логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 




Возот, браќа - тргнува

Возот, браќа - тргнува

Не ме прашувајте како оди епархијата, има ли доста нашинци низ Европа. Не ме прашувајте оти не сакам да ви кажам дека нѐ има сѐ повеќе Македонци, но, надвор.

Не ме прашувајте, оти ме болат сите одговори.

 

Не да се фалам, уште помалку да се ќудам, ама денов така ми тргна.

Милена на Рајко Дујмиќ од ''Нови фосили" не ми е рамна. Нели и таа од рано наутро секој ден патувала во 5.30. Е па и јас, ама јас саат време покасно. Со години веќе. Девет, море десет години со сѐ Франција. Да не знаеш кај легнав, кај станав. Таа мирисала на јаболка, а јас не, иако сум ресенчанец.

Ја избегнав бербата на јаболка годинава, затоа. И таа велела дека е добра, а јас за разлика од неа велам дека ме боли грбот и дека сум малку настинат... Ама ај да не давам со глупави споредби, од типот Фината Ина и Трендо, бидејќи за новиве генерации, Новите фосили баш се фосили и нит знаат кои се, нит па мора да разберат.

Сакав да кажам, еве го продолжив патот рано сабајлево. Од Штутгарт за Малме. Само 12 часа патување.

Како почна денот со успивање и трчање по возот со куфер од 30 кг, кој во секој момент е спремен да пукне од шо е преполн, плус познатиот ранец на рамо и мантија до земја која значително те успорува во намерата да стигнеш тамам на време, не ве интересира.

Чудно ли е некому што сум така товарен како магаре, а не сум азилант?

Ако знае зачудениот дека таму има опрема за два месеци живот,  овде легни - онде стани,  ќе промени мислење, ќе каже зарем само толку малку носиш. Ама ем навика е, ем толку е.

Omnia mea mecum porto - што би рекле браќата стари Римјани, сето свое со себе го носам. Да бев полжав или желка, сигурно ќе ми беше полесно. Куќата ќе ми беше секогаш тука. Вака Владика сакаш да си, па повели.

И така, еве ме во возот. Убав, нов, чист, брз, услуга одлична... Е нема сепариња ко кај нас. Ова се нови возови со изгубен концепт и разбирање за потребите, емоциите и носталгичноста на патниците, изгледа. Кај нас бе брате патуваш низ Македонија, а имаш чувство дека си отпатувал во времето барем 40-50 години наназад. Плус концептот на сепариња има посебна драж.

Тоа што е убаво и што нѐ потсетува на младоста, абе, ете од носталгија нема да го смениме. Нека измислуваат овие тука какви сакаат возови. Па мала е Македонија, што ни треба воз што се движи со 350-400 на саат. За пола саат цела да ја пројдеш. А кондуктерот ќе стигне ли за тоа време сите карти да ги провери, тоа никој не се прашува.

Внатре во возот упорно барам луѓе со трски во раце, ранец на грбот и гумени чизми кои одат на риболов и никако да видам. Или студенти кои се молат без карта да стигнат до дома, нудејќи пола цена на рака, оти планираниот буџет пред време летнал како гулабче од и така полупразниот џеб. Навикнале очи на таа глетка. Нели ни е тоа најчеста сцена во нашите возови, или одамна не сум се возел со воз кај нас?

И нема бе ко за беља.

Сè некои снобчиња со кошулчиња и со слушалки на уши и лаптопи пред нив на кои нешто читаат или работат. Не да си облечат тренерки да си се комотни и да заличи возов со колоритот на тренерките. Нема муабет меѓу патници, нема гласно смеење. А и жениве нешто скромно или практично да речам дотерани, читаат книги. Штикли слабо. До душа рано е, 10.10 часот. Ама кај нас па уште од 5.00 жените се стокмени, нашминкани, и на штикли истопорени како од Пинк или Пајнер продукција да избегале. Вечерни тоалети уште од сабајле, што си е сигурно - сигурно да си е. Може ќе нема време да се врати од работа пред стемнување.

Се убедив да си свртам поглед кон надвор. Убава природа, се е зелено, само по некој пожолтен или црвенкаст лист. Секоја педа земја обработена. Глупи Шваби, нека работаат тие, а Грците ќе им ги земат парите за излез од банкротот. Ќе остане нешто и за нив верувам, оти инаку не би работеле сигурно. Па немаат поговорка тие како нас: и плевната, ама и глувците. Ние поштено, не мора да има ни за нас, ама па и нема денар да им дадеме на Грците.

И фабрики колку град големи гледам, и се чудам до толку ли се затапени, до толку ли се неинформирани?

Па зошто бре се мачат тука со великодушност?

Зошто мора на работниците да трошат толку пари?

Сосе осигурување сигурно преку 3000 евра бруто плата. А бе, дојдете кај нас ми иде да викнам, 300 евра бруто многу е. Девет пати помалу давачки. Ама тоа е, кој нема во главата, ќе нема ни во џепот. И емигранти полни ќе сте.

Па и се што почнале дали е куќа, дали е зграда, се е бре довршено. Нигде недоправена фасада не се гледа. Кај нас една четвртина ти се неизмалтарени куќите. Мора да е видлив прогресот, да се види дека сè уште сме во изградба.

Оп стоп. Еве ја мобилната пасошка контрола....

Знаев дека ќе им паднам во очи ваков, ни стрижен, ни бричен, ем чудно облечен. Ама добро си мина сѐ... Културно.

    - Добар ден!
    - Добар ден!
    - Пасошка контрола... вели и ми покажува легитимација
    - Повелете.
    - Каде патувате?
    - Малме.
    - Целта на посетата?
    - Јас сум православен владика одговорен за нашата дијаспора низ Европа. Имам седиште во Малме...
    - Во ред е господине, добар пат и успешна мисија.
    - Благодарам. Убав ви ден.
    - И Вам.

Културни луѓе - да, ама ладни бе. Нема срдечност некако. Како одиш на југ, сѐ се поспонтани, по нелицемерни, искрени, шо на ум - то на друм. Од искуство зборувам верувајте.

(мала дегресија за да видите дека сум во право)

Патував еднаш од Италија за Македонија со воз. И тогаш контролата на пасоши се случуваше во возот. Вообичаено сите прашаа што сум и каде вака.

    Италијанецот: Владика? Која чест. Добар пат.

    Словенецот: Убаво сте се организирале, Македонците. Баш ме радува. Среќен пат.

    Хрватот: Мое почитување, слушнав ќе градите црква во Загреб. Браво. Добар пат.

    Србинот: Нека помага Бог, оче. Добар пат.

    И конечно Македонецот: Е, попе бе, се изнашета!

Ви велам јас, има разлика. Вака срдечност да пука, а не куртоазни желби.

И после 12 часа пат, менување на 4 возови од кои едниот и на траект се качува, еве ме пак назад кај што змејот живее зад седум ридови и седум планини, зад седум полиња и седум долини, зад седум реки и седум езера, зад седум мориња во царството на Цар Густав и Силвија.

Е ладно било таму, велат нашиве од долу. Шо си барал таму дури, прашуваат. Ами и кај нас е ладно посебно кога немаш пари да го платиш парното или да си купиш дрва. Ваму горе ко поарен стандардот некако.

Ко за споредба:

- Ваму земаат 18.000 шведски круни плата, а кај нас и 18.000 денари ако земеш, супер си. Некои велат - абе бегај таму, само на работа одат, отепани се од работа, капитализам, ги тераат да работат и на празник. Е да, ама имаат и работа, и плата. Имаат и викенди за шетање, за одмор, за рекреација. Кај нас секој ден празник ко да е, немаме делник веќе, нема работа ни за делник ни за празник па нема ни плата, само одмор, ама сходно на тоа нема ни можност за излегување, шетање, релаксација... Слушнав Шведиве имале избори сега скоро. Ќе прашам некого од нашите, море и од пријателиве Швеѓани кој им е премиер сега. Искрено не верувам дека некој ќе знае со сигурност да ми каже, ама затоа драги мои, кај нас од дете до дедо и баба знаат и заменици министри, море и државни секретари. Ако, така треба. Знаењето е сила. Некои велат и моќ, ама моќта повеќе е одлика на власта засега.

Поздрав од Малме

П. С. Не ме прашувајте како оди епархијата, има ли доста нашинци низ Европа. Не сакам да ви кажам дека нѐ има сѐ повеќе надвор. Не сакам да ви кажам дека на секое патување, сѐ повеќе нови лица гледам. Не сакам да ви кажам дека секој трет во Македонија ме прашува има ли можност некако да му помогнам да дојде на Запад. Не сакам да ви кажам дека и оние кои се колнеа дека бугарски пасош нема никогаш да земат, сега срамежливо се правдаат пред мене дека, ете, сакаат да пробаат да живеат малку надвор од МК, да спечалат некоја екстра пара.

Не ме прашувајте, оти ме болат сите одговори.

Извор: http://off.net.mk/bavchi/pimen/vozot-brakja-trgnuva



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 240
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 699
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

БEСEДА  за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

БEСEДА за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

Излeгoв oд oтeцoт, кадe штo имав сè, и дoјдoв на свeтoт, кoј нe мoжeшe ништo да ми дадe. Вo пeштeрата сe рoдил Гoспoд за да пoкажe дeка цeлиoт свeт e...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

БEСEДА  за Давид (02.01.2020)

БEСEДА за Давид (02.01.2020)

Царoт Давид му згрeшил на Бoга, сe пoкајал и Бoг му oпрoстил. Гoлeм бил грeвoт на царoт, нo уштe пoгoлeмo билo пoкајаниeтo. Му бил винoвeн на Бoга за два тeшки...

« »