логоFacebookTwitterYouTubeeMail

01.jpg

26 декември 2016 лето Господово

14.jpg

Соборниот храм на Свештената Бигорска Обител деновиве зрачи со посебна убавина и радост; се радуваат, имено, заедно со нас и духовите на древните и славни копаничари, бидејќи, скоро по два века, конечно се направи нешто што може достојно да се споредува со нивното ненадминато дело, велелепниот иконостас. Станува збор за новата дрвена целивална за чудотворната икона на Пресвета Богородица - „Достойно естъ“. Нарачател на ова величествено копаничарско дело е нашиот богољубив старец, Архимандрит Партениј, кој сакаше достоинствено да ја украси светата икона на Царицата Мајка, што пристигна во нашиот манастир пред точно седум години, но и значително да го збогати благолепието на храмот на Чесниот Претеча. Творец, пак, на извонредниот дрворез е познатиот македонски копаничар, стружанецот Новица Столески, кој за да може да го направи ова скапоцено дело, пожртвувано посвети цели седум години деноноќен труд, при што тој дури и се откажа од своето работно место како подрачен директор на една голема компанија за мобилна телефонија. И навистина, таа негова посветеност, се разбира, во содејство со Божјата благодат и богодаруваниот му талант, вроди со таков прекрасен плод, што слободно би можеле да кажеме дека речиси се повтори делото на великанот на црковниот дрворез, Петре Филипов Гарката, и воскресна едно најтаинствено и најпрефинето во светски рамки копаничарско предание - преданието на уникатната мијачка резбарска школа.

02.jpg

Иконостасот за иконата „Достойно естъ“ се одликува со мошне длабока резба, идентична со онаа на главниот иконостас, така што до ситници е запазен размерот на длабочината, поставеноста на елементите, флоралната орнаментика, извесни минијатури, внатрешните спирални носачи на столбовите... Единствено во што се разликува е содржината на сценските прикази. Наместо сцени од Светото Писмо на Стариот и Новиот Завет, од житијата на Мајката Божја, Свети Јован Крстител и др., на новата целивална се прикажани настани и мотиви од чудото на Пречистата, поврзано со Нејзината света икона. По идеја и во советување со нашиот старец Партениј, авторот Новица изработи вистински живопис во ореово дрво на чудесното собитие, како еден вид надополнение на приказот од самата икона. Централно место во резбата, на плочата под иконата, зазема јавувањето на Светиот Архангел Гавриил, во вид на монах, кој на „смирениот послушник на Гората Атонска“, пред иконата на премилостивата Владичица, му го пее преубавото ангелско песнопение „Достојно е навистина да Те ублажуваме, Богородице...“, и со својот прст ги запишува овие зборови на камената плоча. Околу оваа претстава неколку ангели држат во рацете свитоци на кои, на црковнословенски јазик, се напишани извадоци од Акатистот и канонот од службата за „Достойно естъ“. На столбовите лево и десно се прикажани сцените: саможртвата на пеликанот за своите рожби, смртно отруени од злобната змија (симболика за Христовата крстна жртва), и Живоносниот Источник – симболична претстава за Онаа Која ни Го роди Животодавецот и Дарителот на живата вода што тече во живот вечен. Над нив, свртени кон иконата, достоинствено стојат Светите Архангели Михаил и Гавриил. Веднаш над иконата два ангела држат свиток на кого е испишан целиот текст на песната „Достойно естъ“. Полукружниот лак го красат шест старозаветни пророци, кои во рацете држат свитоци со своите пророштва за Пресветата Богородица. Интересен детаљ, а воедно и авторска иновација во копаничарството, се предметите по кои најмногу се карактеризираат пророците. Така, на пример, крај Св. пророк Мојсеј во многу прецизна минијатура е изработена несогорливата капина; до Гедеон стои руното неоросено, Исаија држи клешта со вжарен јаглен, итн. На акротеријата е претставена Светата Троица, во облик на Тројца Ангели, слично на познатата иконата на Преподобниот Андреј Рубљов. На самиот врв е изработен крст со краци во форма на кринови, а среде него – Христограмот со буквите Α и Ω: Христос - почеток и крај.

03.jpg

Копаничарот Новица Столески, кој повеќе од 30 години професионално се бави со оваа благородна и ретка дејност и умешност, долги години го проучувал делото на најпознатите мијачки резбари, многупати набљудувајќи го со часови бигорскиот иконостас. Пред неколку години, за еден наш медиум тој изјави:

„Пред 15-ина години, како учесник на Колонијата на копаничари која се одржа во Бигорскиот Манастир, многу време минував во проучување и во откривање на тајните на изработката на иконостасот во црквата ’Св. Јован Крстител‘. Постојано бев со мислата дали ќе успеам да ја откријам мајсторијата на тајфата на ненадминатиот уникатен копаничар Петар Гарката Филипоски, од село Гари... Игуменот на манастирот, Архимандритот Партениј, ја сфати мојата љубов и големата желба, ми овозможи да навлезам во тајната на духовноста во изработката на иконостасот. Со ноќи не спиев, проучував, анализирав, комбинирав, почнав да копаничарам врз база на мијачката копаничарска школа. Постојано, неколку години едноподруго одев во Бигорски, отецот Партениј ми определи еден искушеник од братството како придружник и водич низ манастирот и заедно со него ја проучував работата врз иконостасот и со тек на времето почнав да ги откривам мајсторските тајни на најголемиот копаничар Гарката“.

06.jpg

Неколку месеци од својот седумгодишен работен потфат, Новица ги помина во нашиот Манастир, каде непосредно се напојуваше со вдахновение од самиот извор за неговото дело. Сега, нов претстоен подвиг за него ќе биде изработката на слична целивална и за чудотворната икона на Св. Јован Крстител, која, според атонското правило за литургиско уредување на храмот, исто така ќе стои во наосот, од десната страна пред иконостасот, каде што и му е местото.

Прекрасната резбана целивална за иконата „Достойно естъ“ покажува дека верата и пожртвуваноста за Бога и за Божјото дело и денес прават големи чудеса и возвишени достигнувања во црковната уметност и православно богословие прикажано во резба.

 

04.jpg

05.jpg

 07.jpg

 08.jpg

13.jpg

 09.jpg

15.jpg

12.jpg

Извор: Бигорски манастир



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 658
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

« »