логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Господ не води низ страданија, тешкотии и невољи за преку нив да стекнеме мир

o.tadej1.jpgА на земјата ни е дадено со мир и со тишина да го совлладаме секое зло. Ние можеме да бидеме мирни и тивки во престојувалиште кое е мирно и тивко, но тој мир не е така постојан и траен како оној мир кој се стекнува во средина која е немирна. Бидејки кога ќе одиш од мирна средина во немирна, веднаш ќе го смениш расположението, не можеш да трпиш неправда и настанува (мислен) пекол, се ројат разорни мисли, и тогаш со нашиот мир е готово. Затоа Господ не провлекува низ многу страданија, тешкотии и неволји, за преку нив да стекнеме мир. Ние немаме сили сето тоа да го надминеме сами, без Него. Го имаме примерот на Светата Маченица Катерина, која како млада, со 18 години, страдала. Неа целата искршена и ранета непријателите ја фрлиле во темница, и таму Господ и се јавил. Таа го прашала: “Господи, па каде беше до сега?” “Тука бев, во твоето срце”. “Како во моето срце кога тоа е нечисто, злобно и горделиво”? “Да, вели Он, но, ти остави место и за Мене, и да не бев со тебе ти не би можела да го издржиш ова страдање. Ќе ти дадам сили да можеш до крај да издржиш!”
  Светите Отци велат: “По тоа ќе знаеме дека сме му омилени на Господа ако не води низ големи неволји, маки и страданија”.

“Мирот Свој ви го давам и го оставам, не ви давам мир како што овој свет ви дава, туку мир за вашето срце да не се плаши и да  не стравува”, вели Господ, Кој е Вистина, Пат и Живот.

Радоста е најголема благодарност на Бога

Нашите родители сакаат нивните деца да се секогаш задоволни, радосни и благодарни на родителите за целиот нивен труд и пожртвуваност. Па кога ќе видат дека нивните деца се тажни, неблагодарни и мрзоволни тогаш и на нив им станува тешко. Така и нашиот Отец Небесен, ни дал се, а ние постојано нешто тагуваме. Тоа е како кога мајката му чини се по волја на детето, а тоа постојано е нешто незадоволно и приговара.

Така и Господ има неволји со нас. Наместо да бидеме благодарни на Бога ние често ја изразуваме благодарноста само со зборови, а срцето ни е празно. Радоста е најголема благодарност кон Бога, бидејќи Он не извлекува од тагата и од гревот.

Што е тоа смирение 
Смирението е Боженствена особина, тоа е совршенство на христијнскиот живот, кое се стекнува по пат на послушност. Оној кој не е послушен тој не може да стекне ниту да здобие смирение. Многу малку (луѓе) се послушни на земјата. Според степенот на послушноста јакне и нашето смирение.
Физичкото, надворешното смирение полесно се стекнува отколку смиреноумието, бидејќи смиреноумието е посебен дар Божји. Свети Симеон вели: “Смиреноумниот е таков што ништо земно не би можело да го помести (вознемири)”. Што и да се случи, тој е смиреноумен, и тоа е совршенство, Боженствена особина.

И гордоста има свои степени, како и смирението. Животната гордост полесно се лекува, додека умната гордост тешко и (скоро) невозможно е да се излечи. Нема такво нешто кое ќе докаже на таквиот човек дека не е на прав пат. А животната гордост е излечива, бидејќи од богат за час ќе стане сиромашен  и тогаш тој мора  да се смири сакал или не сакал.

Ако душата не се смири, не може да ја прими  благодатта Божја

Низ животот ме следеле падови, невољи и тешкотии, но не можеше поинаку да биде. Светите Отци велат: “По што ќе познаеме дека сме му омилени на Господа, освен по тоа што не води низ многу тешкотии, падови, отфрлања, презирања и болови на срцето?”.

Имаше ситуации кога човек ќе падне во очајание и тагување, а тоа е вид на гордост. Ако човекот ги прифати задоволствата од овој свет, тогаш повторно следи очајание, бидејќи тука го нема Господ, и човек бара утеха во предметите. Секој човек се чувствува осамен, нека се тука и родителите, се додека не се ослободи од овој свет, и дури тогаш добива утеха од Бога.

Душата се чувствува сама, бидејки благодатната сила (во неа) е смалена поради нејзиното свртување кон светот и кон себе. А не може на две страни! Ако не се смири, душата не може да ја има полната благодат, затоа што (несмирената душа) би ја злоупотребила Боженствената сила на благодатта и би поминала во црна магија, како што благодатната сила на Ангелите кога паднале, поминала во зло.

Благодатта се дава само на напатена душа

Светите Отци велат дека благодатната сила не може да ја прими душата која не поминала низ многу стадања, тешкотии и неволји. Заради што? Бидејки душата тогаш тоа би го злоупотребила, бидејки не би знаела тоа да го почитува, а при полната благодат нашата мисла е неверојатно силна затоа што во нас дејствува Боженствената сила. Но, ако ние сме се оддалечиле со срцето и со чувствата од Господ, нашата мисла може да биде страшна и смртоносна за ближните. Ако сме поврзани со срцето, полни со вера, со Господ, благодатната сила дејствува (во нас). Ако сеуште не сме се очистиле од злото и уште се навредуваме кога некој н# навредува, тогаш, Боженствена сила во нас слабее.
  Мораме да се трудиме да ја стекнеме особината на Христос Спасителот.


Цел живот е потребен да се стекне искуство за да се отфрли злото

Децата додека се мали, обично го молат Господ за своите родители да им биде добро, и така децата добиваат бесплатна благодат, бидејки се мали. Но кога ќе пораснат, (ако им даде Бог) ќе ја почуствуваат и бесплатната благодат, ќе осетат и радост, состојба на блаженство кое е дело на вечниот живот во кој живеат Анѓелите и Светите. Тоа прво (духовно) будење, кое е без труд добиено, Господ го дава за душата подоцна да копнее за такво вечно блаженство, бидејќи во таква состојба душата (иако е во светот) веќе не е од овој свет, затоа што тогаш нема во себе мисли, желби и копнежи од овој свет.

Душата е мирна и кротка, не знае да се лути во таква состојба, бидејки е во благодат, и не постои начин на кој би можел некој да ја налути. Подоцна, кога душата ја стекнала бесплатната благодат, од неа се очекува свесно да го отфрли секое зло. Мораме да ги совладаме сите (мислени) непријатели овде на земјата. Нашите непријатели не се физички, бидејќи од физичките можеш да се сокриеш и да побегнеш, а мислените непријатели се секаде околу нас.

Тоа се мислени сили, тоа се мисли кои не се засновани на љубов, вистина, чистота, племенитост и добрина. Секогаш ни се наметнуваат некои мисли од страна на мислените духови (кои се со различни особини како што и ние луѓето сме со различни особини): да уживаме во телесните страсти, во крадење, во гнев, во завист, во злоба. Ако таквите работи ги практикуваме со години, тогаш тоа ни станува втора природа.

Како што вели Светиот апостол Павле: “Не го правам тоа што го сакам, туку го правам тоа што не го сакам; ако го правам тоа што не го сакам, тогаш тоа го прави гревот кој живее во мене”. Тоа е (зла) мисловна сила која во нас се вгнездила и живее со нас, во ова тело. Цел живот е потребен да се стекне искуство за да се отфрли злото и апсолутно да се свртиме кон Доброто, за ништо на овој свет да не може (мисловно) да не изремети.

Затоа Свети Исаак Сирин вели: “По секоја цена сочувај го својот внатрешен мир, немој да го даваш за ништо на овој свет”. Тој живеел во 6. век и живеел долги години, поради својата добрина и животот кој го водел.” 

отец Тадеј

Подготви: С.Стефановска

Посети:{moshits} 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1094
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1662
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1095
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА  за Христoвoтo мирoтвoрствo

БEСEДА за Христoвoтo мирoтвoрствo

Да, и пoкрај тoа штo сè уштe има вoјни. Глeдај, вoјнитe пoмeѓу христијанскитe нарoди нe сe истo штo и вoјнитe пoмeѓу нeзнабoжцитe. Нeзнабoжцитe вoјувалe сo гoрдoст, христијанитe вoјуваат сo срам....

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без...

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во...

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН  и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

« »