логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Овој настан се случил во очи на празникот на Крштението Господово (Богојавление), во еден далечно казахстанско градче. После претрпената тешка операција, во реанимација умирала тригодишната Даша. Таа не можела самостојно да дише по тридневното губење на крв, па затоа ја приклучиле на апарати за вештачко дишење. Роднините на девојчето биле во шок, што и е разбирливо – како може да се помират со тоа, што малечко детенце гасне пред нив, како свеќа.

Од сите многубројни роднини, вистински воцрковена била само тетката на Даша, Љубов, која живеела на илјада километри од саканата внука во сибирското градче Југорск. Веста за состојбата на Даша, Љуба ја примила на крајот на работниот ден, и од тој миг, бесценетото време од земниот живот, како да почнало побрзо да се движи. Најпрвин ја обзеле силни емоции, но Љуба, жена силна по карактер, навикнала во животот сама да ги решава тешките задачи. Затоа, прво нешто на кое се сетила во мир – веднаш да се крсти детето. Душата стои на прагот на Вечноста, што може да биде поважно? Како ќе застане пред Господа? Жално било тоа, што мајка ѝ на Даша и самата не била крстена, а ни ќерка ѝ не планирала да ја крсти, и на сите им кажувала дека не е спремна за таков чекор. „Во реанимација никого нема да пуштат!“ – ѝ рекла по телефон родната сестра на Љуба. Но слушнала решителен одговор: „Бог е посилен од сите!“ Но, како да се оствари тој план, наоѓајќи се на стотици милји од саканата внучка?

TSelebnye-svojstva-vody-na-Kreshhenie-900x598

На помош на Љуба ѝ дошле две другарки од детството, две Светлани, со кои секогаш ја одржувала врската. Веднаш сестрите во Христа се пуштиле да ѝ помогнат, барајќи свештеник, кој би се согласил итно да ја изврши Тајната. Треба да се каже, дека половина година пред тој настан, во истата реанимациона соба умирал таткото на една од другарките, и колку и да се трудела таа, кај него не допуштиле свештеник. За среќа, Господ го испратил кај болното девојче отец Константин, млад свештеник со црвена брада.

Доаѓајќи во болницата, уште на врата тие се судриле со првата „борба“. Една од пријателките останала в кола, срдечно молејќи се за Дашенка. Отец Константин и втората Светлана упорно барале да ги пуштат, кога сестрата од некоја причина ја прашала Светлана: „Вие сте бабата?“ Морала да каже да, што да прави? И успеало! Веќе се качуваат во реанимационото одделение, се приближуваат до вратата, а таму… Отец Константин и Светлана ја виделе пред вратата на реанимационата сала, целата избезумена, на граница на лудило, мајка ѝ на Даша. Тања ја препознала Светлана, но никако не изреагирала, и цело време нешто мрморела во безизлезност, во ужас очекувајќи ја „пресудата“. Кон посетителите дотрчала главната сестра и со крик ѝ викнала на Татјана: „Не дозволувајте им да го крстат детето! Не пуштајте го попот до ќерка ви! Ќе го крсти, и детето ќе умре!!!“

Отец Константин стоел на страна и се молел. Неочекувано, Светлана решително се упатила кон главната сестра, и речиси повторувајќи ја интонацијата на сестрата, низ заби проговорила: „Пуштете го свештеникот до девојчето! Дозволете ни да го крстиме детето!!!“ Сестрата викала нешто во одговор, но Светлана не отстапувала и упорно барала: „Дајте ни да го крстиме детето!“ Тоа била истата Светлана, чиј татко умрел во реанимација без покајание и Причест. Веројатно, сеќавањата кои испливале за таа трагедија ѝ дале на Светлана сили толку упорно да бара да ја постигне целта. И сестрата одмавнала со раката – „Правете што сакате… “.

Не губејќи ни минута, отец Константин се упатил кон болното девојче. Исполнувајќи го својот свештенички долг, отец Константин се вратил, зачуден од она што го видел. Тој раскажал, како Даша, приклучена на апарати за вештачко дишење, воопшто не дише сама, не се мрда, притисокот 60/40, лежи како тревка – тенка, бела… А во тоа време Љуба ги молела за молитвена помош сите, кои можела да ги праша. Православни групи по социјалните мрежи, познати и непознати браќа и сестри во Христа – сите се молеле со еден здив, многубројна група молитвена помош застанала на заедничка молитва, читајќи го акатистот кон иконата на Богородица „Скоропослушница“… И два часа после крштението, на Даша неочекувано ѝ се вратил здивот, и на големо зачудување на докторите, девојчето дишело самостојно.


Но за тоа сè уште никој не знаел, лекарите молчеле, Бог знае зошто. А утрото, Даша се разбудила од кома, се освестила и веднаш побарала играчки, побарала да јаде. Тоа било вистинско крштенско чудо! Кога татко ѝ дошол да ја посети ДАша во собата, таа му кажала, како меѓу другото: „Татичко, знаеш, кај мене дојде еден чичко со брада и голем крст. А мене пак ми облече малечок крст. Покрај мене пак стоеја два бели ангела со крилја!“ Никој не можел да разбере, како можело, тригодишно девојче во кома, да гледа сè што се случувало со неа!

Навистина – Бог е посилен од сè!

Тоа се случило ноќта на 18/19 јануари, 2017 г.

Според сведоштвото на Љубов Кохан

Извор: http://www.russdom.ru/node/10216



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 824
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Европски Пимен:„Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта...“,Плаошник (09.08.2020)

Митрополит Европски Пимен:„Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта...“,Плаошник (09.08.2020)

Ако го избереме животот треба да се трудиме да бидеме семилостиви кон сите и кон сé. Семилостиви како оној кој го носел тоа име, како светиот Пантелејмон. Човекот кој ги...

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Тоа, секако, зависи и од односот на луѓето кон Него: прво, Неговите ученици се во однос на послушание кон Него – тие се отворени кон Него и подготвени да прифатат...

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

« »