повеќе љубов, кажи го тоа што го чувствуваш. Другиот треба да биде екстремно закоравен за да ти каже: „Мавни се оттука!“ Тој нема да ти каже така. Да ги изразуваме нашите вистински чувства и тогаш животот станува многу богат и убав. Во даден момент треба да престанеме да кажуваме што зборуваат другите, туку да кажеме што чувствуваме ние. Христос ги прашал Своите ученици: „Луѓето што мислат за Мене?“ И после тоа ги прашал: „Вие, пак, што мислите за Мене?“ Остави ги другите – ти и јас, како поминуваме? Среќни ли сме? Најубавото нешто е да бидеш среќен со твојот човек и вистински да се познавате. Да му го отвориш срцето, да му зборуваш и тој да ти зборува.
За сето ова Ти благодариме, Тебе и на Твојот Единороден Син и на Твојот Свет Дух…



Сите се добри, доволно е ние да имаме мир со Бога и со себеси. Тогаш ги сакаме сите и ги разбираме. Се молам и ние да бидеме задоволни толку многу во животот, така што да ја разбираме болката на ближниот и да го поткрепиме. Светата Литургија се нарекува уште и Света Евхаристија. Зошто? Затоа што Му благодариме на Бога. Тоа е моментот во кој одиш без поплаки и велиш: „Боже мој, Ти благодарам, зашто, Ти си Бог, не битие во битие си нѐ привел, и нас, паднатите, пак си нѐ подигнал, и не си отстапил да правиш сѐ, додека не си нѐ вознел на небото и си ни го дарувал Твоето идно царство. За сето ова Ти благодариме, Тебе и на Твојот Единороден Син и на Твојот Свет Дух, за сите знајни и незнајни, јавени и нејавени добродетелства, што ни се направени (молитва од Светата Литургија). Господи, си ни дал исклучително многу дарови, ние не сме неблагодарни, уште сега ни даде рај, ни даде среќа, здравје, ни даде и болести, со трпение да ги издржиме и да се справиме во животот. Ни даде надеж за воскресението, ни даде многу нешта“.

Животот не е мрачен, туку е убав кога ти си убав и ја издржуваш болката на животот со ладнокрвност. Умот треба да ни се отвори, зашто е затворен. Еден човек од САД ме повика и ми рече:

– Ми се допаѓаат твоите предавања.

– Зошто?

– Затоа што си open mind.

– Што значи тоа?

– Имаш отворен ум.

– Е, како да немам? Штом сме во Црквата, не треба ли умот да се отвора? Што имаш предвид кога велиш open mind?

– Тоа дека разбираш што се случува во општеството, во светот.

Е, сепак живееме во светот. Потоа доаѓа мало дете и го прашувам:

– Што има?

– Остави, отче, грижи!

– Добро, колку години имаш?

Сигурно имаше пет или беше малку поголемо. И малото дете има грижи. Петгодишно, а ми зборува за неговите маки. Прашав друго дете:

– Зошто правиш гревови?

Тоа ми даде ваков одговор, и покрај тоа што е мало:

– Затоа што е убаво!

Како после тоа да му изнесам аргументи? Тоа ме разоружа. Јас му реков:

– Што рече?

– Убаво е да правиш гревови, отче! Се чувствуваш убаво! Гревовите се убави!

Искреност. Јас можев да му се налутам, но ќе го изгубев контактот со него и се фатив за тоа и си реков:

– Дали можам да му дадам на тоа дете нешто поубаво, за да ја остави сладоста на гревот? Прашањето не е да му речам: „знаеш ли, тоа што го направи, е грев!“ – туку да ѝ објаснам на останатата младина дека Светата Причест е послатка од чашата со која тој се опијанува навечер по рестораните. Тоа сепак не треба да биде само на зборови. Кога почнав да му зборувам, тој ми рече:

– Отче, остави ги проповедите, можеш ли да ми го докажеш тоа на дело? Да ми покажеш една црква или пријатели, кои, кога ќе отидам кај нив, ќе ме сакаат и ќе се нормални луѓе?

Ми рече нормални луѓе. Во Црквата има некои на кои им зборуваш и не разбираат што им зборуваш, како да не се тука… А ние големите се правиме дека не разбираме што се случува.

И така, заслужуваш да живееш убав живот и мислам дека ако секој увиди што треба да промени дома, ќе ја најде тајната на среќата за својот дом. Не постои еден и ист совет за сите, зашто кај секого е различно. На еден ќе му речам: „Оживеј ја малку врската“, на друг: „Седи повеќе дома, многу отсуствуваш“, на трет: „Излези малку од дома, ја буниш жена си цело време, остави ја малку на слобода!“ Не можам да дадам на сите еден и ист совет. Едно само знам, дека љубовта е инвентивна. Кој сака, наоѓа, кој сака, ќе има расудување да знае што треба да прави во секој еден момент. Едноставни нешта се потребни. Тогаш животот станува како десерт и локум. Животот е убав и кога ќе дојде часот да умреме, да речеме: „Убав живот беше, заслужуваше да го живеам, куферите ми се полни: грижи, радости, тага, среќа, сѐ имав, таков е животот мој“.

    Не очекувајте друг живот тука на земјата, дека во некој момент сѐ ќе биде розово. Розово е во рајот, во овој живот ќе минеме и низ болка, и низ горчина, и треба да знаеме, дека тоа е природно. Ако нашата помисла се поправи, тогаш и кривините ќе се исправат. Сѐ ќе гледаме правилно, без оплакување и роптање. Роптањето ги прави нештата потешки. Благодарноста и славословието кон Бога е философијата на Црквата.

Ние го правиме обратното: „Што да правам, бе, отче, проблеми!“ Постојано го чувствуваш тоа нешто и после тоа се претвора во наркотик за тебе, не можеш без него, не можеш без проблеми! И кога немаш проблем, велиш: „Ми изгледа чудно што  немам проблеми. Ми се чини дека Бог поскоро ќе ме казни, односно нешто ќе се случи некој друг ден. Немам проблеми пет дена?! Како така? Парадоксално! Со мажот ми три дена не сме се скарале! Нешто ми фали!“ Е, ако ти фали, до вечер ќе го имаш, знаеш како да ја започнеш кавгата.

Еден човек одгледува портокали во Аргос. Тој се моли за две нешта во својата молитва. Кога ќе ме здогледа, ме вика настрана и ми вели: „Ела да ти кажам нешто, отче!“ Јас знам што ќе ми каже. „Помоли се да не ми испопаѓаат портокалите! И да работи машината со која ги наводнуваме!“ Тоа му е првата „мака“. И втората „мака“:  „помоли се за жена ми да не мрмори! Ме полуде!“ Портокалите и жена му да не мрмори. „Ме чека дома да јадам, таа јадела, стои на масата и само ропта и сѐ нешто ѝ е криво. Не можам да издржам!“

За жал, молитвата дејствува само за портокалите, за госпоѓата уште не сум успеал да Го убедам Бога. Но и молитвата не може да биде слушната на сила. Еднаш си реков: „Боже мој, Те молам, направи така да се промени животот на сите мои пријатели и на луѓето кои го слушаат радио емитувањето“. И Бог вели: „Не разбрав! Односно ти сакаш да не се научат да одат сами? И да добиваат сѐ на готово? Ќе чекорат на нивните нозе, Јас ќе им подадам рака, ќе ги подигнам да одат. И грешки ќе направат, но треба да се борат во својот живот…“

 

Извор: Бигорски манастир

 Друго:

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1011
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 976
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

...По тоа ќе не познаат,по тоа ќе ни мерат...Ако нашите дела и нашите постапки бидат во согласност со Божјите зборови. Лесно е да се каже,тешко е да се спроведе.Еден најобичен...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Како духовник сум сведок колку многу бракови се распаѓаат, и тоа христијански бракови, на воцрковени сопружници. Христијанскиот брак, а со него и сето општество, се наоѓаат во застрашувачка ерозија и...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Ни покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме...

БEСEДА  за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

БEСEДА за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

Сo Христoвитe рани ниe сe излeкувавмe, така прoрeкува Бoжјиoт прoрoк и сeга ниe знаeмe дeка нeгoвoтo прoрoштвo e вистинскo. Сo Христoвoтo страдањe ниe сe спасивмe oд вeчнoтo страдањe; сo Нeгoвата...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

« »