логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 sv.Mojsej.Murin.jpg

Митрополит Пимен
Сајбер мисија за ПРЕМИН кон жива вера

За наша среќа или несреќа сегашниве генерации сме современици на еден мошне брз и прогресивен техничко-технолошки, а во последно време и информативен развој. Од измислувањето на парната машина, моторите, а потоа и на струјата и нејзиното ставање во употреба како движечка сила, па до денешниве автомобили, компјутери, мобилни телефони, достапноста на електронските медиуми, интернетот како глобална мрежа, сето тоа е направено со цел  да му се олесни животот на човекот. Но, уште од самиот почеток на развојот на овие олеснителни “алатки” се појавува и отпорот кон нив. Лудистичкото движење со кршење на машините од страв да не им ја превземе работата на луѓето е првиот пример на отпор, но и во религиозните кругови се појавува еден отпор кој отфрла се што значи примена на опрема од технички и технолошки карактер со убедување дека тоа е ѓаволска работа. За жал, и ден денес опстојуваат ваквите размислувања. За таквите добро би било да се потсетат дека при создавањето на светот  во Шестодневот секој ден Господ Бог го завршува со проверка и потврда дека  се е добро создадено(1. Мој.). Биле создадени и сите ангели вклучително и Сатанаил кој сега го знаеме како предводник на паднатите ангели или демоните. Но, и тој е создаден како добар, како светлоносен и првноначален ангел кој отпаднал заради својата гордост. Па така уште еднаш гледаме дека ништо лошо или зло не е создадено од Бог. Но сепак егзистираат прашањата од типот: дали денешниов техничко-технолошки и научен прогрес може да биде лош сам по себе ? Можеби ако се оди по логиката, да беше од Бог создадено се тогаш сигурно ќе беше добро, но вака како човечка креација или измислица може и да е зло? Тоа е логичната недоумица!  Е да, логично, но без Божјо допуштение може ли нешто да се создаде? Ако пак е со Божјо допуштение нешто создадено, денес, по истата логика на создавање на сé ќе е прегледано од Бог и увидено дека е добро, и ставено во употреба како и во Шестодневот, бидејќи повеќе од сигурно е дека Бог по создавањето на светот не кренал раце од сé, и не оставил од созданието да настане хаос. На крајот на краиштата, што е толку ново создадено и покрај тоа што изгледа како светот наеднаш набрзина да се развил во последниве две столетија? Се што е создадено во изминативе два века е создадено од нешто што Бог го создал, што го повикал од непостоење во постоење. Создателот ни од што во постоење привел сé, затоа и материјата е приведена во постоење и создадена од Бог, и создадена е како добра, а ние личности во кои е втиснат образот Божји, како  да ја обликуваме материјата не можеме да ја направиме зла сама по себе. И сега ако сето ова го изложиме онака како што е по Божја промисла, и ако го усвоиме како знаење, ќе се зачуваме од повторното роптање како оние умови што инквизициски размислуваат кako своевремено западната црква, па се борат против технолошкиот развој и мисла, или пак како оние што заоѓаат во зилотизам (т.е. оние кои сметаат дека нема потреба од ништо ново на светот, и кои се сметаат за ревнители кон фундаменталната вера со штурото образложение дека тоа ѓаволска работа односно дека се користи и наведува само кон ѓаволот) или пак како дуалистите кои учат дека од Бог е само доброто создадено, а материјата како зло пак од ѓаволот, па така секоја материјална иновација ја сметаат за ѓаволска измислица. Сите овие три начини на размислување Црквата ги разгледала и увидала дека се погрешни и ги отфрлила. На пример, колку и да изгледаат некои работи како зло ако се потрудиме да размислиме околу нивната основна употреба, всушност ќе знаеме зошто Бог ги дозволил. Нели отровот иако изгледа зло, тој е основа на цела фармакологија? Нели оружјето она најпримитивното изработено од камен, па преку железното, бронзеното оружје му служело на човекот да се одбрани од дивите зверови или пак за лов за да обезбеди месо за прехранување?  И каде гледаме тука зло? Подоцна и огненото оружје повторно требало да ја има истата намена или пак една хумана првенствено за одрзување на мирот со стравот што владеел од неговата употреба (имајте го в предвид изумот на Нобел). И сега употребив збор употреба, а тоа е клучен збор кој треба да ни дообјасни се, односно треба сé да ни се разјасни кога ќе го откриеме неговиот антином злоупотреба. Значи ништо што е создадено и измислено не е зло само по себе, туку сé што може да се употреби може и де се злоупотреби.

Не се далечни времињата кога одреден круг на екстремно побожни луѓе ја отфрлаа телевизијата како нешто ѓаволско, а денес многу цркви имаат свои телевизии, а уште се поблиски времињата во кои имаше и има отпор против интернетот, со небулозата дека и тој бил ѓаволски. А, ако на него се стават како што се веќе и ставени преводи на многу јазици од Светото Писмо, разни светоотечки текстови, современи теолошки размислувања, информации за разни верски настани и прослави, христијански веб страници, портали, блогови што има лошо или ѓаволски тука? Ако нешто се користи во добро, ако некому му користи на полза, зошто би било ѓаволски? Некој обвинува за сајбер духовништво. А да си најде и сам одговор таквиот преку прашањето зошто апостолите ги запишале своите евангелија, зошто пишувале и праќале соборни посланија? Нели сето тоа било со цел Евангелието и посланието да стигне онаму каде што не може и самиот апостол? И што е проблемот со сајбер духовништвото? Нели е само посовремен и побрз начин на ширење на христијанството? Што треба да прави духовништвото во денешно време, да се затвори во црквата и да проповеда само од црковниот амвон и постојано да го слуша една и иста група на верници кои редовно ја посетуваат црквата? Така ќе остане проповедта ограничена, и не ќе може да ги пробие границите на онаа постојана група верници. Треба ли и да се оди од врата на врата за да се проповеда или можеби треба да ја почитуваме слободната волја на секого слободно да се определи за Бог или без Него или не дај Боже против него?

Според мене, интернетот (и Порталот) на него е едно мошне добро средство за христијанска мисија во денешно време бидејќи до крај се почитува нашата слободна волја. Ако сакаме да научиме нешто или да се консултираме околу верата ќе кликнеме на интернет и ќе побараме она што ни треба, а доколку не сакаме да научиме нешто за Бог и верата никој нема на сила да ни отвори некоја побожна верска страна.

За крај има ли потреба да пишувам за оправданоста и полезноста на постоењето  на интернетот и верските страници, портали и блогови? Па седнете и избројте ги светоотечките текстови, преводите, авторските текстови и беседи, информациите од разни црковни чествувања, прашањата и одговорите од он лине разговорите со духовник, коментарите од активното учество на читателите и што ли уште ПРЕМИНИ-ува на овој портал за изминативе 5 години колку што постои, видете го бројот на посетители, видете го бројот на Facebook пријатели и споредете го со бројот на било која активна парохија. Има ли потреба уште нешто да кажам?

п.с. Добро е да се учи и on line за верата, но сето тоа и да се практикува во живата Црква. Мисијата може да биде и сајбер во денешно време, но Црквата Божја и по милиони години нема и не може да биде сајбер. Црквата е Самиот Христос, Негово Тело и Крв со Кои благодатно живееме.

Честит роденден!

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 648
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

« »