логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ARHIVA

 

 А ќе речеш шо се 20
Минаха години

Велат дека секој монах на прашањето што би бил кога повторно би се родил, oдговара со: монах.

И јас сум еден од нив.

Зошто?

Бидејќи само преку тој подвиг, можеме да ги разбереме зборовите на св. Антониј Великиот: "Јас од Бога не се плашам, јас Бога го сакам."

Отец, сега веќе Владика Пимен

Pimen.portret3

 

Минаха години.

Бајгиди.

          До душа не ми се гледаа многу до денес. А денес празник, Рождество на Богородица. После сто години, повторно на бдение како некогаш во Вељуса. Добро сега, ја претерав малце, не се 100, ама цели 19. И цели 20 откако сменив факултет, откако се запишав на теолошки.

Денес сретнав деца кои се родени или биле бебиња во деновите кога ние, првите генерации на монаси, ги возобновувавме манастирите. Денес тие бебиња кои сме ги крштевале израснале во тинејџери, средношколци и студенти. И тогаш видов колку време минало, гледам додека тие пораснале, колку јас сум остарел. И не ми е мака, се радувам.

Сепак беа убави години. Години во кои ги правиш првите чекори во духовниот живот. Години кога доаѓаш во манастирот за да умреш за светот. Години во кои си ослободен од секоја грижа, поточно кога имаш само една грижа, навремено да ги измиеш чиниите после оброците во манастирот, бидејќи тоа ти е послушание. Не те интересираат ни вести, ни гости, кога помисли имаш само против братот кој готви бидејќи не можеш да измиеш толку чинии, лажици и тенџериња колку што тој може да извалка при готвењето. И победуваш во борбата, бидејќи тој завршува со готвење пред ти да завршиш со миење, и растеретен од сите други грижи го завршуваш молитвеното правило и безгрижно заспиваш.

Како бебенце, без грижи и без планови за утре а камо ли планови за напредување во кариерата. Нели рековме, идејата на замонашувањето е умирање за светот. Нема простор ни за помисла, не пак за идеја или план. Тоа искушение е на страна, негде далеку од тебе.

Ама од друга страна, затворањето во манастир не значи и затворање за сите искушенија.

Беа тоа и години кога монаштвото масовно се возобновуваше. Мноштво млади луѓе се решивме на тој чекор. Манастирите станаа претесни за сите нас кои таа желба за монашки живот ја негувавме во себе, но немавме место каде што би ја реализирале пред отворањето на првите манастири во Македонија. Сон ни беше Света Гора, ама сон далечен, јазик, визи, странство...

Од ден на ден, сè повеќе монаси и монахињи и сè повеќе манастири. А кога човек ќе се реши на тој чекор, родителите, роднините и пријателите ги остава збунети. Им ги крши плановите што тие ги направиле за нив уште од раѓање. Не можејќи да нè разберат, си толкуваа дека сме забегале со памет, дека ете нешто не разочарало во животот и дека разочараноста е таа која нè однела во манастир. Нивната човечка тага стануваше интересна приказна на многу медиуми, а за читателите омилено четиво. Се плетеа приказни кажани низ медиумите од нив, а исфилувани од новинарите за тоа како ние живееме заведени и заклучени во некоја пустелија од манастир каде што нема основни услови за нормален живот.

Сурова кампања беше тоа која нас монасите нè нарекуваше секташи, наркомани и нè обвинуваше за секаков неморал, па дури и небулози дека имаме ископано тунел од машкиот до женскиот манастир. А кој ги посетил и двата, знае дека се работи за далечина од 4 - 5 километри, и дека и ден денес, не е пробиен автопат низ Демир Капија, бидејќи, излезе дека е навистина тешко да се ископа толкав тунел...

Но, не беше се така црно.

              Имаше и новинари кои нè познаваа, кои веруваа во нас и нашиот подвиг и нè сакаа, па не бранеа со афирмативни текстови и емисии. Почнаа да се прават интервјуа, емисии, трибини во кои учествува дел од нас, монасите. Така подвигот на умирање за светот завршуваше за нас и полека нè претвораше во "ѕвезди".

И така... Секогаш слатко се смеам на потегот што го направи еден тогашен основец кој со родителите доаѓаше во Водоча. Имено, малиот во тоа време наместо како што сите негови другарчиња на неговата школска ташна да испише имиња на омилени групи, пејачи или глумци, тој ги имаше испишано нашите монашки имиња: Максим, Климент, Арсениј, Пимен...

Тоа беше она што од една страна ни го расипуваше раатот. Од друга страна, монашкиот раат ни го рушеа потребите на Црквата. Требаа јеромонаси за да можат да богослужат постојано, духовници за да можеме да го прифатиме цел оној млад народ, но и доста семејни и возрасни луѓе кои имаа доверба во нас и кои сакаа да ги исповедаат своите проблеми, да се посоветуваат, да растат духовно. Капацитетите на манастирите беа мали за да ги соберат на едно место сите млади луѓе кои сакаа да му служат на Бога.

Се отвараа нови манастири, па се избираа нови игумени, нови братсва и сестринства...

Од нас произлегоа и архиереи.

                Нашите места во манастирите ги пополнија нови, помлади и повредни монаси. Верувам дека еден ден, и тие со носталгија ќе си спомнуваат за нивните почетоци. И тие ќе ги понесат на грб тешкотиите на пионерството во монаштвото, но сепак верувам дека барем ќе им биде помал товарот, и дека благодарно ќе си спомнуваат за нас кои бевме и монаси, и ѕидари, и медиумски ѕвезди во обидот да го одбраниме и заштитиме монашкиот лик, и да изградиме поубави и помирни живеалишта за нив. А и за нас, ако дочекаме административна пензија некогаш.

Минаха години. И не жалам за нив.

Велат дека секој монах на прашањето: Што би бил кога повторно би се родил, oдговара со: монах.

И јас сум еден од нив.

Зошто?

Бидејќи само преку тој подвиг, можеме да ги разбереме зборовите на св. Антониј Великиот: "Јас од Бога не се плашам, јас Бога го сакам."

Pimen.grcite2

Отец, сега веќе Владика Пимен

 O.G.Stojchevski.Pimen

 

Извор:   http://off.net.mk/bavchi/pimen/minaha-godini

 

Arhiva PP

Pimen.Agencija

 PIMEN

Хиротонија на Епископот Полјански г. Пимен (02.10.2005)

 

 

Друго:

Преподобен Пимен Велики

          Родум Мисирец. Голем мисирски подвижник. Како момче ги посетуваше прочуените подвижници и собираше од нив опитно знаење како трудољубива пчела. Еднаш Пимен измоли од Старецот Павел да го однесе кај Свети Паисиј. Кога го виде Паисиј му рече на Павле: „Ова дете ќе пасе многумина, со него е раката Божја.“ Со време Пимен се замонаши и кон монаштво привлече уште двајца од своите браќа. Еднаш дојде мајка им да ги види своите синови, но Пимен не ја пушти внатре, а ја праша: „Сакаш повеќе да нѐ видиш овде или во вечноста?“

          Мајка му се оддалечи со радост, говорејќи: „Штом сигурно ќе ве видам таму, тогаш не сакам да ве видам овде.“ Во манастирот на овие тројца браќа, со којшто управуваше најстариот брат, Анувиј, типикот беше ваков: ноќе четири часа минуваа во ракоделие, а четири во псалмопеење. Дење од утрото до пладнето времето го минуваа наизменично во работа и во молитва; од пладнето до Вечерната читаа, а после Вечерната си подготвуваа вечера: тоа им беше единствениот оброк во деноноќието, и тоа обично од некакво зелје.

          За нивниот живот самиот авва Пимен рече: „Јадевме тоа што ни се предлагаше, никој никогаш не рече: дај ми нешто друго или јас тоа не го сакам. На тој начин ние го поминавме сиот живот во безмолвие и во мир. Авва Пимен се подвизуваше во 5 век и мирно се упокои во длабока старост.“

 

 SV.PIMEN.Veliki

 Преминпортал (к.т.)

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2046
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2065
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 513
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

08/05/2026 - петок

+Светиот апостол и евангелист Марко; Свети Анијан епископ Александриски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная