логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Секој ден – Мамонден

 


Несомнено, поконзервативните меѓу нас би можеле да се соблазнат кога уште во почетокот ќе прочитаат дека моево пасхално размислување ќе им го посветам на парите. На таквите однапред им се извинувам што наместо да пишувам за возвишеноста на смртта и воскресението на Спасителот и за онтолошките импликации на истото ќе пишувам за една толку секојдневна и „реална“ тема како оваа. Секако, тоа не го правам без причина: За мене Велигден е празник на реалноста во најпотполната смисла на зборот, кој е онолку релевантен за мене како христијанин колку што е неразделен од секојдневието. Со други зборови, доколку „секој ден не е Велигден“, туку само еден ден во годината, своевиден ексцес во мирниот тек на деновите од годината – тогаш јас категорично одбивам да празнувам еден таков „празник“. Се додека секој ден од мојот живот без остаток не стане Велигден, жива икона на Христовата смрт и Воскресение, се дотогаш празнувањето на денешниот празник е лишено од било каква посериозна богословска и философска смисла.

Но, кој е тогаш „празникот на реалноста и на секојдневието“ денес, кој е стварниот „велигден“ на мнозината кои решиле еднаш во годината да се „продуховат“ со тоа што ќе се соберат пред некој православен храм и „ќе се кршат со вапцани јајца“? Уште подиректно: Кој е празникот на бесмртноста, на смислата, на добрината, на убавината денес? Одговорот ќе го најдеме на секој чекор околу нас, на секој агол, на секој билборд, во секое списание, во секој дуќан и мол; на работното место и надвор од него, во домот, на екранот, во односите со оние кои ги сакаме и со оние кои не ги сакаме, во јавниот и во приватниот живот, во задоволствата и во болките, во здравјето и во болеста, во мирот и во војната, во животот и во смртта. Тоа е празникот посветен на безнадежно љубоморното божество кое од своите поклоници бара потполна посветеност, кое во безобразно антихристовски манир повела сите до еден „самите себеси и севкупните свои животи нему му ги предадат“ како би му служеле секогаш и во сѐ без исклучок. Тоа е божество без лице, без душа, без тело – непостоечко божество кое како црна дупка голта во себе сѐ постоечко: нашиот труд, нашите денови, нашите љубови, нашите соништа, нашето секојдневие, нашата реалност. Божетвото има древно име: Мамон, или бог на парите.

Овие редови ги пишувам живеејќи во град, во кој на ден Велигден има долги колони на касите во „Рамстор“; во земја во која не е забрането продавниците и супермаркетите да работат во недела (што, патем, во „секуларна“ Германија е незамисливо); во која на истиот тој ден градежните работници и понатаму висат на нивните скелиња, независно од тоа дали тие се поставени пред некоја приватна зграда, новоизграден музеј, или храм. Потполно се заборава дека почитта кон светото е истовремено и почит кон личноста на работникот, на оној кој чесно работи од понеделник до петок и кој има од Бога дадено право на семеен живот, на сон и на 1-2 дена одмор. Ги уверувам на време поупатените: Ова не е задоцнета православна рецепција на јужноамериканската „теологија на ослободувањето“, неславниот обид на група римокатолички богослови да создадат амалгам на христијанството и марксизмот. За моево согледување марксизмот е ирелевантен, пред се поради априорното отфрлање на онтологијата во својот метод. Наспроти тоа, тврдам дека денес сме сведоци на експанзијата на една онтологија на профитот, чие постоење има многу подлабока позадина од она што Маркс некогаш го дијагностицирал како проблем. Затекнати сме во една состојба на безостаточно условување на севкупната наша стварност од профитот, состојба чија природа е изразито религиска.

„Мерка на се“ станале парите: Успешен е оној кој има пари, неуспешен е оној кој ги нема; доблесен е оној кој секогаш се стреми кон повисок профит, за осуда е оној кој се задоволува со она што го има. Трогателен е еретичкиот буквализам со кој евангелската парабола за талантите може да се инструментализира во распространувањето на новата аксиологија на профитот. Тука не останува место за сиромашниот поет, за генијалниот уметник, за вистинољубивиот философ, за богољубивиот богослов, за интровертниот математичар, за лудиот пронаоѓач – кои „пропуштаат“ да го умножат својот труд, кои се задоволуваат со толку малку и кои не допуштаат било кој да заработува преку нив: ниту влегуваат во „блаженството“, ниту допуштаат некој друг да влезе.

Како и во секоја религија, и тука сите дејствија на личноста треба да бидат осмислени од божеството на кое тие му се принесуваат. Доколку нашата работа нема оправдание во профитот, доколку таа не „носи пари“ – тогаш таа е лишена од смислата! Станувајќи критериум на етиката, одредувајќи што е добро, а што лошо, профитот се наметнува и како критериум кој се дрзнува да ја одреди и смислата на човечкиот живот и неговата крајна цел. Доколку една работа не носи профит – таа работа не вреди ни да се работи; доколку еден човек не остварува профит, или не придонесува за остварување на профит во општеството – тогаш која е смислата на постоењето на тој човек? Се чини дека античката философска маскима: „Непреиспитаниот живот не вреди да се живее“ почнува полека но неповратно да преминува во: „Животот без профит не вреди да се живее“.

 

Извор: Православен пат

Друго:

Божествена Литургија во манастирот Успение на Пресвета Богородица

с.Матка- манастир  Успение на Пресвета Богородица на празникот на свети Георгиј Исповедник

 

 

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 640
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

    Остатокот од времето поминато надвор од молитва, на оние кои немаат непрестајна умно-срдечна молитва, Црквата им го покрива со послушанието. Оние кои го чистат своето срце од страстите, го...

« »