логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Матура

Детето е матурант и тука нема што да се размислува колку треба да се изарчиме за прослава, а за годината претходно, кога требало детето да оди на екскурзија, родителите се размислиле дали да го пуштат поради трошоците. На неа барем детето и ќе прошета и ќе научи нешто. Убаво е да, но тоа соседите не го гледаат


Па добро, луѓе, за кого живееме? За нас или за соседите? Од каде и зошто, пак, сега ова? Да бидам искрен, матурските прослави на завршниот испит како успешен крај на средното образование кои се приближуваат, мене ме мотивираа да си го поставам ова прашање. Но, не матурските испити или екстерното оценување на матурантите кое преку протест се потрудија да го отфрлат за својата генерација, туку оние кич-паради, оние мали свадби што ги прават матурантите, поточно нивните родители. Матурските испити уште ги нарекуваме и испит на зрелоста, но еве и тука уште едно прашање. Чија зрелост? На матурантите или, пак, на нивните родителите? На што се' сме подготвени како родители за чест на соседите и пријателите? Ќе се подигне и кредит и ќе се плаќаат рати и камати на кредитот во ова неизвесно време што ни следува сред светската рецесија (што кај нас транзиционо од поодамна си трае) и ќе организираме матурска прослава за децата на која ќе поканиме стотина роднини, пријатели, колеги и соседи.

А за сите нив да ги пречекаме, нагостиме и задоволни да ги испратиме, или неколку дена со ред дома ќе биде едни испрати други пречекај, или пак како побезболна варијанта ќе закупиме ресторан, па ќе им извадиме и „од пиле млеко“ што се вели, но слабост нема да покажеме. Нема да им дадеме на сите ним (поканети роднини, соседи и пријатели) да се посомневаат дека немаме пари за прославата и понатаму да озборуваат за нас насекаде. Логиката: кога имале сите тие (поканетите гости) пред некоја година да го направат тоа за своите деца, ние - ако не повеќе - барем исто толку мора да се покажеме. Па малку е грижата и трошокот околу сето ова, па ќе треба и свечена скапа облека да се купи, обично за една до две употреби, бидејќи потоа во поголем број случаи не знам кога ќе имаме можност истата повторно да ја облечеме, најверојатно можеби на некоја свадба кај некој близок и тоа ако е истото лето, оти веќе в година или ќе ставиме некој килограм повеќе или, пак, на таа облека ќе и' мине модата. Важно плакарите за наредните неколку години сигурно ќе ги пополниме.

И добро ќе беше тука да завршуваше се', но продолжува понатаму. Сега треба и за партнерот/ката да се купи подарок, веќе се трудиме да не биде скромен, потоа да се замоли некој од поимотните ближни кој има подобар автомобил да ги однесе до цвеќарница, па со букетот в раце до партнерката за да ја земат од дома, па така фатени под рака да излезат на парадата. А на таа свеченост, барем во помалите градови, се собираат сите во жири и публика бидејќи тоа е еден од главните настани во годината кога дотераните матуранти дефилираат, па со тоа даваат повод потоа неколку месеци за трач-муабети и озборување кој како бил облечен, од каде му е облеката и колку чини.

Детето е матурант и тука нема што да се размислува колку треба да се изарчиме, а за годината претходно кога требало детето да оди на екскурзија родителите се размислиле дали да го пуштат поради трошоците, а на неа барем детето и ќе прошета и ќе научи нешто. Убаво е да, но тоа соседите не го гледаат. На ваква (за мене) пародична грижа и' нема крај, па се' помасовно зема замав и прославувањето на полуматурите. Додуша, малку поскромно од матурите, но секако се одбележува. Се прашувам кога ќе се досетиме, па да почнеме со организирање и прославување на четврт-матурите.

Поентата од примерот на нескромноста во прославувањето на матурите се однесува и на градењето огромни куќи, големи свадби, за крштевките врзани со првиот роденден, на кои и кловнови ќе повикаме од кои детето (барем на тој прв роденден) само ќе се исплаши и ќе плаче, но сме виделе на ТВ дека во Америка така се прославува, па се трудиме да им овозможиме на пријателите и соседите да видат дека кога се има доволно пари тоа можеме и ние да си го дозволиме. Дури овој натпревар во непотребно трошење се појавува и на погребите и на помените за покојните, но за тоа подетаљно во некоја друга пригода.

Во меѓувреме е донесен Законот за екстерното оценување, кое попатно сметам (но, тоа е мое лично мислење) дека е добро за да се зајакне и поправи критериумот во оценувањето, освен ако се нема некоја друга намера. А сега, што тоа доцна е објавено е друго прашање. Матурантите констатираа дека доцна им е соопштена одлуката од законот, а и тоа дека ќе немаат време да се подготват за овие испити бидејќи треба да се подготват за матурските испити и за приемните испити, затоа експресно се организираа и масовно излегоа на протести. Искрено ме воодушеви тоа што така брзо се организираа и навремено излегоа пред Министерството за образование и што чесно рекоа дека се против тоа, бидејќи доцна им е соопштено. Со сето тоа ја постигнаа целта. Успеаја да го натераат законодавецот да признае дека е направен пропуст поради промашениот временски рок за објавување, а истиот, имајќи разбирање за ова единство на средношколците од оваа генерација, се повлече од одлуката.

Арно ама, другите генерации по нив, како и дел од нивните професори и родители оваа малку поинаку го протолкуваа. Го протолкуваа дека под притисок ќе се постигне и целосно укинување на оценувањето за сите генерации, па ден подоцна веќе и тие излегоа пред Министерството да го гранатираат со јајца. Тие ќе фрлаат јајца по Министерството, а нивните родители ќе се жалат дека толкава сиромаштија фатила што се нема пари ниту за Велигден да се купат јајца за вапсување.Настрана сето ова, да се вратам на матурантите како главна тема. Верувам дека сега, откако добро се организираа и кога со добро образложение ја постигнаа целта, ќе им се зголеми и самодовербата и дека ќе сфатат дека тие навистина може и треба да бидат најкреативниот слој на општеството, пример и важен фактор за тоа како да останат единствени. Но и дека ќе разберат дека човек треба внатрешно да се разубавува, исполнувајќи се со добродетели и скромност, а не само со облекување во скапи матурски облеки, животот носи неизвесности за кои треба да бидеме подготвени во добро и во лошо, и кога имаме, но и кога немаме.

Искрено верувам дека оваа самодоверба што ја стекнаа по постигнатиот резултат ќе ја зајакне нивната личност за потоа, со таа изградена самодоверба да се заложат пред своите родители и да ги разубедат да не се расфрлаат непотребно со организирањето на домашните матурски прослави, туку да им ги заштедат тие пари и да ги вложат во нивното универзитетско дообразование. Така еден ден тие ќе се гореат што нивните деца се образовани, а децата благодарни што им се овозможила таа шанса да се доусовршуваат, а општеството ослободено од расфрлањето, во рационалноста на трошењето и скромноста ќе биде побогато и посреќно.Едно време имаше една изрека: народ што има ваква младина не треба да се плаши за својата иднина. Но, очигледно, некоја младина кикснала, па еве сега се давиме во промашената иднина што ја живееме во овој момент. Дај Боже овие генерации да се тие што ќе не' одведат во попросперитетната иднина.

Со почит и длабока верба во нив, само ќе кажам:

Нека им е честита и од Бога благословена матурата!

Митрополит  Европски Пимен

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1190
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1735
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1152
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до...

Постои ли вистински авторитет за младите?

Постои ли вистински авторитет за младите?

Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано....

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор...

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и...

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

“Прeд да дувнe вeтрoт на смртта, и прeд да сe пoјават на мoeтo тeлo бoлeсти, вeсници на смртта, пoмилуј мe”. “Прeд да зајдe вeличeствeнoтo сoнцe на висoчината за мeнe, пoмилуј...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

На ничиј живот немаме право да носиме суд, ниту пак, такво нешто примивме во Црквата од апостолите и од учењето на Светите отци. И сржта на нашиот подвижнички живот –...

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Според светите отци на Црквата, едно вакво целовечерно стоење во молитва и во благодарност кон Бога, заменува цел четириесетдневен пост – се разбира, доколку човек се подвизува во будноста, трезвеноумието...

« »