логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Свети Преп. Пајсиј Светогорец

✤✣✤

За стариот календар

✤✣✤

Преподобниот Пајсиј беше многу загрижен поради промената на календарот во Грција. Беше загрижен поради многуте проблеми што оваа промена ги предизвика и се молеше за нивно разрешување. Беше особено загрижен поради групите што ги создадоа „Старокалендарците“ и што дејствуваа самостојно, без благослов на Вселенскиот Патријарх и без заедништво со Помесните Православни Цркви. Некои од тие групи беа создадени и во Атина и Солун, меѓутоа со залагање на Преп. Пајсиј повторно се обединија со Грчката Црква.

Преподобниот велеше: „Би било добро овие календарски разлики да не постојат, но причина за нивното настанување не е ниту Црквата ни верата“. На приговорите дека измените во календарот ги направил папата, преподобниот Пајсиј велеше: „Новиот календар го направи папата, но стариот календар го направи идолопоклоник“, мислејќи на Јулиј Цезар.

За да ги разбереме ставовите на Преподобниот по ова прашање ќе го наведеме следниот настан:

Еден православен христијанин со грчко потекло, живеел со своето семејство во Америка долги години. Имал многу сериозен проблем. Тој бил „зилот“, односно старокалендарец, додека неговата жена и деца го следеле новиот календар. „Веќе не можевме ни празниците да ги прославиме заедно. Тие го славеа Божик тогаш кога јас го славев Св. Спиридон. Кога јас го славев Божик, тие го славеа Св. Јован. Но тоа беше нашиот најмал проблем. Најлошо од сѐ беше ‘учењето’ дека новокалендарците се еретици, дека ќе бидат осудени. Не е мала работа непрестајно да слушаш коментари дека твојата жена и деца ја издале сопствената вера и отишле на страната на папата, и тоа дека Светата Причест што тие ја примаат нема благодат. Зборувавме со часови, но не доаѓавме до никаков заклучок. Да бидам искрен, имаше работи кои и мене не ми се допаѓаа кај старокалендарците, особено кога нашите владици доаѓаа да разговараат со нас. Тие не зборуваа со љубов и болка во срцето за заблудените браќа и сестри што го прифатиле новиот календар, туку зборуваа со омраза и радост.

Велеа дека новокалендарците еден ден ќе отидат во пеколот. Беа многу фанатични. А кога тие ќе ги завршеа своите говори, јас чувствував внатрешен немир. Бев истоштен и во голема болка заради целата ситуација. Сигурно нешто ќе ме снајдеше од постојаните, секојдневни грижи. При една посета на Грција му спомнав за својот проблем на мојот роднина Јани. Тој ми кажа за некој старец Пајсиј. И решивме да појдеме на Света Гора за јас да се сретнам со него. Дојдовме на Панагуда каде што живееше Преподобниот. Тој нѐ послужи и со насмевка на лицето ми понуди да седнам кај него. Бев збунет од неговата присност. Чувствував според неговото однесување, дека тој веќе сѐ знае за мене.

-Како стојат работите со автомобилите во Америка? - беше неговото прво прашање. Бев запрепастен. Заборавив да спомнам дека работам на паркинг, занимавајќи се со автомобили по цел ден.

-Добро - беше единствениот збор што можев да го изговорам, гледајќи изненадено во Преподобниот.

-Колку цркви има во местото каде што живееш?

-Четири - одговорив, и ме облеа нов бран на изненадување.

-Со новиот или стариот календар? - дојде следното прашање како гром од ведро небо, па наместо да го зголеми моето изненадување, направи да се почувствувам уште попријатно, восхитен од необичниот дар на прозорливост на Преподобниот.

-Две со новиот, две со следниот календар - одговорив.

-А по кој календар одиш ти?

-Јас по стариот, а жена ми по новиот - одговорив

-Слушај, би требало да одиш таму каде што жена ти оди - ми го рече ова и се подготвуваше да ми даде подетални објаснувања.

За мене тоа прашање веќе беше решено. Веќе не ми беа потребни објаснувања и аргументи. Нешто неверојатно се случи во мене, нешто божествено. Она што веќе долго време ме мачеше замина далеку, ме напушти. Сите аргументи, сите закани и сите анатеми против новокалендарците што со години ги слушав, сега исчезнаа. Ја чувствував милоста Божја која преку Божјиот угодник делуваше на мене, и ме исполнуваше со мирот за кој толку долго копнеев. Мојата внатрешна состојба сигурно се виде и во моите очи. Можеби Преподобниот ја виде таа моја внатрешна состојба, па за момент застана. А потоа продолжи да ми дава уште некои совети и објаснувања. Можеби за да им ги пренесам на другите, а и за сам да ги ползувам за себе во искушенијата, доколку оваа божествена состојба ме напушти“.

„Секако, и ние на Атос го следиме стариот календар“, продолжи Преподобниот. „Но ова е друга ситуација. Ние сме обединети со сите цркви и со Патријаршиите кои го следат новиот и стариот календар. Нивните Свети тајни имаат иста благодат како и нашата. Нивните свештеници сослужуваат со нашите. Меѓутоа, додека овие несреќници беа отцепени, ми беше многу жал, зашто повеќето од нив се побожни, прецизни (во следењето на каноните), борбени во духот и со вистинска ревност. Но сето тоа се случи на еден необјаснив начин. Ни тие не знаеја што прават. Едни си заминаа поради солидарност со другите, други од самољубие, трети поради незнаење.

Тие сметаа дека ова е догматски проблем, дека сме сите измамени и поради тоа ја напуштија Црквата. Тие не постапуваат по благословот, не припаѓаат никому. И тоа не е сѐ. Најлошо е што тие групи и понатаму се делат и продолжуваат да се анатемисаат едни со други, престанувајќи да комуницираат меѓусебно. Не знаете колку само бев нажален заради целата оваа ситуација. Многу се молев. Важно е да имаме и да им покажуваме љубов, да сочувствуваме со нив и да не ги осудуваме. И уште поважно, треба да се молиме за нив, за Господ да го просветли нивниот ум, и понекогаш, доколку некој од нив побара помош од нас, треба да ги поучиме“, заврши Преподобниот.

Поминаа повеќе од пет години. Овој господин се врати во Панагуда да му се заблагодари на Преподобниот, зашто после првата средба одново ја пронајде својата духовна, но и семејна среќа. И со солзи во очите го раскажуваше овој настан. Со својата љубов, молитва и расудливост, Преподобниот знаеше кога да зборува, како тивко да ѝ помогне на Мајката Црква, избегнувајќи екстремни, скандалозни ситуации и да ги лечи раните што го мачат телото на Црквата.

 Извор. Бигорски манстир



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2113
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2137
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 583
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/05/2026 - вторник

Св. праведен и многустрадален Јов; Св. маченик Варвар; Св. Варвар разбојник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети...

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная