логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

презвитер Горан Стојчевски


ЗА ЗЕМЦКИТЕ РАБОТИ (а, НЕПОТРЕБНО)


"Голема предност е кога човекот се препушта во Божји раце! Луѓето си поставуваат цели и се трудат да постигнат успех, а не им паѓа на ум да се запрашаат каква е Божјата волја, ниту пак, сакаат да ѝ се прилагодат. Треба со надеж да Му се препуштиме на Бога, за Тој правилно да нѐ насочи, па сами да правиме сѐ што е потребно и тоа со голема посветеност. Ако човекот не се надева на Бога и не се препушти целосно во Неговите раце, ќе се мачи. Обично луѓето прво прибегнуваат кон човечката утеха, а кога ќе се разочараат од луѓето, дури тогаш се вртат кон Бога. Но, ако не сакаме да се мачиме, треба веднаш да бараме Божја утеха, бидејќи таа е единствената вистинска утеха. Не е доволна само верата. Надежта во Бога ја привлекува Неговата помош. Христијанинот верува и се надева на Него до упокојувањето, а тогаш јасно ја гледа Божјата рака која го спасувa."


свети Јован Кронштатски


Одамна не сум напишал нешто што е поврзано со политичка тема, можеби и не дотолку досадно долго, а и не треба, но ете, понекогаш сакале или не, не можеме да се издвоиме од настаните што не опкружуваат, иако без разлика на се треба да се стекне внатрешниот мир и покрај надворешните околности, како што велат светите отци. Но, јас барем не сум ниту на првото скалило од она на што поучуваат светите отци, бидејќи не треба да го пишувам и ова што го чинам низ редовиве, Господ нека суди. Сум споменал повеќепати низ цитати од некои учители на Црквата, дека најголем непријател на христијанството во овој свет секако е клеветникот, ѓаволот што се противи на човекот спасен со светот во Христа, но, секуларизмот е волкот во овча кожа којшто постојано сака да не удави особено кога сме надвор од трлото, или пак кога го внесуваме во трлото.

Овие зборови околу волкот, овците и трлото доволно ни се јасни од зборовите на нашиот убав Господ со најслатко име Исус Христос-нашата Блага вест, Евангелие...покајте се, оти наближи царството Божјо, или барајте го најнапред царствотото Божјо и се друго ќе ви се придодаде...Но, некако овие зборови на нашиот Спасител како да ни се само за внатрешна употреба, оти секуларизмот не ги сака, оти тој пак претпочита човечка правда, проповеда како што вели Господ на фарисеите, човечки повелби, та ние како неуки, иако Христови војници наместо да не се заплеткуваме во светските работи, и наместо да Му угодиме на Господа, пак сакаме да му угодиме на човек, и упорно си тераме партиско-политички, стратешко-политички, или сумирано, политичко-економски. Интересот на овој свет не е да ги умножи талантите од Бога, туку да ги умножи земните богатства. Умножувањето на талантите од Бога носат правда, мир и радост во Духот Свети, оти се плодови на Љубовта, растење во духовниот живот од очистување преку просветлување до обожување т.е. исполнување на десетте Божји заповеди во двете и основни Христови, Возљуби го Бог и возљуби го ближниот, тука во исполнувањето на ова Христово дело никој не страда, не губи, страда само нашата гордост, губи само високото мислење за себе, никој не осиромашува покрај богатството во Бога. Ете, гледаме зошто сиромашните ги имаме секогаш покрај себе за да им помогнеме, но ние го немаме Господа, ризницата на сите блага и затоа продолжува агонијата околу која се препукуваме по светот, немајќи го Бога ги осиромашуваме другите околу нас и духовно и материјално, а луѓе, ние треба да сме христијани.


Збор, два за ситуацијата во која се наоѓаме, може секој да си задржи своето мислење, моето е дека за сето она што ни се случува ние сме виновни, (христијанското, јас сум виновен) внатрешниот фактор секогаш пресудува, од сокровиштетото на срцето излегува добро или лошо, нели тоа е евангелски, надворешниот фактор кој мислиме дека е непријателски настроен е само сведок (секако, не маченик) допуштен од Бога да се вразумиме и да се покаеме. Едно време, кога јас растев како дете, имаше една изрека која денес си ја толкувам евангелски, тогаш беше користена идеолошки, чувајте го братството и единството како зеницата во своето око, но, потоа бев сведок, дека народоти и народностите самите, како што вели, еден наш балкан boy, си избра партии и водачи кои сите до еден во себе ја имаа националистичката идеологија, приватизација, НАТО и ЕУ како иднина, и сега кому да му се жалиме дека барем за себе велам, политички глупо сум избрал, и не можам да се жалам дека сум глуп. Историјата циклично се поклопува, неспроведувањето на православнотот братство и единство во Византија чинеше 500 години иноверно ропство, растурањето на она братство и единство врз св. Кирило-Методиеви корени од поново време, чини ропство во немање суверенитет и интегритет во одлучувањето, а платата и за едното и за другото наше евангелско непостапување се војните и страдањата. Литургиските самодлачувања меѓу помесните цркви заради секуларни толкувања на небесни закони, сеуште го имаат тој рецидив. Сега, имаме ситуација кога врвни наши професори, па и само професори, теолози, политиколози... се здружија против странскиот фактор во нашето тело, дека треба да ги протераме, и ги броиме нивните гревови во минатото и денес, а самите сме ги поканиле да ни бидат олеснувачи на нешто што ние би требало сами да го решиме, како што вели свети апостол Павле, толку ли немате некои достојни меѓу вас та се влечакате по незнабожечки судови. Навистина, ние самите како народ, па и сите значајни партии и лидери во своите програми го усвоиле секуларниот (меѓународно право) стандарт, врз основа на медијатори кои доаѓаат од онаму каде што ние се стремиме, а тоа е полтичка, економска и воена зависност, нашите претставници кои сме ги избрале сето тоа го изгласале законодавно-правно и толку, сега нема на што да се жалиме. Друга, работа, стана мода кај нас поради близината со верата и словенското сродство да се бара спас во Русија, и пак истиот, секуларен трик, спас во светот кој лежи во зло. Да, секогаш ќе ги чувствувам блиски моите браќа по вера и крв, но, да се надевам на нивните воени потенцијали на како на трет Рим, или Византија после Византија, мислам сите треба да имаме ум, тогаш што е со оние браќа и сестри православни по светот што никогаш нема да чујат за света Русија, во што сме подобри ние или Русите од нив, а тие страдаат и повеќе и од нас и од нив, дури и не по своја вина како нас. Уште поважно, што пак со сите луѓе, за кои како што вели св. Силуан треба да се молиме за да го стекнат Светиот Дух и да го познаат вистинскиот Бог преку Вистинскиот Спасител-Исус Христос за Кого ние треба православно да сведочиме со нашата љубов по која треба да бидеме познаени. Православен е начин на живот, или ако сакате кој е термин што произлегува од состојба на обожение (кое тешко се доспева), а ние ефтино го тргуваме со нација, држава и партија. Православие е она што вели св. Павле, ако љубов немам ништо не сум. Треба да знаеме дека Једин свјат, једин Господ, Исус Христос, во славу Бога Отца, амин...ниту земја, ниту нација споменуваме, туку треба ние да се осветиме во Христа. (Да се молиме да го заобиколиме „духот„ на профи-каноничари и типичари, па за браќата или ближните што страдаат од јуридички прогон, т.е. се „огрешиле„ по законот, и хулно да велиме шарала, сама си го барала, оти ќе ни се врати).
Навистина, жално што како христијани се навлековме на секуларизам, доведувајќи во раскол со Литургијата сиот наш живот (образование, воспитание, култура...теологија) кој на Христа Бога треба да го предадеме, та толку ревносно се впуштаме во заштита на нашите човечки правдини од кои самите со свој потпис сме откажале, проверете барем во поновата наша историја, не измислувам. Ако таа ревност со која се нафрламе на братот свој, та дури и на ближниот однадвор, а ја употребевме внатре во Црквата, тогаш Бог ќе го видеше нашето срце подготвено за очистување, ќе ни даде просветление на сите и ќе знаеме дека само едно е потребно, како што секогаш Дева Марија и Богородица избра да ги слага сите зборови Христови во своето срце, благодатно обожувајќи се. Со тоа Богородично послушание вистински ќе разберевме што значи барајте го најнапред царството Божјо...


Но, еве во цитатот на свети Јован Кронштадски во заглавјето, има излез, иако веќе поминуваме низ пеколот кои самите си го подготвивме („држи го умот во пеколот и не очајувај„-старец Силуан) надевајќи се на човечката правда (па, како сака нека се вика – законодавна, извршна, судска или меѓународно-руска), иако дојдовме до очај од луѓе, да поченеме да се надеваме на Бога и да предадеме се во Негови раце (...сиот наш живот и надеж Го полагаме во Тебе Владико Човекољупче...), секако тоа не е пасивност, туку многу, многу голема лична аскетско-исихастичка активност за наше очистување на страстите низ покајание и вклучување на целиот наш живот во соборниот живот внатре во Литургијата на Црквата, причестени со Телото и Крвта Христови, а знаеме дека она што око не виде, уво не чу и на човека на ум што не му паднало, Бог приготвил за оние што го љубат, т.е. радувајте се и веселете се, оти голема е вашата награда небесата. За оние, пак што веќе се вклучени во политиката можеби еден мој собрат кој спомна дека ќе напише нешто на таа тема, ќе споменам во најава, и таму во полтиката треба да останеме христијани, законадавната власт треба да е поврзана со очистување на срцето од страстите, извршната со просветлување на умот, а судската со обожение, и така секогаш пред очи да Го имаме Началникот и Завршителот на верата – Исуса Христа.
Да разбереме, глобализацијата можеби значи откажување од националниот суверенитет, мешање на националните обичаи и традиции со секуларните (комерцијализација на верските празници, Божиќ, Валентајн, мартинки, Хелувин, маскембали...), тоа некој го поврзува со некои тајни друштва силни за светот, но за Господ не, но сето ова не значи откажување од народот во кои сме родени, и верата во која сме крстени, правото можеби е царевото, но второто е секако на Бога, а ние слободно секогаш одлучуваме, дали ќе дадеме или не. Да се потсетиме, на глобализацијата во апостолско време, како во Црквата тогаш апостолите проповедаа, епископите утврдуваа, презвитерите учествуваа во утврдената проповед, а ѓаконите служеа, а сите заедно како царско свештенство како светии, христијани сведочеа за верата, повеќето и маченички. Времето си тече кон полнотата, а ние како и секоја Литургија треба да сме подготвени за есхатолошкото, да дојди, Господи Исусе.


п.с. Секогаш на светата Литургија кога си споменуваме за сите праотци, отци, пророци, проповедници, апостоли, евангелисти, маченици, изповедници, учители, јуродиви и за секој праведен дух кој почива со верата... во сите нив ни се отсликува самиот свети апостол Павле (Јудеец по раѓање, римски граѓанин по државјанство, христијанин по крштевање, по повик Божји апостол и војник Христов, каков што немало) кој ја покрстува и Македонија, нека неговиот живот ни биде пример за нашиот однос кон светот и луѓето, а за спасение во Христа Исуса,по молитвите на Пресвета Богородица, светиот пророк и Претеча Јован и со застапништвото на сите небесни сили.
(Од се што запишав во множина не се изземам, а под ближен подразбирам секој човек на светов, без разлика кој и каков ќе биде според овосветскава и земна поделба, оти за Бога сме човек).

23-ти февруари, лето Господово 2016

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1543
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 977
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »