логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Минатата седмица, претседателот на државата, господинот Стево Пендаровски изјави дека еден од условите да се биде министер во новата влада ќе биде: „Сите министри, не само оние што се директно одговорни за европска интеграција, да бидат луѓе со висок демократски капацитет и проевропска ориентација“. Таа изјава, во согласност со наднасловот на серијалов, („скици за човекот“) ме поттикна на размислување: што всушност значи да се биде човек со „проевропска ориентација“, од еден поширок, човечки аспект?
За жал, во изјавите на политичарите изразот „проевропски ориентиран“ се стеснува и значи само „човек што ги прифаќа политичките идеи и ги одобрува политичките постапки на Европа“, а исклучува секаков друг вид европска еманципација, од спортот (европски спортист), преку образованието (европски образован човек) до науките и уметностите (некој е уметник или научник од европски ранг). Така, изразот „проевропски ориентиран“ се редуцира на „политички човек“, а тоа имплицира дека сите оние што не припаѓаат на некоја партија што се декларира како проевропска, се „неевропски ориентирани“, што не е ниту логички, ниту праксеолошки точно. Постојат и уметнички, интелектуални, спортски, индустриски, стопански ЕВРОПСКИ стандарди. Многу повеќе е „европски ориентиран“ оној што преку својата професија веќе направил (пред тоа да го стори политиката) да се чуе за Македонија во Европа, од оној што само ги усвоил политичките принципи на Европа. Зарем нашите спортски и не само спортски „европски шампиони“ не се, без разлика на партиската (не)припадност, веќе „проевропски ориентирани“?

Според тоа, за мене, „проевропски ориентиран“ не е само оној што тропа на политички таламбас и на сет глас извикува: „Јас сум за Европа“, без да знае, од свој личен, ПРОФЕСИОНАЛЕН опит што значи Европа. Освен тоа, бесмислено е да се извикува: „Ја сакам Европа“, а притоа да не се сака Македонија, зашто тогаш се заборава дека целта е токму Македонија да стане членка на таа Европа. Затоа, би требало да се извикува не само: „Ја сакам Европа“, туку: „Ја сакам Македонија, во Европа“. Сѐ друго би било гротескно: како капетан што го потерал својот брод кон целта, ама ги заборавил патниците.
Во изјавата никаде не стои дека пресуден критериум за добра влада не е голата политичка декларација за „проевропска ориентација“, туку СТРУЧНОСТА и СПОСОБНОСТА на министрите. Искрено верувам дека тоа само по себе се подразбирало и затоа не е кажано во изјавата. Зашто, што ќе ни се „проевропски“ министри ако не знаат да се потпишат? Ќе продолжиме ли со негативната селекција, според која политички подобните, наместо способните ќе стануваат министри? Имав во Влае за сосед младо момче, „доктор“ за компјутерски програми, кој замина во Јапонија и таму беше прифатен како ИТ-гениј.

Зар тој не ќе може да биде ништо во нашата влада, оти очигледно е дека е „источно“ ориентиран: научи јапонски и дури се ожени таму, со Јапонка. Зарем оној млад Македонец што докторирал на францускиот симболизам не е веќе, со својата образовна квалификација, „проевропски ориентиран“, без разлика дали членува во некоја партија? Дали неговото познавање на Рембо, Маларме или Бодлер е недоволна квалификација, па ако партиски не се декларира како „проевропски ориентиран“ ќе отпадне од списокот кандидати за идни амбасадори во Париз или министри за култура? Не смееме да го ставиме образованието под оваа гилотина, зашто таа ги дели луѓето во вредносна смисла, на политички „проевропски“ (натценување) и „непроевропски“ (потценување).
Трето, поимот „проевропски ориентиран“ логички не само што не го исклучува, туку во согласност со самите европски демократски принципи нужно и го вклучува поимот „проевропски КРИТИЧКИ ориентиран“ човек. „Проевропски ориентиран“ не значи оној што догматски и без критичко расудување прифаќа сѐ што како политичка стока, без царина или гратис му доаѓа од Европа.

Крајно веројатно е дека и најразвиена култура може да произведе интелектуална фелер-стока, особено во идеологијата, од која се ослободува извезувајќи ја кај „примитивните племиња“. Словенците, кои се веќе дел од ЕУ, ја избегнаа догмата „ако е западно тогаш е идеално“, па затоа беа критички расположени кон Болоњската декларација за високото образование. Ја прифатија, но со гласни забелешки и со усогласувања кон нивните државни потреби. Тоа е најнормално демократско право, дури и обврска на интелектуалецот – да го критикуваш не само „непријателот“, туку и она на кое му припаѓаш, се разбира, за да биде подобро. Да не беше така, Ноам Чомски немаше да ги критикува САД а и самиот да биде важен дел од таа култура, пред сѐ како првокласен генеративен лингвист. Може некој да биде и задоен со завидно класично европско образование како Освалд Шпенглер, па сепак култната, антологиска книга да му се вика „Пропаста на западот“.
Кога сето ова ќе се земе предвид, се поставува прашањето: кој ќе решава кај нас за тоа дали е некој „проевропски ориентиран“ или не? Некоја партиска комисија? Што ќе прави таа комисија со некој искрен русофил и словенофил (каков што беше Гане Тодоровски, кој беше дури и наш амбасадор во Москва), а препеа десетици важни западни поети на македонски, па беше нарекуван „македонски поетски цар“ низ цела интелектуална Европа?

А што ќе правиме со космополитите? Космполитизмот е поширок поим од поимот „проевропска ориентација“. Што бил Гоце Делчев со онаа максима за културен натпревар меѓу народите – националист или космополит? Што бил „националистот“ Крсте Мисирков кога 31 година пред Карл Билер знаел за прикажувачката, емотивната и апелативната функција на јазикот? Зарем не бил лингвист од светски калибар, космополит во врска со сфаќањето на автономијата на народите, а сепак пишувал за својот, македонски јазик и народ? И конечно, страшно ќе биде ако оваа лажна диференцијација на „напредни“ и „конзервативни“ почне да се применува како „вредносен суд“ во уметноста (а веќе почнаа: еден наставник скрати една „политички неподобна“ строфа од песна на Петре М. Андреевски, а има случаи и на други „непожелни“ уметнички дела, но за тоа другпат).

Тој политички клуч за читање на уметноста е, се разбира, врвна глупост. Еве зошто: откако Анте Поповски го испиша својот антологиски стих „И ѕвездите шепотат на македонски“, прашањето дали е тоа национализам (затоа што еден мал национален јазик се раширил до ѕвездите) или е космополитизам (затоа што во центарот на песната е универзумот), нема никаква смисла. На сите на кои тој стих „им мириса“ на национализам, а не на „проевропска ориентација“, им препорачувам мал тест. Замислете дека славниот светски поет Тед Хјуз го напишал истиот стих на англиски и дека тој кај него гласи: „И ѕвездите шепотат на англиски“. Зошто ви се чини дека тоа тогаш е космополитизам, а не национализам?

П.С. За крај, и една јазична препорака: поверно за духот на македонскиот јазик е да се каже „европски насочен/настроен“ одошто „европски ориентиран“, зашто коренот „ориент“ значи – Исток, а Европа уплав има да ја споредуваат со него. Затоа и изразот „западно ориентиран“ („западно свртен кон исток“), е contradicitio in adjecto, како „железно дрво“. Ориентацијата сепак симболички му припаѓа на Истокот, изгревот. На запад, симболички гледано, сонцето заоѓа, а ориентацијата, како што е познато, ноќе се одвива само според ѕвезди.

 

Друго:

Венко Андоновски: Скици за човекот ...

Венко Андоновски: Капитулизам на материјата, капитализам на духот! ...

Венко Андоновски: Петре и идиотите ...

Венко Андоновски: Вирусот е интелигентен, човекот бесчувствителен ...

Венко Андоновски: Бриши го ...

Венко Андоновски : Талент и самоубиство! ...

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5794
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6614
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6394
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5592
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная