логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 vozdvizenie.jpg

МЕМОРИЈА
Според аскетското предание на Црквата, ова не го кажувам јас, секој секого осудува според страста која ја поседува, затоа да не се лажеме кога за некого нешто негативо ќе истакнеме дека истата таа карактеристика т.е. страст не е влезена во нашето срце .

Како по црвениот октомври кога некој политички комесар јасно убеден и по дифолт морално чист согласно политичката убеденост од удобна фотеља со сите нејзини привилегии ти ја определува моралната ем политичката подобност за твоето место во општеството, и ти укажува каде си се огрешил, а не ти нуди решение што треба да направиш /освен кодошењето, кое не го сметам за доблест/, така и денес постојано се редат колумни, што во дневните, што во неделните печатени медиуми, каде веќе нема /а, не велам да ги нема/ политичка тема од одредени колумнисти, а да не се доведе во врска со Бог, Црквата, верата, свештенството редовно со сите  од нив налепени маани се третира како нешто ретроградно. Ќе прочитате за возниот парк на црковната администрација, за високите такси при извршувањето на црковните треби, за тоа кого треба да нахраниме, а кого да напоиме, дека просто веќе не се распознавало кое е свештеник, а кој бизнисмен, па дека сме слугувале на политички и овоземни богови, сме предизвикувале судири итн. итн. Не дека со нешто не сме дале повод за соблазна, или за критика, можам еве да ја посочам колумната на Митрополит Пимен „Време е за критика врз нас свештенството„ во која самокритично се укажува во кој дел пастирски ја промашуваме целта. Но исто така не мислам дека е потребно да повикаме камери и новинари или да се фалиме пет пати дневно од по десет минути сторија кога Црквата, /а, поединечно и повеќето епископи и свештеници/ материјално ја помагаат некоја личност која е загрозена дали од здравствени, социјални, семејни или имотни причини, или пак на некого му плаќа рата за кредит за да не случат други потреси во семејството. Овие случаи за жал, ги има и секојдневно и месечно, може и треба да се помогне на сите личности кои се обратиле за помош откако претходно на духовен план сме се запознале со нивната состојба преку светата тајна исповед и доколку се подготвени да водат литургиски живот, но секако и да не пристапат светотаински, должни сме да ја покажеме милоста во Христа Спасителот. Има и личности кои ја злоупотребуваат помошта, особено ако не може таа веднаш да се реализира, или ако можело да се помогне само еднаш. Се помага и на луѓе кои и не се христијани, се во слава на Бог. Ова нема да го сретнете во ниедна колумна или новинарски осврт, бидејќи нема стил за негативно озборување, а според напумпаното убедување ќе ви кажат дека е невозможно тоа да се случува, бидејќи поп само зема, а не дава. Но, секој нека си мисли како што знае, а Христовта порака дека сиромашните се секогаш покрај нас и кога сакаме можеме да покажеме милост кон нив, важи за секого и тука не може некој да си бара извинување, а особено не оној кој со критика бара некој друг тоа да го стори.


Сега да проговорам за Мапет-шоу критизерството од балкон, но претходно да укажам на една реплика од еден филм од бившиве ни простори, кога еден платен војник, поранешен криминалец и заради укорот кон него за неговото минато, му одговара на комадирот со морално-политичка подобност зошто се случила војната, и вели, додека ги уживавте /како црвена буржоазија/ сите привилегии и ги возевте најдобрите автомобили, ги имавте најдобрите жени, живеевте со државни пари....сега кога сето тоа го прокоцкавте барате да се занимавате со чесност, и си играте војна.... Многу лесно некого да искритикуваш, да дискредитираш и омаловажуваш и осудуваш, да го посочуваш за грешник. Христос вели, не судете за да не ви се суди, со каква мерка мерите со таква ќе ви се мери, и особено оној дел кога Господ вели, прво извади ја гредата од твоето око, па потоа ќе видиш да ја извадиш раската од окото на брата си. Не сакам да звучам фарисејски, но по сите оние еднолични критизерства на Црквата, верата, свештенството или како некој милува да го напише во латинизирана форма, клер, а кои постојано се поврзуваат со било која политичка случка во државава, морам да укажам дека некои од овие кои тоа го пласираат во колумна беа на високи државни позиции, донесуваа закони какви што донесоа и се случи транс-зиција, некои имаа пратенички или владини плати со се што следува, хранарини, патарини, хонорари за седници и комисии, некои се возеа и возат марка убави па и  државни коли, некои членувле во разно-разни комисии и управни одбори на јавни и државни претпријатија за што исто така биле платени, некои биле и амбасадори со сите почести и привилегии, некои менувале партиски дресови, некои членуваат во разни невладини организации, некои активно пишуваат колумни, за  сето време се врти една песна од групата Меморија: шушки ваму, шушки таму, мувај лево, мувај десно, врти сучи, купи-продај, стави ... за сега пак од некои удобни образовни фотељи ставајќи се во улога на големиот брат да се занимаваат со моралната страна на Црквата, верата, свештенството, да не ставаат во секоја конотација и политичка игра која демек не може да се одгатне загатката за лудиот и збунетиот, а во таа нивна игра општеството и државата и се во него и во неа остануваат да бидат глаголска придавка меѓу лудиот и збунетиот. Сега со некои колумнистички совети се бара Црквата, верата и свештенството да се прогласат за причинители или пак дека не дај Боже дека сме ја благословувале невработеноста, лошата приватизација или пропаст на некоја фирма, за проблемот на јужниот сосед, за конфликтот и за војната, и по своја воља можат да допишат за што уште сакаат и како сакаат и по сто пати истото нека го повторат, нема да ги осудиме, но нека не очекуваат да не реагираме, ниту пак да се надеваат дека повторно ќе не пикнат во катакомби.


Според аскетското предание на Црквата, ова не го кажувам јас, секој секого осудува според страста која ја поседува, затоа да не се лажеме кога за некого нешто негативо ќе истакнеме дека истата таа карактеристика т.е. страст не е влезена во нашето срце. Можеби е мала, или со послаб интензитет присутна, но сепак тоа е гредата во нашето срце кое треба да ја извадиме, да го очистиме срцето наше. Потоа, ќе можеме да му помогнеме на нашиот ближен да ја извади раската, но не со осуда туку со сведоштво на очистеното срце преку молитва и пост и исполнување на Христовите заповеди.


П.С. Оние што сакаат да бидат како милостивиот Самарјанин, нека бидат, но и не и да го глумат или да бараат друг за нив тоа да биде.

ѓакон Горан Стојчевски

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 642
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

    Остатокот од времето поминато надвор од молитва, на оние кои немаат непрестајна умно-срдечна молитва, Црквата им го покрива со послушанието. Оние кои го чистат своето срце од страстите, го...

« »