логоFacebookTwitterYouTubeeMail


  
 
Знајте: Земјата не му припаѓа на човекот, туку човекот и припаѓа на Земјата. На неа сите нешта се поврзани како што крвта го соединува секој од нас. Човекот не ја сплетол мрежата на животот, тој е едвај една нејзина нитка. Што и да и направи на таа мрежа - си прави и на самиот себеси!
     
Бидна средбата во Копенхаген. Бидна токму онака како што претпоставуваа песимистите: од една страна, традиционално богатите земји од Северна Америка и Европа (воедно и најголеми загадувачи во изминатите 200 години) што се залагаат за итни мерки; од друга страна, новите економски суперсили од Азија и Латинска Америка, чијшто развој поради овие мерки (коишто претставуваат низа од индустриски, технолошки и финансиски откажувања) би бил забавен; од трета страна, сиромашните земји во развој, кои немаат економска сила за пренасочување на својата индустрија (па затоа бараат од богатите држави, одговорни за загадувањето, да го споделат со нив финансискиот товар за еколошко-технолошката транзиција).

Во недостиг од глобален компромис, американскиот претседател Обама склучи парцијален договор со Индија, Кина, Бразил и Јужна Африка, во кој начелно беа одредени мерките што овие пет големи држави треба да ги спроведат во борбата против глобалното затоплување. Во говорот што го одржа по самитот во Копенхаген, Обама овој договор го опиша како „значен чекор“ - иако тој не задоволува ни половина од целите што требаше да бидат постигнати на овој самит: ограничување на растот на температурата на 1,5 Целзиусови степени на глобално ниво, ограничување на нивото на атмосферскиот јаглен на 350 ппм, како и финансиска „климатска“ помош за неразвиените земји во износ од 1,5% од бруто-приходот на богатите држави.

Угледната журналистка (и жесток критичар на корпорациската глобализација) Наоми Клајн во својата колумна во „Гардијан“ директно го обвини Обама поради колебањето да ја пренасочи американската индустрија од користење фосилни горива кон други енергетски извори, односно одбивањето да ја преземе улогата на светски промотер и лидер во тој процес.

Добар дел од светската јавност го споделува разочарувањето на Клајн - но сé уште има и такви скептици каков што е чешкиот претседател Вацлав Клаус, кој стравот од глобалното затоплување саркастично го нарече „нова религија на политичката коректност“.

Во сета таа збрка, позицијата на Обама е особено деликатна: во својата борба против глобалното загадување тој од една страна се соочува со раштиманата меѓународна какофонија, а од друга со немањето јасна поддршка од страна на американскиот Сенат. Што би рекол нашиот народ: „Угоре високо, удолу длабоко“. Како генерал без војска.

Слушајќи го посткопенхагенскиот говор на Обама, се присетувам на говорот на еден друг голем лидер од американската историја - поглавар Сиетл. Кога во 1854 година гувернерот на државата Вашингтон побарал да ја откупи земјата на која живеело индијанското племе Сквамиш (територија на која се наоѓа денешниот град Сиетл), нивниот поглавар одржал говор што ќе влезе во светската историја и на кој ќе се повикуваат генерации еколози (вклучувајќи го и Ал Гор). Говорот е предолг за да застане во оваа колумна, но еве неколку најинтересни извадоци:

„Како можеме да го купиме или продадеме небото? Или пак земјата? Ваквата идеја нам ни е туѓа. Доколку ние не ја поседуваме свежината на воздухот или жуборот на водата, како тогаш можете да ги купите од нас? Секој дел на оваа земја е свет за мојот народ. Секоја светкава борова игличка, секој песочен брег, секоја магла во мрачните шуми, секоја ледина, секој ѕунечки инсект - сите тие се свети во сеќавањата и искуствата на мојот народ...

Доколку ви ја дадеме нашата земја, запомнете дека воздухот нам ни е скапоцен - бидејќи тој го споделува својот дух со сиот жив свет што го проникнува. Ветерот што му го дал првиот здив на нашиот предок исто така ја примил и неговата последна воздишка. Ветерот исто така им го дава на нашите деца духот на животот. Ако ви ја дадеме нашата земја, тогаш вие ќе морате да ја сочувате како одделно и свето место на кое човекот ќе може да доаѓа за да го вкуси воздухот, кој е засладен со ливадски цвеќиња.

Дали вие ќе ги воспитувате вашите деца онака како што ние ги воспитуваме нашите: дека Земјата е наша мајка? Доколку несреќа ја снајде Земјата, истата несреќа ќе ги снајде и сите синови на Земјата.

Јас имам видено на илјадници мртви бафала, застрелани од белите луѓе од возовите, оставени да изгнијат во преријата... Каков ќе биде тој иден живот во кој нема да можеме да го чуеме рикот на животните и песната на птиците?

Знајте: Земјата не му припаѓа на човекот, туку човекот и припаѓа на Земјата. На неа сите нешта се поврзани како што крвта го соединува секој од нас. Човекот не ја сплетол мрежата на животот, тој е едвај една нејзина нитка. Што и да и направи на таа мрежа - си прави и на самиот себеси!

Една работа ние знаеме: нашиот Бог е исто така и ваш Бог! Нему Земјата му е скапоцена, и затоа: да ја повредиш Земјата е исто како да си искажал презир кон нејзиниот Творец“.

Говорот на поглаварот Сиетл е говор на опомена, изговорен пред 150 години, во времето кога само најмудрите можеле да ги предвидат можните последици на индустриската ера.

Говорот на претседателот Обама е говор на утеха, одржан во моментот кога ни преостануваат едвај четириесетина години за да ја спасиме планетата од штетата што и ја нанесовме.

Но на светот денес не му треба ни опомена ни утеха - на светот му треба акција, бидејќи за само неколку децении може да биде доведен до работ на една огромна бездна. Во таа бездна дури и зборовите на безумникот Клаус ќе станат точни: глобалното загревање навистина ќе стане религија, бидејќи тогаш само Господ Бог ќе може да ни помогне!

Но ќе биде доцна за молитви, бидејќи (како што нé предупреди одамна покојниот Индијанец) со своите варварски постапки ние тој Бог дебело го навредивме.
Авторот е режисер и сценарист

Дарко Митревски

Извор: Нова Македонија

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 845
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1119
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 1065
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

Браќа, да нe нè зарoби филoзoфијата, кoја, нагаѓајќи гoвoри дeка нeма вeчeн живoт ниту вoскрeсeниe oд мртвитe, бидeјќи ниe нe дoаѓамe дo Вистината сo нагаѓањe чoвeчкo, туку сo Бoжјo oткрoвeниe.

БEСEДА  за живата надeж

БEСEДА за живата надeж

Нo, кoј дeнeс им пoкажа живo надeвањe на луѓeтo, кoј и какo? Апoстoлoт Пeтар oдгoвара на oва прашањe: “Гoспoд наш Исус Христoс и тoа сo вoскрeсeниeтo oд мртвитe. Никoј друг...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

« »