логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 



Публикуваниот текст е одговор на прашање упатено кон отец Николај Лудовикос, односно проблемот со којшто се среќаваат родителите и наставниците, со постојаното седење на децата пред компјутер.

Мислам дека е важно тоа што ќе поставиме на местото од она што ќе го одземеме. Една љубов секогаш се победува со друга љубов. Прашањето е не да му одземеш на детето едно или друго, туку што ќе поставиш на неговото место. Односно какви критериуми ќе создадеш во него. Затоа воспитанието започнува од рана возраст, детето треба да се научи да има високи критериуми – естетски и духовни. Ако го предадеш детето уште од мало на телевизијата, таа ќе го смачка. Телевизијата, којашто работи со најгрубите инстинкти на човекот, го ужасува и го смачкува преку агресија, или пак обратно, создава привидна среќа, дека не си во опасност: „Види, него го убиваат, а ти си на безбедно“; „види, можеш да го имитираш оној којшто убива во тој момент, а ти да си на сигурно, без да си во опасност!“ А кога ќе се презасити од агресијата, телевизијата го фрла кон сексуалните сцени. Од едното те префрлува во другото, а на паузите те опсипува со консуматорски предлози. Консумеризмот е еден вид мистицизам. Телевизијата го префрлува детето – од агресивност кон сексуални сцени, а после сето тоа кон потрошувачкото сознание и обратно. Тоа може да го уништи внатрешниот свет на секој човек, уште пред да навршил 15 години. Така што не е нужна туѓа помош, детето на 15 години веќе како да подивело, без да го посака тоа. Ако не му предложиме други нешта коишто ќе го заинтригираат и други принципи, ако не го научиме да црпи благодат, да има други критериуми, да навлезе во други процеси… да плачеме за дедето кога тоа е веќе на 20 и на 30 години, е доцна… Ви спомнав дека предавам на Универзитет, не сум монах, женет сум и имам деца. Го доживувам ова како личен проблем. Гледам 18-20-годишни млади луѓе, коишто изгледаат како нешто страшно да им се случило. Постојано се пред компјутерот, стојат како хипнотизирани пред него со часови, и за време на паузите, кога не се пред компјутерот, повторно се на клавијатурата (на мобилниот телефони). Ваков начин на живот, во неговата крајна форма, изискува интервенција од психијатар или психотерапевт; ова е еден вид на психичко заболување; навика, којашто го заменила реалниот свет на детето со дигиталниот, виртуелен свет. Тоа го живее својот живот преку компјутерот и не може да си претстави дека постои друга димензија, надвор од тие устројства; убедено е дека со нивна помош може да ги реши сите проблеми. Тоа е неговата молитва, размисла, фантазија… сето тоа, соединето во едно – само со притискање на неколку копчиња. Современиот млад човек дури не ни чувствува потреба да ја освои својата соученичка или состудентка, штом може да ја добие најубавата девојка со едно притискање на копче, и тоа за долго. Завршено е и со љубовта, младите не се вљубуваат помеѓу себе, како што се вљубуваа некогаш, пред 30-40 години, кога имаше одредена дистанца.

Прашањето е каде ќе заврши сето тоа. Се жалиме дека денешните деца имаат проблем со концентрацијата, дека имаат лоши резултати на испитите, дека изгледаат расеани. Но тоа не може да се исцели одеднаш на 22 или 25-годишна возраст, треба да започне од порано, детето да се научи на тоа за коешто говори Свети Апостол Павле: Но ништо не сакам да завладее над мене (1 Кор. 6,12), т.е. да не дозволам никој и ништо да владее со мене. Тоа дека технологијата ми служи, не значи ништо повеќе од тоа дека технологијата ми потпомага во животот, а не дека таа е мојот живот. Децата треба да се научат на тоа. Затоа и кога родителите бараат мислење од мене им велам: „Не му купувај телефон кога е уште на 5 години. Нека се потруди и нека почека малку, без разлика дали неговите врсници имаат!“; „Не му купувај компјутер само што ќе ја извади цуцлата од уста, затоа што тоа дете сѐ уште нема изградено критериуми и на интернетот нема да ги пребарува делата на Платон или на Свети Максим Исповедник, туку ќе прибегне кон други нешта, коишто се поблиски до паднатата природа на човекот“. Не е ли толку просто и јасно?

Треба да им создадеме критериуми на децата. Но сепак, за да ги создадеме треба и ние самите да ги имаме. Ако ги немаме, ако и ние сме збркани, ќе си добиеме, како во онаа приказната, дека кога слепец води слеп и двајцата ќе паднат во јама. Затоа, ќе си дозволам да кажам, големиот проблем денес не се децата, а учителите – меѓу нив има луѓе кои се наоѓаат во трагична духовна безизлезност, ја предаваат таа безизлезност на часот и така уништуваат души. Особено во основното училиште. Во гимназијата детето е веќе расипано, нема како да го расипеш повеќе; најмногу што можеш е да се обидеш да му помогнеш, да се обидеш некако да го спасиш, но во секој случај, штетата е веќе направена. Едно дете коешто е поткрепено од мало, можеш подоцна да му помогнеш, вели старец Пајсиј. Но кога е расипано од мало, тоа нема претстава за тоа какви треба да бидат нештата… Денес говориме имено за такви случаи. Кон учителите се вбројуваат и родителите, кои единственото што го сакаат е да печалат пари; сега ги загубија и парите, но не знам дали се изгуби и тој менталитет. И кутрите деца растат самотни. Создаваме поколенија на изоставени деца, коишто кога ги преземаат нештата во свои раце, ќе нѐ изедат и нас, ќе се изедат и помеѓу себе.

Но, пред сѐ, зад сета таа власт на технологијата стои големото прашање: Зошто? Прашањето за смислата. Ако тоа прашање се изгуби од вид, секое постигнување на човекот се претворува во самоцел, во блато во кое тонеш. На тоа прашање за смислата, може да одговори, пред сѐ, Црквата, верата во Бога, фактот на Христовото Воплотување. И тогаш, кога го имаме тој одговор пред себе, можеме да се ползуваме од технологиите, колку што ние ќе процениме за добро, а не колку што ни налагаат. Треба да им ги предаваме тие принципи на децата на еден убав и нежен начин, затоа што ние самите ги имаме, а не да говориме лаги пред нив, во кои ниту веруваме, ниту ги живееме. Само така детето постепено се убедува, затоа што е човек и образ Божји. И ако не се убеди сега, ќе се убеди не за долго и самото ќе побара нешто повеќе. Современите поколенија се поколенија коишто ќе се срушат, ќе понесат големи штети и оние од нив што ќе се исцелат, со голема агонија ќе бараат да најдат нешто повеќе од сето тоа. И треба да сме подготвени да ги научиме, што значи дека самите ние треба да сме напреднале во тие принципи. Проблемот не е национален, туку на целиот западен свет. И во Англија е истото, и во САД; луѓето не знаат како да постапуваат со децата – на 15 години детето како да „отпатувало“ во друг свет, не знае ниту каде е, ниту може да те најде, ниту пак, ти да го најдеш. Но детето не е виновно, ти си му ги предал тие сили. И после сѐ, тоа оди да врши сешто, дури и да убива.

Видете, Светиот Дух не е во интернетот. Ако Светиот Дух беше во интернетот – добро, но не е таму. И ако е таму, Тој е во некој мал агол, но во меѓувреме, сурфајќи, детето открило секакви нешта, за кои нема сили да ги одбегне, затоа што нема критериуми да го стори тоа. Имено за тоа се потребни усилбите од наша страна. Не постои самостоен начин. И ако му кажеш на младиот човек: „Ти го забранувам интернетот!“, тој ќе отиде во интернет-кафето…

Протопрезвитер Николај Лудовикос

Извор: pravoslavie.bg

Извор: Бигорски манастир

Друго:

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 831
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Европски Пимен: "Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта.“, Плаошник (09.08.2020)

Митрополит Европски Пимен: "Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта.“, Плаошник (09.08.2020)

Ако го избереме животот треба да се трудиме да бидеме семилостиви кон сите и кон сé. Семилостиви како оној кој го носел тоа име, како светиот Пантелејмон. Човекот кој ги...

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Тоа, секако, зависи и од односот на луѓето кон Него: прво, Неговите ученици се во однос на послушание кон Него – тие се отворени кон Него и подготвени да прифатат...

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

« »