логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Vasko.Sv,Gora13.jpg

ЗАКЛУЧОК

Vasko.Sv,Gora13.jpg

Vasko.Sv,Gora6.jpg

Преку очите на светот, преку материјалното умување на овоземната логика, детерминирана од голата биологија и натурализмот, монаштвото е нè сфатливо. Но како што сè има почеток и крај, така и овоземното умување е умртвено во Личноста на Совршениот Богочовек- Христос. Во Христос, човекот создаден по образ и подобие Божјо, назначен е да биде Бог по благодат. Преку таа преобразба човекот ги надминува границите на природата, а самата природа се здобива со вечните квалитети кои ги поседувала во Едем-Рајот. Токму Света Гора Атонска е едно мало парче земја од овој свет, но парче одкинато од Рајот. Таа е место на тихување, каде ранети од љубовта кон Бога, монасите  минуваат низ боженствените таинства. Монахот духовно нурка во себе, ја истражува духовната внатрешност и таму ја одкрива тајната на животот. Како што љубовта е лествицата по која Бог слезе од небото на земјата, така љубовта е лествицата по која монахот се вознесува кон небото, кинејќи ги границите на времето и просторот. Токму таа лествица на аскетизмот е поставена во Градината на Богородица. Тука е тајната на сретението со Бога, тајна која му се открива на секој, кој од внатрешноста на својата душа се приближува кон земниот и небесниот Атон. За својата светост и благослов, Атонската Гора ни сведочи повеќе од илјада години. На секое место на светогорските предели, во секој камен се чувствува миомирисот и благословот на Богородица. Тој благослов не прекинал никогаш да твори вечни цветови на Градината Богородична. Нивниот миомирис непрестајно се излева низ просторот на овој свет и низ вековите на времето. Токму тие го творат духовниот портрет на Атон. Тоа се личностите кои ги достигнале светогорските духовни величини, а тоа е цврста гаранција за Атонската иднина.
Како да не спомнеме дел од блаженоупокоените светила на Атон и вечни цветови на Градината: архимандритите, Кодрат Каракалски, Јероним Симонопетриски, Атанасиј Григоријатски; потоа духовници и јеромонаси: Игнатиј Катунакијски, Григориј Дионисијатски, Никанор Хиландарски; потоа монаси: Старец Силуан Руски, Калиник Катунакијски, Исак Дионисијатски и многу други. Овој портрет не би бил целосен ако не ги спомнеме Светогорските преродбеници на XX век, блаженоупокоените исихасти: Арсениј и Јосиф; старците Пајсиј и Порфириј. Од нив, како духовни извори на благодата се напојувале Атонските старци, архимандритите: Емилијан Симонопетријски, Партениј Светопавловски, Ефрем Филотејски, Георгиј Григоријатски, Ефрем Ватопедски; старецот Јосиф Ватопедски, јеромонах Јустин Симонопетриски и многу други, за кои наскоро ќе дознаваме. Нивната светост е чуварот на татковината на добродетелите. Света Гора, не е светиња само на еден народ, туку претставува центар на Православното Соборно творење. Атон ни предочува дека, покрај сите етнички различности, ние сме едно во Бога. Токму, љубовта кон Бога е таа која ги сузбила сите етнички посебности на светогорските монаси. Така постанала татковината на небесните граѓани. Со својата светост, Атон е непроценлив дар Божји кој ги привлекува сите. Таа привлечност силно ја почувствував и јас. Заинтригиран од овој труд, благословен од мојот ментор- отец Стефан, во мене се роди желбата за посета на Атон. И ете, по настојувањето на отец Стефан, за тоа, што поскоро да ја посетам Света Гора Атонска, Бог ме удостои да бидам гостин во Градината на Богородица.Таа посета ја помогна отец Партениј, игуменот на Бигорската обител, за кого може да се рече дека во Македонија посеа семе на Атонското духовно предание, а во Бигорската црква го внесе Светогорско богослужбено торжество. Заедно со него и неколку во Христа браќа, го примивме благословот на Богородица, бивајќи гости на Атон. Иако нашиот престој беше краткотраен, сепак во нас одекнуваше вечноста. Душата чувствува дека Света Гора е најголемиот извор на благодат, а додека тоа трае, телото ја потврдува силата на преображението и воскресението. Искачувањето по земниот Атон ги отвора дверите на небесниот Атон, таму се вкусува убавината на Богородичниот Перивој. Тука е небесната лествица на Богопознанието, чија суштествена сила е љубовта. Таа љубов, со сета своја динамика, ни ги отвори духовните врати на Атон преку љубовната синергија меѓу нас и атонските монаси. Духовната дружба со монасите ни ја обнови душата и силата на верата. Утвдивме дека сите тие монаси и старци, од Скитот Св. Ана и манастирите Григоријат и Симонопетра, го живеат Светото Предание. Тоа е духовната врска со Атонските великани. Сретнавме дел од учениците на Јосиф Исихаст на Јосиф Ватопедски, како мноштвото монаси, ученици на денешните старци: Георгиј Капсанис и Емилијан Симонопетриски. Благодарение на добрите познанства, што отец Партениј ги негува со Григоријатските монаси, каде извесно време бил искушеник, се удостоивме со духовна поука и благослов од старецот на Григоријат, Георгиј Капсанис. Токму, во тие Атонски граѓани се состои сета духовната сила на една вистинска Христова личност. И денес како и некогаш, тие се совеста на Православниот Христијански свет.
Ѝ благодарам на Пресветата Богородица, што ме удостои да го видам тоа. 

 Vasko.Sv,Gora13.jpg

Vasko.Sv,Gora13.jpg

Vasko.Sv,Gora13.jpg

 

ѓ. Васко Голабоски - Света Гора Атонска историја и живот

ѓ. Васко Голабоски - Карактеристиките на атонското монаштво

 

 Stefche.3naoganje.jpg

УНИВЕРЗИТЕТ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - СКОПЈЕ , 2011

ПРАВОСЛАВЕН БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – СКОПЈЕ

Дипломска работа  на ѓакон  Васко Голабоски      

На тема:СВЕТА ГОРА АТОНСКА ИСТОРИЈА И ЖИВОТ

 Ментор:
 о. д-р Стефан Санџакоски

 

СОДРЖИНА:

I. Предговор ................................................................. .....................1
II. Кратка историја на монаштвото на Света Гора Атонска ................................. .3
III. Карактеристиките на Атонското монаштво (монашки живот на Атон) ............... .13
IV. Духовни и теолошки постигнувања на Света Гора Атонска ............................ 22
V. Заклучок .................................................................. ...................30
VI. Библиографија ........................................................ .....................32
VII. Содржина ................................................................ ...................33

 

 Stefche.3naoganje.jpg

(Од одбраната на дипломскиот труд на г. Васко Голабоски)

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 645
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

« »