логоFacebookTwitterYouTubeeMail

презвитер Горан Стојчевски
ХРИСТОС ИЛИ ВАРАВА (БОРБА ВО СРЦЕТО)
„За праведник одвај ли некој да умре, за добар можеби и некој да се реши да умре, но Бог ја докажа љубовта Своја кон нас со тоа, што Христос умре за нас уште додека бевме грешни...откако се оправдавме со крвта Негова, многу повеќе ќе се спасиме преку Него од гревот„ (Рим.5,7-9)


„За да се очисти срцето, во него мора да се внесе одреден лек. Тој лек е молитвата.„ (старец Ефрем Филотејски)


Размислувајќи за еден наш празник посветен на револуционерната борба, на профилот напишав, да го погледнеме благодатното дело на Христос Богочовекот, ете сé ново создавам (Откр.5,21), или револуционерното дело на Варава (Бараба), „сé старо уривам„, а ние како декларативни верници треба да се определиме дали ќе бидеме Христови или бараби. Цитираниот дел кои се однесува на Варава произлегува логично од причините, средствата и целта на револуциите, старото да се урне за да се замени со нешто друго. Христос не урива, Он создава, а во тоа е Негово љубовно дело, што ја пролева Својата Крв за очистување на нашите гревови и за живот на светот (1 Јов.2,1-2). Децата на револуцијата се жртвуваат себе си и ја пролеваат својата крв за целта која ја остваруваат, но во „љубовта„ кон уште една човечка утопија пролеваат туѓа крв, крвта на нивните неистомисленици, противници,непријатели, а тоа е човекоубиство, одлика на ѓаволот (Јован 8,44). Причината за револуцијата е омразата која се раѓа од гневот кој бунтува и бара сатисфакција, и во таа саможртва за целта, жртви се живи и конкретни личности создаддени според образот и подобието Божјо. Не сакам да ја минимизирам револуционерната борба за национална и социјална слобода на било кој народ, вклучително и македонскиот народ, борбата за таа слобода е праведна, но не и света, бидејќи како христијани сме повикани на светост (1 Сол.4,7).


Сведоци сме денес како во човечката борба гине човекот, а како светот од украс станува кич, што зборува за тоа дека борбата на човекот е против сé и сешто во овој свет, освен против гревот, а гревот раѓа смрт (Рим.6,23). Но, ништо не загубено во Бога, ниту човекот,ниту светот, оти Бог толку го возљуби светот, па го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да има живот вечен (Јов. 3,16) и евхаристиски Се принесува, Кој прима и се раздава...предавјќи Самиот Себе за живот на светот, сé е пресоздадено преку дарот Божји, вечниот живот во Христа Исуса (Рим.6,23). Затоа, светите отци не зборувале за религија, за христијанство, за етнофилетизам, автокефалност, автономност, екуменизам, зилотизам, братство и толеранција, туку тие живееле за Христа, во Црквата на дело имале синергија на слово и дух, хармонија на канон и милост, сведоштво за љубов, онака како што светиот апостол Павле ќе посведочи дека не живеам јас, туку Христос живее во мене (Гал.2,20). Причестени со Него во Евхаристијата на Црквата во исчекување на нашиот Спасител, да дојди Господи, да дојде царствотото Твое... вознесувајќи се во новата реалност - царството Божјо, кога литургиски се остварува благата вест, Евангелието, Христос Богочовекот, Кој ни е проповедан, а сега нам ни се дарува во Неговото Тело и Крв, преку нас и на сите луѓе, дар до кој не можат да се допрат ниту илјадниците ангели, херувими и серафими, а нам ни се дава, несфатлив е дарот што ни е даден од Бога, затоа апостолот вели, скапо сме купени (1Кор.6,20). Тоа е златниот век на светите отци, сведоштво во својот подвиг за Христос, Синот Божји, Спасителот. Но, денес оваа светиња и бисер лесно го фрламе и затоа сме изгазени и раскинати (Матеј 7,6), зашто борбата не ја водиме против нашите похоти и страсти како што вели св. Апостол Јаков, туку ја водиме против луѓе, наши ближни. Борбата на човекот во светот од којшто направи ринг е политичка, економска, расна, религиозна, социјална и каква уште не, само не е против гревот кој се занемарува. Сите овие борби се за слобода и мир, но слобода и мир од другиот наспроти мене во кого гледам конкуренција, а конкуренцијата денес не е само што мора да се победи, туку бивајќи застарена и ретроградна треба да се урне, да се уништи, а тоа е демонски. Затоа не можам да ја разберам револуцијата, ниту било кои други човечки философии кои се утопии и водат од една во друга слобода која никогаш нема да биде доволна, бидејќи не е совршена. Само Оној Кој е совршен ни даде слобода совршена во која треба да стоиме, но тоа подразбира учество во единството со Него, бидејќи ни вели, бидете совршени, како што е совршен Вашиот Отец небесен (Матеј 5,48).


Најхрабрите воини не се оние од епските битки, ниту брокерите од берзите на егзистенцијализмот, па дури ни борците за било какви човекови права и слободи, во таквите борби водини сме од егото и Фројдовски се сака да  се убие авторитетот на татковството, бидејќи наместо личност во Отецот, се гледа авторитет кој е пречка за слободата и треба да згасне. Нема желба да се биде слободен, оти и за Фројд, слободата носи одговорност. Слободата не треба да употребуваме како прекривка за злобата, туку како слуги Божји, вели св. апостол Петар  (1Петр.2,16), зашто во светото крштение примивме посиновување и можеме слободно без страв и осуда до го повикуваме нашиот Бог Отец, и да говориме со Него не како кон авторитет, туку со Личност во Кого преку Христа стануваме едно и иста крв, во Литургијата на Црквата.


 Храбри и достојни за почит се оние кои покажале милост и љубов, а ја покажале оти победиле во најголемата битка од онтолошки размери, битката во срцето (види Марко 7,18-23). Тоа се светите подвижници на Црквата, кои го земале јаремот Христов на себе, а Христос Богочовекот е Оној Кој победи пролевајќи ја својата крв на Крстот, и немаме потреба од надчовекот на Ниче олицетворен во барањето суперхерои од научната фантастика, стриповите и филмовите. Во Синот Божји, Кој стана Син Човечки, со верата на Пресвета Богородица, нека ми биде според зборовите твои, светите отци ни го покажале начинот на кој да бидеме храбри воини, како што вели св. Силуан Атонски да го држиме умот во пеколот и да не очајуваме, бидејќи ако умреме за гревот, во Христа ќе живееме (Рим.6,11),очистувајќи го срцето од страстите преку покајанието во кое оружје им била молитвата, солзите достигнале обожение го стекнале Светиот Дух (правдата, мирот и радоста) покажувајќи ја Љубовта, самиот Христос во своите животи, а Господ единствен Свет ја прима таа благодарствена жртва на оние кои од сé срце Те повикуваат,и таа љубов се моли во Црквата веќе не само за себе, туку и за сите луѓе. Во љубовта на светите подвижници нема секуларност и искомерцијализираност на зборот љубов, бидејќи таа се живее како Личност односно како самиот Христос. Без Христос, љубовта е само похотта на телото, желбата на очите гордоста на животот (1 Јов.2,16), и како што вели о. Александра Шмеман, сите гревови произлегуваат од телото и гордоста, а се друго е само магла што ние ја измислуваме за да го одбегнеме соочувањето со нив. Велиме, ако не се пофалиш денес за нешто, е исто како и да не си го направил, а со слабоста со која се фали св. апостол Павле никој не сака да се пофали, или како што вели митрополитот Наум, секој сака да биде нешто, а не сака да порасне, т.е. не сме никој и ништо, а се „понашаме„.


Затоа не ни останува како декларативни христијани за какви се сметаме, да го одбереме благодатниот пат Христов, спасувајќи се преку причестувањето со Неговото Тело и Крв,Кои еднаш засекогаш ги пролеа за прошка на нашите гревови и за живот на светот (види Евр.7,27), со личен подвиг. Тоа е мисијата на Православната Црква, личниот подвиг на секој од нас вклучен во собрниот подвиг на Црквата преку Евхаристијата. Св. Григориј Палама, светилникот на православието, ни советува дека на сведоштвото со вера во нашиот живот никој не може да ни се спротистави, односно дека само така ќе бидеме солта на земјата и светлина на светот (Матеј 5,13-16). Што би имале друго на светот да му понудиме како Црква, освен Евхаристијата (види 1Кор. 1,23-24), освен сведчењето за Христа кои престојува со нас и со Неговата моќна рака ни го дава Неговото пречисто Тело и чесна крв, а преку нас на сите луѓе, реалноста за присуството на царството Божјо. Нашата порака со Евхаристијата, според зборовите на епископот Калистос Вер, е дојди и види (Јован 1,46). А, за да видат треба да бидеме Христови, а не бараби.


П.С. Црквата и Евхаристијата - „и Бог виде дека сето она што го создаде е многу добро...Господи, добро ни е да бидеме овде... „(1.Мој.1,31 и Матеј 17,4). Подвигот - сеќавајќи се на смртта, Господ нека биде милостив. За неопходноста од нашето преоткривање на православието во некоја друга прилика.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 645
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

« »