логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  Епископ Велички Методиј

(денес, Митрополит Американско- канадски Методиј )

metodij.soboren.jpgНемаме бургерски бек-граунд како британците, а се обидуваме да бидеме поцинични од нив. Далеку помалку сме работливи од јапонците, но во сарказмот ги шишнавме уште за време турско. Како културен ентитет сме метузалеми, а сî уште славиме Нова година пред Божиќ. Вака би изгледала една хаику-анализа на нашето културно секојдневие на крајот од секоја календарска година, па и на оваа. И токму таа измешаност на лоши чувства и културна збунетост не ни оставаат можност, како што е природниот ред на нештата, да се израдуваме на празниците со кои завршува старата, а започнува новата година. Празникот на Христовото раѓање го славиме според јулијанскиот календар, а новогодишните празници - според грегоријанскиот. Бадник го славиме по пагански, а Божик, ако имаме сила да го славиме заради бадниковите теревенки, тоа го правиме по рисјански. Празничната естетика малку ни е традиционалистичка или фолклорна, а малку западњачка. Зависи што сме успеале да прифатиме како украс. Во таквата празнична рокада, како рецидив од комунизмот, за новогодишната ноќ (и две-три потоа) се испукуваме во секој поглед, па за Божик веќе немаме ни атом енергија. И не може да нî утеши аргументот дека и еклектицизмот е некаков стил, бидејќи тоа првенствено подразбира имање онтолошки став. Каде ни отиде критериумот за автохтоните вредности на празнување?

Ако се обидеме да направиме споредба на сите семејни празнични собитија ќе забележиме дека тие според структурата и содржината се сосема истоветни, или поточно безлични. Роденден, именден, слава, помен за упокоен, матурска или дипломска, прослава на Нова година или Божик, па дури и второмајските излети, скоро по ништо суштински не се разликуваат. Се трошат сите пари што ни стојата на располагање за храна и пијалоци, се готви за една вечер храна кој не може да се изеде ни за две седмици и во кругот на (тие што останале од) семејството вклучувајќи ги и малите екрани како суверен семеен ентитет всушност ништо не се прави. Турбо-фолк диктатурата, што по дефиниција би значело внатрешно согорување на народот под висок притисок на кич, не само со псевдо-музичката порнографија од сите балкански мередијани, туку и со шпанските серии, со спортските коцкарници, телевизиките наградни игри и политичките дебатни емисии..., сето тоа ја прави нашата орбитала околу културата на празнувањето без малку права линија. Оваа геометриска метафора и не би била толку сериозна и загрижувачка, доколку таа не би го подразбирала и автодеструктивното влијание на ваквиот начин на однесување за време на празниците. Изгорени од петарди, ранети со малокалибарска муниција, никотински и алкохолни труења, предозирање со забранета хемија, прејадување до изнемоштеност и апатија и т.н.

Самите празници, пак, првенствено значат благодатно учество во една свечена содржина која ни овозможува радосно исчекорување од делничниот ред на живеење. Како такви, празниците имаат функција на освежување на нашите духовни и телесни сили во допирот со она што е вечно, што е идеално и што ја разубавува монотонијата на секојдневието. Зошто тогаш толкава несообразност меѓу она што празникот според суштината е и она на кој начин ние го доживуваме и чувствуваме? Празникот е време кога се прават добри дела. Тоа е уште една важна поента. Обичајот на празничниот леб со паричка имено се темели на неа. Свети Василиј Велики, сакајќи да им раздаде милостиња на сиромасите, а за да не ги посрами пред народот, тајно, во парчињата од празничниот литургиски леб, кој се делел на сите верни по празничната богослужба, ставал по некоја пара и им ја давал на оние кои имале потреба. На тој начин тој од скромност го сокривал своето доброчинство. Денес, наместо добриот обичај во овие празнични денови да си спомнеме на гладните и немоќните, иако не сме сосема без каритативни иницијативи, чест на исклучоците, како плод на нашето празнување само ги полниме контејнерите и кантите за ѓубре.

Уште еден антикултурен феномен е врзан за празнувањето на Бадник, кој во традиционално ориентираните кругови претендира да го надмине и новогодишното лумпување. Како човек кој целиот свој живот го поминал во град, чудно ми е зошто наместо убавите народни песни и приказни, традиционалните селски јадења, целото фолклорно богатство од селата кои, патем речено, се во клиничка смрт и демографски, но и во својата обезличнувачка тенденција да глумат градови, со миграцијата село - град меѓу стамбените блокови и солитери се инсталираа бадниковите огнови околку кои, со трубална посветеност, се собираат соседите кои еден на друг дали едвам и добро утро си велат. Но чепнати од паганското генче, таа вечер, ја растураат семејната трпеза и четириесетдневниот божикен пост и се приклучуваат на она што го понесоа од своите села, огнови и неартикулирана бука до доцна во ноќта, токму кога е време за празнична Литургија. Селската, или руралната естетика е нешто на што можеме да се восхитуваме и таа кај нас е доминантно христијанска. Наместо тоа, ни-градската-ни-селската турбо-фолк антикултура се обидува да ги реставрира паганските обичаи, рецидивите на нашата овнодерска и огнопоклона предисторија, кои зачинети со хипотезите на реномираните етнолози добиваат парадоксални контексти.

Од перспектива на птиците и ангелите, во бадниковата ноќ нашиот град има апокалиптички изглед. Божикното утро, пак, украсено со пепелта и јагленот на згаснатите огнови во руинираните маалски паркчиња и чаири, празните шишиња и бледите лица на најистрајните во празнувањето на претпразненството, ја отвараат пред нас визијата за пеколот онака како што ја искусил Емануел Сведенборг. Така ставаме почеток на новиот календарски циклус. Таков е темелот на кој треба да го градиме оптимизмот на среќната нова хххх година.

Посната бадникова вечера, како претпразненство на големиот празник на Христовото раѓање, која треба да го сплоти семејството, и полноќната Божествена Литургија се заменети со литаниите на маалските огнови и култот на греаната ракија. На тој начин заборавиме на можноста и насушната потреба за евхаристиско единство со Богомладенецот, Кој се раѓа во витлеемската пештера за наше спасение. На тој начин се уништува убавината и раскошното предание на нашата празнична култура, која постои за да не потсетува дека имаме царско и свештено достоинство.

Посети:{moshits}

Лето Господово 2008

Преобјавено на 26-ти декември, лето Господово 2015

  • Друго:

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…
Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 394
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Беседи

 о. Горан Стојчевски:  МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

о. Горан Стојчевски: МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

Во Светото Евангелие, како и на фреските и иконите што ги доловуваат сите искупителни и спасителни моменти од сведоштвото на Богочовекот, преку кои човекот и светот се спасени, наидуваме и...

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.Така секогаш се сеќаваме на некој мал човек што прокоцкал...

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

 Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Во третата недела од подготовката за Великиот пост, ние ја слушаме параболата за блудниот син (Лк 15,11-32). Параболата и химните што се пеат тој ден, зборуваат за покајанието како за...

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

Заради соединувањето според Ипостас, Богочовекот Христос немаше потреба, Он лично како Бог – како една сложена Божествена Ипостас која во себе содржи две природи неразделно, неслиено, неразлучно и непроменливо соединети...

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

Кадe и да сe сака нeкoe дoбрo вo свeтoт да сe надгради, Oн e пoчeтoк. Бeз Нeгo нe сe мoжe. Акo сe сака да сe искoрeни нeслoгата и злoбата вo...

« »