логоFacebookTwitterYouTubeeMail



СВЕТАТА ЛИТУРГИЈА

(Трет дел)

geron_aimilianosagiasmo1.jpg
Следствено, на светата Литургија патуваме кон Христовото Царство и истовремено се наоѓаме во него. Христос нѐ вознел на небото, или поточно Он го спуштил небото во Црквата. Сите блага, нашето спасение, Својата светост, смирение, дарови – Он ни ги дарува како „мираз“  во Црквата.

За нас Литургијата е како обручување. Како што го носиш свршеничиот прстен што го означува ветувањето за брак, токму така Литургијата означува дека се соединувам со Христа, Којшто ми ветува дека, ако останам верен, задолжително ќе ме воведе во Царството Небесно. Уште на земјата го преживуваме рајот. Тука, возљубени, се извршува таа толку голема вистина.

geron_aimilianosagiasmo1.jpgТука, кога извршуваме света Литургија, присуствува целата Христова Црква. Се соединуваме со Христа и стануваме едно тело со Него. Како што, ако земеш едно парче бело платно и зад него поставиш многу силна ламба, тоа се претвора во светол екран, така и Христовите зраци нѐ проголтуваат и нѐ прават христоподобни. Стануваме храм Христов, членови Христови, стануваме христоподобни и Он е нашата Глава. Зборот глава – „Христос е глава на Црквата“, значи исто така и извор, источник. Кога си жеден, одиш на изворот да ја згаснеш жедта. Христос е Оној Којшто го напојува нашето ожеднето срце. Нашите членови, тело и коски стануваат Христови членови, тело и коски. Го живееме Христовиот живот, а Христос го восприема нашиот живот. Како што лебот што го ставаме во дарохранителницата е еден, како што лебот што го полагаме на светиот престол е еден, како што Христос е еден, така и ние стануваме едно со Христа и помеѓу себеси; стануваме еден Христос.

Затоа, што се случува кога служиме Литургија? Ние правиме прием, даваме вечера. Ги каниме на трпеза светците на нашата Црква, го каниме нашиот починат татко, дедо, прадедо, љубените личности што си заминале од овој свет, ги каниме ангелите. Тогаш доаѓа и Самиот Христос и ни го предлага Своето Тело и Крв. Ете, тоа го означуваат зборовите: „Откако ги спомнавме сите светии, самите себе, еден на друг и целиот свој живот на Христа Бога да го предадеме“. Откако сме ги довеле тука сите светци и сме им се довериле, откако сме ги повикале и тие станале наши помошници, сега се предаваме себеси на Христа.

Како Христос присуствува на Литургијата? Да внимаваме тука, за да сфатиме повеќе нешта за нашето одење на Литургија. Да видиме во пракса дека на Литургијата присуствува Христос и целата Црква. Епископот е образ на Христос . Каде што е епископот, само таму може да суштествува и Христовата Црква. Затоа епископот се качува на висок трон, за да покаже дека во тој миг Христос го зазема Своето место меѓу нас. Таму каде што е архиерејот, таму каде што е епископот, таму навистина е Христос. Како што Христос влегол во горната одаја, каде што биле собрани учениците и им рекол: „Мир вам“ , исто така и кога архиерејот стапнува на трон, стапнува Христос, зашто Он „е Оној што принесува и Кој се принесува“ . Всушност Христос ја извршува Литургијата, а сите ние сме до Него. Кога, пак, нема архиереј, тогаш има негов претставник, којшто според црковните правила треба да има дозвола од епископот; ако нема дозвола, не може да се изврши Литургија .

Свештеникот се облекува во бели, раскошни или златовезени одежди. Но зошто? Затоа ли што е егоист? Не, возљубени. Кога носи бели одежди, тој сака да нѐ насочи кон Христа, Чијашто облека на Преображението станала бела како снег . На истиот начин Христос се јавува во ликот и во одеждите на свештеникот. Кога носи раскошни одежди, свештеникот сака да ни ја покаже Христовата слава. Облекувајќи стихар, првата одежда, тој се облекува во Христа. Кога потоа става епитрахил, чиниш ја зема Божјата благодат. Кога на крајот го облекува и фелонот, тој станува целосен образ на Христа.

 Гледаш ли свештеник во одежди? Тоа повеќе не е конкретниот свештеник, ами Христос. Никој на светот не носи такви одежди какви што носи свештеникот. Тие се нешто надовоземско. Тие се една необична глетка, едно небесно видение, Самиот Христос  слезен при нас.

Се отвораат царските двери и свештеникот застанува пред жртвеникот. Меѓутоа, зошто не гледа кон нас, ами кон жртвеникот? Тој стои пред жртвеникот и се моли, посредува, Го моли Христа како наш посредник. Потоа, кога го прави входот, минува покрај нас, повторно без да нѐ погледне. Тој е оној кој врви прв, кој се искачува, кој нѐ води по патот кон небото.

Но што тоа прави свештеникот, та постојано врви напред без да нѐ погледне? Внимавајте за да разберете. Сте се искачувале ли некогаш на манастирите во Метеори? Сте оделе ли во Големиот Метеор? Во минатото луѓето се искачувале со мрежа. Ги ставале внатре, им ги затворале очите за да не им се сврти поради височината, и ги подигнувале со макара. Подоцна направиле и еден многу тесен пат по самата карпа, којшто водел дури до планината Преображение. Како можеле дојдените да се искачат по таа многу тесна патека? Доколку би се загледале надолу во бездната, би се занеле и би се погубиле. Затоа тогаш слегувал некој монах, го врзувал посетителот со своето расо и му велел: „Јас ќе се искачувам и ќе гледам нагоре, а ти држи се за мене. Ќе се искачиме заедно. Меѓутоа, не гледај надолу. Ако погледнеш, ќе паднеш и ќе ме повлечеш и мене“. И по таа мала патека, од којашто посетителот добивал срцебиење, зашто знаел дека под него е бездната, монахот го водел нагоре. Го искачувал по кривулестата патека и кога ќе стигнеле до врвот, велел: „Ах, тука е Христос!“ Тоа имено го прави и свештеникот. Нѐ искачува по тесната патека. Внимавај, не погледнувај надолу, да не те залаже нешто земско! Срцето нека ти биде горе, умот да ти е орел за да може да го пресече воздушното пространство и небесата! Копнените животни не можат да летаат. Биди орел! Гледај нагоре! 
 Во меѓувреме псалтите ги пеат антифоните: „По молитвите на Богородица, Спасителе, спаси нѐ“. Антифоните се поврзани со одделни стихови од Псалтирот, што претставуваат пророштва за доаѓањето Христово: пророкуваат - дека Христос ќе дојде помеѓу нас. Потоа свештеникот, духовно внесен, го извршува малиот вход, зашто тој навистина е влезен како Мојсеј во облакот што Го крие Христос. Да си спомнеме за Мојсеј којшто се искачил на планината Синај. Какви грмотевици имало, какви потреси, каков оган, каков чад, каков страв и ужас! Самиот Бог се јавил!
Така, на истиот начин пред свештеникот е присутен Бог. Се разбира, тука нема потреси за да не се ужаснеме, нема чад, освен чад од благоухан темјан. Свештеникот знае дека Христос врви напред и веќе не може да издржи, та затоа и неговото срце извикува: „Зашто си свет, Боже наш, и Тебе слава Ти вознесуваме“. Свет си, Боже мој, и нема друг како Тебе! Тој гледа кон жртвеникот и е уверен дека таму е Бог, Светиот Дух, ангелите.

За време на малиот вход, кога свештеникот ќе стигне до определеното место, Го моли Христос, заедно со него да бидат на входот и светите ангели и архангели. Во продолжение вели: „Благословен е входот на Твоите светии“. Го благословува входот за време на којшто, заедно со свештеникот, во светиот олтар влегуваат ангелските чинови и воинства и облаците светци. Заедно со нив, на мислени облаци, влегува и свештеникот. Затоа, преплашен да не го изгори Божјиот оган, тој вели: „Зашто си свет, Боже“. Јас сум грешен, но не ме изгорувај, Боже мој!

 Имав среќа да запознаам еден свет човек којшто секогаш кога одеше да служи, излегуваше од олтарот со неземски поглед, со очи што гледаа отаде хоризонтот! Тој служеше сам со еден негов послушник, на кого што во определен момент му велеше: „Излези надвор, излези, излези брзо!“ Ја затвораше вратата и остануваше сам во олтарот. Остануваше час, два. И потоа, откако ќе разговараше, откако духот ќе му се искапеше во Божјата светлина, откако неговите очи ќе засветлеа со Божји блесок, излегуваше повторно и ја отвораше вратата. „Дојди – му велеше, - дојди! Тука беше Светиот Дух, ваму – серафимите, таму - херувимите“ – и целиот трепереше, но со трепет исполнет со радост и среќа .

И свети Спиридон „за свои сослужители ги имал ангелите“ . Навистина свештеникот е сослужител на ангелите и светците. Народот го знае тоа и затоа ја пее ангелската химна „Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни“. Ангелите пеат: „Свет, Свет, Свет“, и ние ги повторуваме нивните зборови. Така земјата и небото – сите стануваме еден хор, еден празник, една песна. Ние додаваме „помилуј нѐ“. Тоа е викот на грешниот човек, зашто ангелите се свети и сесвети. И на великиот вход заедно со ангелите присуствуваме и ние, грешните и недостојните! Колку страшно нешто! Минува Христос, заедно со Него светците, ангелите и јас, грешниот свештеник! 

Затоа во древноста, благочестивите цареви за време на великиот вход го последувале свештеникот заедно со својата свита, како почесна свита на небесниот Цар, Којшто минувал во тој час. Според едно предание, некој цар во таков момент на духовен восторг, чувствувајќи трепет од присуството на Христос и на ангелите, се струполил на земјата заедно со царските одежди и круната.

После ангелската химна и читањето на Апостолот, кога свештеникот се подготвува да го прочита Евангелието, тој за прв пат се обраќа кон народот и го благословува: „Мир на сите“. Во тој час благословува не свештеникот, ами Самиот Христос. Кога Христос требало да се вознесе, Тој ги подигнал Своите раце, ги благословил Своите ученици и тие Му се поклониле и си заминале . Тоа имено се случува и во овој час. Свештеникот, посредникот, грешникот се повлекува и остава сега да служи Самиот Христос!

Затоа за време на малиот вход, тој пред главата го држи Евангелието, но не за да си го скрие лицето, туку за да покаже дека постои не тој, ами само Христос. Откако ќе го издигне Евангелието, ние пееме: „Дојдете да се поклониме и да паднеме пред Христа“. Се поклонуваме на Христос, не на Евангелието, не на свештеникот. Пред нас е Христос Којшто поучува, Христос Којшто служи, Христос Којшто говори, Христос Којшто е скриен во свештеникот. Пред тоа свештеникот возгласува: „Премудрост, да стоиме прави“. Што означува „прави“? „Бог сака од нас да стоиме со трепет пред Него и да присуствуваме на таинствата и не со леност, туку со усрдност (...) да беседиме со Него“ . Со трепет, со копнеж, со внимание, право треба да очекуваш да Го видиш Христа и да општиш со Него. Затоа Му се поклонуваме.

Исто така, на великиот вход, кога Христос минува, свештеникот возгласува: „Вас и сите благочестиви и православни христијани да ве спомне Господ Бог во Царството Свое“. И секој од нас си кажува: „Спомни си за мене, Господи, во Царството Твое“ . Го гледаме Христос со очите на душата и Го молиме да си спомне за нас. Следствено, Господ служи, Господ минува помеѓу нас, Господ доаѓа за да ги земе нашите дарови и да ги постави врз жртвеникот.

( Продолжува )
 *1Беседа изговорена во храмот „Св. Никола“ во Трикала, Грција, на 31 јануари 1971.
 *2 Кавасила, Никола, 1, 2, с. 32.
 *3 Ефес. 5, 23.
 *4Свети Игнатиј Антиохиски Богоносец, Послание до Тралијците 3, 1, ВЕПЕΣ, т. 2, с. 272, стих. 14.
 *5 Јн. 20, 19, 21, 26.
 *6 Света Литургија, молитва на Херувимската песна.
 *7 Канон 39, на Светите Апостоли, Пидалион, „Астир“, Атина 1970, 43; види исто така: Свети Игнатиј Антиохиски Богоносец, Послание до Смирјаните 9, 1, ВЕПЕΣ, т. 2, с. 281, стих. 29-31.
*8  Мк. 9, 2-3.
*9  Види: Живот на светиот свештеномаченик Панкратиј епископ Тавромениски, Матеј Лангис, Голем Синаксар, т. 7, Атина 1990, 157-158.
*10  2 Мојс. 19, 16, 18.
*11  Види: И. Филоатониту, Отец Тихон, изд. „Симандрос“, Атина 1981, 23-24.
*12  Тропар на свети Спиридон, еп. Тримитунтски, Чудотворец (12 декември).
*13  Лк. 24, 50-52.
*14  Никола Кавасила 22, 5, с. 120.
*15  Лк. 23, 42.

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 713
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

О.Жарко Ѓорѓиевски: Беседа за св. Наум Охридски  (03.07.2020)

О.Жарко Ѓорѓиевски: Беседа за св. Наум Охридски (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

 Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020 )

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Наравоучение: православната психотерапија прави разлика меѓу искушенија што ни се случуваат затоа што душевно оздравуваме (очистување на срцето од страстите) или сме доволно здрави (просветлување на умот), од искушенија што...

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

 Антиномично е и кога просторно и временски ограничениот човек станува благодатно секаде присутен, и во време и во простор. Антиномична е и ситуацијата кога обичен човек стекнува таква слобода пред...

БEСEДА  за угледувањe на мравкитe

БEСEДА за угледувањe на мравкитe

Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

« »