логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Ѓакон Андреј Кураев

Прва лекција
devojce.molitveno.jpgСо што да ја започнеме првата лекција? Ќе се повикам на „Снежната кралица“ од Ханс Кристијан Андерсен. Сите деца ја знаат таа сказна. Некој го гледал филмот, на некого му ја читале книгата... Така, со децата може да се започне разговор поврзан со нешто што им е познато.

Веројатно сите се сеќаваат на епизодата кога Герда доаѓа во замокот на Снежната кралица и се обидува да влезе во него, но стражата на кралицата ја попречува во тоа. Сепак, Герда успева да влезе и да дојде до Кај. Како? Како можело мало девојче да победи цела војска стражари? Децата почнуваат да фантазираат: „Нејзиното распламтено срце го стопило мразот...“, „Таа победила со љубовта...“, „Таа се спровнала покрај стражарите, бидејќи имала силна желба...“ итн. Но, не! Андерсен јасно говори за тоа: Герда почнала да го чита „Оче наш“, и тогаш легион снегулки околу неа се претвориле во ангели и ì го отвориле патот.

Неволјата е во тоа што во советските изданија овој дел од текстот не постои. Целосниот текст е објавен само во академските изданија во серијата „Литературни споменици“. При повикување на тоа издание може да се забележат и редица други цензурирани места. На пример, кога Герда и Кај се враќаат дома, ја наоѓаат бабата како седи и чита книга -  така стои во советските изданија. Кај Андерсен бабата чита – Евангелие, па дури и се наведува точно кое место: „Ако не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно“. И децата ì се фрлаат во прегратка, почнуваат да танцуваат околу расцутената грмушка рози и да ја пеат рождественската коледарска песна:

„Цутат рози.
Прекрасна убавина.
Набргу ќе се сретнеме со младенецот Христос“.

Тоа е крајот на сказната. Но, поради што Кај го снашле неволји? Сите се сеќаваат дека до неговото око допрел одблесок од чудно огледало. Зракот дошол од скршено огледало. А огледалото се скршило затоа што тролите (т.е., демоните), коишто го направиле, се погрижиле сите нешта на светот во тоа огледало да изгледаат наопаку, искривено, деформирано. Потоа огледалото им испаднало од рацете и се скршило. Но, зошто се скршило? Во советските изданија не е дадено никакво објаснување. Просто, дејствувал законот на гравитацијата. Но, Андерсен недвосмислено објаснува: демоните сакале во тоа огледало да го одразат Творецот, и почнале да го издигаат во висините. И кога Бог не го дозволил тоа исмејување, огледалото им испаднало од рацете на демоните и се скршило. Во врска со тоа станува јасна (барем на возрасните) задачата којашто Снежната кралица му ја поставува на Кај. Таа му наложува да го направи зборот „ВЕЧНОСТ“ - од мраз. Ледена вечност. Ракотворена вечност. Вечност несоздадена од Творецот. Тоа, всушност, е образ, слика на адот. Тоа навистина е ѓаволска пародија на Бога. Стара поговорка вели дека „ѓаволот е – Божји мајмун“.  

За Андерсен сето тоа апсолутно не се случајни мотиви. На неговата могила во Копенхаген се врежани овие негови зборови:
"Душата, којашто Бог ја создал според Својот образ, е бесмртна, и не може да загине. Нашиот живот на земјата е семе на вечноста. Телото умира, но душата не може да умре“.

Но, да се вратиме на првата лекција. Кога децата ќе слушнат дека Герда го читала „Оче наш“, сосема логично е да им го поставиме прашањето: „А вие, знаете ли што е тоа „Оче наш“?“ Возрасните при секоја средба со религиозен проповедник го поставуваат прашањето: „Вие мошне добро говоревте, и јас речиси во сè се согласувам со вас. Но, зошто сето тоа ми е потребно?“ На ова прашање веројатно најтешко може да се одговори. Ако човекот со своето срце сè уште не ја почувствувал живата потреба од верата и од Спасителот, значи дека тој секој одговор ќе го слуша само со ушите, но не и со душата. Но, за децата поврзувањето со сказната го елиминира тоа прашање. „Ако на Герда тоа ì помогнало, сигурно и мене ќе ми биде од полза...“

Јас пристапувам кон таблата и ја пишувам молитвата на црковнословенски, со црковнословенско писмо, со сите титли, необични знаци и букви, од кои повеќето ги нема во современото писмо. Сметам дека  децата треба да се запознаат со црковнословенскиот јазик. За децата тоа е зачудувачки интересен јазик. Затоа што тој, од една страна, е јасен, не е туѓ, а од друга страна, во него постојат некакви загатки, шаради, коишто при одредена усилба на мислите децата може самите да ги одгатнат. Што значи одредена буква? А зошто токму тоа значи? А која денешна буква потекнува од соодветна црковнословенска?

И така - зошто „Оче“? Каква е таа граматичка форма? Јасно ви е дека се работи за „отец“? Да, јасно ни е, а зошто е во таква форма? Затоа што во црковнословенскиот јазик има падеж за повикување... итн.
А зошто „Оче наш“, а не „Оче мој“? Вие се согласувате дека сите луѓе се браќа? Децата обично го разбираат тоа уште во првото одделение. „А дали разбирате што значат овие зборови? Дека сме деца на еден татко. Машенка, кажи, дали твојот татко е истиот оној којшто му е татко и на Вања?“ Таа вџашено одговара: „Се разбира – не!“ „Тогаш, дали вие сепак сте сите браќа и сестри, или не? Нели сите луѓе се браќа, и тоа важи и за вас. Значи, вие треба да имате некаков заеднички Татко. Тогаш, каде е Тој?“ - "Отче наш иже еси на небесех".
Тука може да се објасни глаголот „сум“ на црковнословенски (есмь-еси-есть-есмы-есте-суть)...

А зошто нашиот Отец е „на небесах“? Каде е тоа? На облаците? На Месечината? На Сонцето? На ѕвездите? Треба да им се одговори соодветно на децата – тие самите ги отфрлаат таквите примитивни толкувања. Просто, „небото“ – тоа е нешто што е над нас и над сето она што ние можеме да го изградиме. Бог е насекаде. Тој нема тело и Него не можеме да Го видиме – како што не можеме да ги видиме ниту радиобрановите. Но тие може да се слушнат ако имаме радиоприемник. Замислете си дека сте се нашле на некаков остров на кој домородците никогаш не слушнале за радио. А вие со вас имате радио-апарат. Вие го вклучувате и луѓето околку вас се восхитуваат и се чудат, токму како Карслон: „А како толку многу луѓе успеале да влезатр во толку мала кутија?“ Дали радиобрановите доаѓале до тој остров и пред вие да дојдете до него? Секако, да. А зошто месното население не ги слушало? Така е и со Бога. Тој е насекаде – но сите немаат доволно чувствителен приемник за да го почувствуваат. Се разбира, за тоа не ви е потребно радио, ниту, пак, телевизор. Тој се чувствува со срцето. Како чувствуваме дека некој човек е добар, а за друг – дека е подобро да се држиме подалеку од него. Така со срцето може да се почувствува дека Бог е тука, со нас...

Треба да се каже дека децата, општо земено, се „јазични гении“. Во молитвата „Оче наш“ тие пронаоѓаат таква смисла, каква што возрасните не ја ни забележуваат. На пример, „хлеб наш насущный". Ние велиме – секојдневниот (леб). И правиме голема грешка, затоа што јазикот треба да се слуша. Коренот е "сущ", а префиксот "над". Значи: тоа што е над постоењето (на грчки - epiousios). Лебот наш небесен, леб преку кој учествуваме во Горниот свет.

"И не воведи нè во искушение". Искушение – тоа е кога многу сакаш да направиш некаква гадост. Ти сè уште не си ја направил, но ја чувствуваш, тука е... Значи, ние молиме таквите случаи, во кои сме во состојба да направиме некакво зло, да ги има што е можно помалку во нашиот живот. Што значи тоа? Еве, на пр., Аљоша седи во својата клупа, а пред него седи Лена со плетенки. Рацете на Аљоша просто самите се поддаваат да ја допрат плетенката. Искушение, се разбира. Како да „не паднеме во него“? Треба да се помолиме. Но за што? Треба ли да Му се помолиме на Бога Лена да не носи такви предизвикувачки плетенки? Или е подобро да се помолиме за самите себе: „Господи, зајакни ја мојата волја, за моите раце да не посегаат каде што не треба!“.

Така ја разбираме молитвата до крај и како заклучок можеме да им предложиме на децата: „Кога ќе се вратите дома, научете ги вашите родители на таа молитва“. 
 
Читајки ја книгата „Школско богословие“ од ѓаконот Андреј Кураев, на човекот постепено му станува јасно колку е беспредметно, несловесно, бедно и мизерно расправањето околу потребата за воведување веронаука во училиштата. Преку овој кус извадок од неговата книга, мислам дека и вие, драг читателу (без оглед за која опција сте), ќе дојдете до сличен {}заклучок. (Од преведувачот)

Подготви: д-р Драган Михајловиќ 

Друго:

ЗОШТО НА ДЕЦАТА ИМ Е ПОТРЕБНО БОГОСЛОВИЕ?

 

Посети:{moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1003
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 960
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Ни покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме...

БEСEДА  за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

БEСEДА за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

Сo Христoвитe рани ниe сe излeкувавмe, така прoрeкува Бoжјиoт прoрoк и сeга ниe знаeмe дeка нeгoвoтo прoрoштвo e вистинскo. Сo Христoвoтo страдањe ниe сe спасивмe oд вeчнoтo страдањe; сo Нeгoвата...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

Митрополит Струмички Наум: За некои неодговорени прашања (29.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: За некои неодговорени прашања (29.08.2020)

Секое прашање си има и свое место, и свое време, и свој субјект за одговор. Или, не секое прашање се одговара кога било, каде било и кому било.Некои прашања прво...

Научи сe да ги пoчитуваш и да ги сакаш малитe и прoститe луѓe

Научи сe да ги пoчитуваш и да ги сакаш малитe и прoститe луѓe

Такви има најмнoгу на зeмјата, а има најмнoгу и вo Бoжјoтo царствo. Кај нив нeма гoрдeливoст, т.e. oснoвнo бeзумиe, oд кoe бoлeдуваат душитe на бoгатитe и силнитe на oвoј свeт....

Митрополит Струмички Наум: Јас сум и Вратата и добриот Пастир (22.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Јас сум и Вратата и добриот Пастир (22.08.2020)

Христовите зборови „Јас сум вратата“ имаат две значења. Едното значење, онтолошкото или суштинското или битијното, е дека треба најпрво да се соединиме со Бог, односно да се крстиме и облечеме...

Жарко Ѓорѓиевски✥ Преображение Христово ✥ (19.08.2020)

Жарко Ѓорѓиевски✥ Преображение Христово ✥ (19.08.2020)

Неспорен е фактот дека ликот Христов - онаков каков што ни го дава Евангелието - пред се е лик на смирението. За Неговото раѓање не се нашло место во ниту...

« »