логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 (Обновено)

7.Vselenski.sobor

Сергеј Бољшаков

Кон крајот на 1951 год. поминав неколку дена во грчкиот манастир Дионисијат.
Таму се запознав со еден Грк од Сикон, кој живеел во Русија, на Кавказ и оттаму за време на граѓанската војна, се повлекол на Света Гора (Атос). Се викаше отец Ефтимиј. Имаше повеќе од шеесет години и се одликуваше со мудрост. Во манастирот беше библиотекар. Со него водев многу прекрасни разговори.
Еднаш така навечер седевме на балконот од неговата ќелија која се наднесуваше над морето.Беше тивко и топло есенско време. Сонцето заоѓаше на запад. Небото и морето трепереа со златен сјај.


-Отец Ефтимиј-реков јас-во Коневица, кај отец Доротеј се распрашував за чиста молитва, а на Нов Валаам кај отец Михаил за границата на чистата молитва. А што вие ќе кажете?


- Иако се црковни, па и ќелијните молитви по книги и по ноти, тие многу се користат, но сепак се минливи-одговори отец Ефтимиј. Но ние немаме секогаш книги и ноти. Всушност, не ни можеме сето време да бидеме во црква или во ќелија, бидејќи треба и да живееме и да се врши послушание. Но не знам која молитва, освен Исусовата, може да биде непрестана. За таа молитва не се потребни ни црква, ни ќелија, ни книга. Со молитвата Исусова можеме секаде да се молиме-и дома, и на улица, и на патување, и во темница, и во болница. Само треба да се научи.


-А како?


- Па сеедно како. Во почетокот повторувај ја во себе, гласно, колку можеш, во ќелија, на пат, кога нема луѓе околу тебе. Но, повторувај ја со внимание, полека, и со плачен тон. Ете баш како што просјаците викаат: Господи Исусе Христе Сине Божји помилуј ме грешниот, и повторувај го тоа почесто, секогаш кога имаш можности. А потоа почни да ја повторуваш со умот свој, умно, но исто така со внимание и полека. А потоа можеш молитвата со дишењето и со срцето да ја слееш. Само немој на ваква молитва сам да се дрзнеш, туку нека на молитвата те научи некој кој и самиот со неа се подвизува. Инаку ќе паднеш во помисли и останато и многу години така ќе се влечеш, а можеби баш и брзо ќе се научиш. И ќе ти потече таа молитва во умот сама како поточе, било да одиш, да работиш, или да спиеш. „Јас спијам, а моето срце пее“. А тогаш веќе ни зборови не се потребни, ниту некакви мисли, туку целиот твој живот ќе стане-молитва. Ете гледаш како отец Доротеј ти зборуваше за Јован Молдавски.


-А има ли такви луѓе како што е Старец Јован?


-Има. И гледај, тоа сосема блиску до нас, тука на Света Гора, на Каруља има пустиници, некои од нив многу далеку напреднаа.


-А кажете ми, отец Ефтимиј, може ли да се препознае кој високо се подигнал во молитвата Исусова?
-Уште како можеме.
-А како? Ете, ако сакаш кај некој да се научиш на молитвата, избери Старец тивок и смирен, кој никого не осудува освен ако е јуродив. Не се раздразнува, не вика и не командува. А има и такви Старци кои самите себе уште не се совладале, а се одважуваат да раководат други. Тие по својата прилика ја научиле, така да речеме, техничката страна на молитвата, а нејзиниот дух не го здобиле. Сам просуди, како може други да суди, оној кој стално воздивнува-помилуј ме грешниот.


-А кажете ми, отец, кој е најголем подвиг?
-Секако, јуродивството. Бидејќи мудроста на овој век е безумие пред Бога, и обратно. Тоа е подвиг тежок, и на него човек не смее да се дрзне, освен по совет на Старецот.
-А потоа?
-Но, богомолечкото странствување, чиј пример ни го кажува авторот на „Расказите на еден поклоник“. За овој свет тоа е безумство. Но, потоа доаѓа отшелништво, затвореништво, и просто монаштво. Но, запомни, надворешноста не е важна, туку она, внатрешното. Има и скриени јуродиви, и безделнични богомолци, и препаметни отшелници, и затвореници кои се осудуваат, и раскалашени монаси. Да се спаси човек секаде е можно, и во светот. Но, и во манастирот, ако не земеш да се молиш како што треба, ќе станеш горд. И не само што ќе го изгубиш сето она што си го имал. туку ќе паднеш во уште погрда состојба, па дури сосема ќе отпаднеш од Бога. И тоа се случува.


-Ќе бидне ли брзо вечерната, отец Ефтимиј?


-Да, набргу. Еве веќе бие клепалото. Време е да се појде во црквата.
Се симнавме од балконот по ходниците по скалите и се спуштивме во католиконот, целиот измиен во златно сончево заоѓање. Службата почна полека, достоинствено, како што секогаш се случива на Атос. „Светлост тивка на светата слава на Бесмртниот, Отец Небескиот, Светиот, Блажен Исусе Христе, доаѓајќи на запад на сонцето, откако ја видовме вечерната светлина, Го воспеваме Отецот, Синот и Светиот Дух, Бога...“


Вечерта излегов на балконот од својата ќелија. Се загледав во небото посеано со безброј ѕвезди. Отец Ефтимиј дојде тивко кон мене: -Гледате во небото? Видете какво е великолепието и убавината на созданието. А како тоа, и зошто, за тоа не треба да се размислува. А ќе дојде време, многу од тоа ќе се разбере, па и тоа како да ја достигнеме големата молитва. Со разум тоа нема да го сфатиш. Неопходно е просветление (со Духот). А во светот, од грижите световни, луѓето ништо не забележуваат, прости ми Боже. Само гледаат во земја и бараат желади. Вистинската среќа и убавина се открива само на оној, кој во Бога живее. Да, голема е и благодатна силата на молитвата. Во споредба со неа, сето останато е прашина, суета над суетите, и се суета.

Подготвиле : Б./Б.Ѓ.

 

Друго:

Манастир Дионисијат

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 648
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

« »