логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Свети Климент, архиепископ Охридски

Vovedenie.Presveta Глас четврти:

Со зборови си ги упатил народите во верата Божја; со делата си се издигнал, преблажени; кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветлил оние што пристапуваат верно кон тебе, со знаменија си ја осветлил темнината. Поради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте.  Повеќе...

 o.partenij2.jpg

(продолжение)

o.partenij21.jpg41. До какви промени, односно преобразби, доведоа кај нив исповедта и покајанието? Се мисли на нивните чувства, размислувања, совеста, погледи кон животот и физички промени?

Живеејќи го светотаинскиот живот на Црквата, кај нив се чувствува огромна промена. Тоа не се оние дезориентирани, сомничави, несигурни во себе личности, кои дошле во манастирот. Тоа се веќе личности, кај кои Христовата вера ги изнела на виделина сите нивни од Бога дарувани таланти. Тоа се личности со кои ние радосно заедничариме. Наши браќа и сестри, што ни стануваат сопатници кон Царството небесно. Ако до вчера биле нечувствителни, гледајќи само некако да стигнат до дрога, при што ги погазувале и навредувале своите родители и ближните околу себе, сега тие се чувствителни, бараат прошка од родителите и од сите оние што ги повредиле. Во манастирот секогаш се подготвени со пожртвуваност да им помогнат на новодојдените, и тоа доста успешно, соживувајќи се со она што го вели апостолот Павле: "...во она, што сам претрпе, откако беше искушан, во тоа ќе може и на искушуваните да им помогне." (Евр. 2,18)

42. Дали кај нив се случи духовно прочисутвање и кои беа манифестациите кои укажуваа на духовно очистување?

Духовното прочистување се случува уште на првата исповед, а тоа се манифестира и на надворешниот изглед. Веќе го нема неодредениот поглед во нивните очи, ниту пак мрачниот израз на лицето. На нивно место доаѓа духовната светлина во очите и благодатната радост на лицето. Нивното однесување е смирено, исполнети се со љубов кон сите, полни се со благодарност кон манастирот, каде што научиле за вистинските вредности и за вистинската цел и смисла на животот.

o.partenij22.jpg43. Дали запаѓаа во состојба на апатија, безволие, очај, безнадежност и што од ваша гледна точка на духовен раководител претставуваат овие состојби? Кои е лекот против нив?

На почетокот кај сите нив се забележливи состојби на безволие и очај. Сепак, опкружени со љубов и грижа, најнапред од духовникот, од братството, па и од сите оние кои, барајќи го Бога, претстојуваат во манастирот, апстинентите за кратко време ги надминуваат овие состојби. Ваквите, пак, состојби секако се должат на слабата и крајно формална вера, која тие претходно ја имале. Кога во срцето ќе се всели вистинската вера, овие состојби исчезнуваат, како што исчезнува темнината, кога ќе ја огрее и најмалиот сончев зрак.

44. Дали меѓу другите искушенија имаа и суицидни тенденции?

Кога веќе претходно зборувавме за добродетелите би се надоврзал дека самоубиството по својата природа е негирање на трите најголеми добродетели - верата, надежта и љубовта. Самоубиецот е човек што ја изгубил верата. Бог за него престанал да биде реална сила на доброто, кое управува со животот. Исто така, тоа е и човек кој пред сé ја изгубил надежта и паднал во гревот на потиштеноста и очајанието. И накрај, тоа е човек кој нема љубов, кој мисли само на себе, а не на другиот, на ближниот.
 Што се однесува до апстинентите, ќе кажам дека повеќето од нив имале вакви, суицидни помисли. И на многу од нив манастирот им бил последната надеж.
 А овде, во манастирот, тие веќе научија дека верата, надежта и љубовта го победуваат самоубиството како индивидуална појава. Значи верата, надежта и љубовта го претвораат инстинктот за смртта и самоуништувањето во доброволно и радосно носење на животниот крст.

o.partenij23.jpg45. Дали нивното расположение често се менува? Кое расположение кај нив преовладува?

На почетокот расположенијата им се променливи, тешко предвидливи. Кај нив преовладува стравот, неизвесноста, несигурноста во себе. Сепак, преку разговорите и исповедите, расположенијата им стануваат стабилни, тие стануваат сигурни во себе и во патот по кој одат.

46. Дали кај нив се јавува мисла, желба за повторно земање дрога или можеби се враќаат на дрога? Што во таков случај преземате Вие?

Се враќаат на дрогата оние лица, кои уште во првата фаза на лекувањето ќе ги победи таквата помисла и кои тогаш го напуштаат манастирот. Обично тоа се лица што тешко го прифаќаат послушанието и советите за оцрковување, а тоа подразбира и дека не се борат со преостанатите страсти што ги поседуваат. Тие остануваат само обични апстиненти, кои не го прифатиле духовниот аспект на лекувањето, кој е единствено успешен. Таквите кога заминуваат од манастирот велат дека повеќе нема да земаат дрога, дека им е доволно еден месец до два седење во манастир за да се излечат. За жал, мојата негативна прогноза за нив секогаш излегува точна. Тие повторно се враќаат на дрогата.
 Но и со нив контактите продолжуваат, за нив вратите на манастирот остануваат отворени, доколку сакаат да се вратат. И многумина од нив кога ќе согледаат дека е многу потребно да го изменат својот начин на живот, се враќаат во манастирот, овојпат решени да издржат до крај.

o.partenij24.jpg47. Што претставува за Вас излекуван зависник и дали имате такви случаи?

По сето време поминато во манастир и по успешното прифаќање на сите духовни совети и методи, апстинентите што се лечат се преобразуваат во нови, христијанизирани, оцрковени личности. Вака излекуваните личности стануваат добар христијански пример во средината каде што се вратиле. Тие наполно го прифатиле православниот начин на живот, што подразбира пост, молитва, борба со страстите, редовно посетување на храмот, исповед и света причест.
 Поголемиот број од лицата што побарале помош од манастирот се успешно излекувани. На голема радост, овие лица се поттик за многу млади од нивната околина. Тие, гледајќи ја преобразбата кај овие луѓе, нивната постојана духовна радост и следејќи го нивниот пример, го наоѓаат Христа како пат и светлина на вистинскиот живот. Морам да напомнам дека денес, доколку младите не живеат според христијанските вредности, тие претежно стануваат робови на многубројните страсти, како што се најзастапените меѓу нив - блудот, пиењето, пушењето итн. Овие страсти, лишувајќи ги од вистинската радост на животот, ги доведуваат до потполна духовна испразнетост, очајание и безнадежност.

o.partenij27.jpg48. Како им е организиран денот на зависниците во манастирот?

Животот во манастирот се одвива според богослужбениот ред, утврден според типикот на светогорските манастири. Денот започнува рано наутро со повеќечасовна молитва, која се состои од повеќе богослужби, како што се полуноќницата, утрената и на крај Божествената литургија, која во манастирот се извршува секој ден. Потоа следува манастирската трпеза, проследена секогаш со поучително слово, каде што сите се заедно - како монасите, така и гостите, па и оние што се лекуваат. Понатаму, според благословот на духовникот, сите ги извршуваат одредените од него манастирски послушанија, што значи целиот ден е исполнет со некакви работни задолженија, а тоа е многу важно за самите апстиненти бидејќи им помага да стекнат работни навики. Потоа следи вечерната богослужба, па втора трпеза, време за духовни разговори, повечерие и повторно молитва. И како што вели еден свет отец во својата  поука кон монасите: молитва и работа, работа и молитва...

49. Со кои видови активности/ послушанија се ангажирани апстинентите? Дали тие послушанија се поразлични од оние на од лицата што не се зависници (другите гости во манастирот, монасите)?

Апстинентите се ангажирани со вообичаените активности и послушанија во манастирот. Секогаш на послушанијата се заедно со монасите, едни во манастирската кујна каде се подготвува храната, други на нивата или во овоштарникот, некои помагаат во градежните активности, а некои учествуваат во изработката на манастирските сувенири. На сите овие послушанија имаат претпоставен монах, кој од време на време, покрај работата, ги поучува со разни духовни поуки.

o.partenij25.jpg50. Дали изучуваат занаети или можеби некои други вештини кои ќе им помогнат во понатамошниот живот по излегувањето од манастирот?

Најважно е тоа што стекнуваат работни навики, а и работни искуства од повеќе области како што е приготвување храна, изработка на сувенири, земјоделие и овоштарство, кои секако им се добредојдени во понатамошниот живот. Љубовта кон работата кај христијаните треба да биде секогаш на високо ниво, бидејќи апостолот Павле за тие кои не  работат вели дека не треба ни да јадат.

51. Дали им помагате да почнат самите да заработуваат за сопственииот живот?

Уште додека се во манастирот, во третата фаза на лекувањето, тие се одговорни на послушанието. Манастирот им помага да се социјализираат. Во тој поглед, со мој благослов, надвор ја имаат поддршката од целата црковна заедница.

 


52. Дали вашите контакти со некогашните, сега излекувани зависници, и понатаму продолжуваат по излегувањето од манастирот?

Контактите продолжуваат и се од чисто православен, светотаински, заедничарски карактер, како помеѓу духовник и духовно чедо.

53. Како Вие би се обиделе да ги спречите младите да не посегнат по дрога?

Младиот човек, втурнат во еден атеистички начин на живот со изгубени морални вредности, очајнички бара излез. Бегајќи од суровата реалност, паднатиот свет им го нуди на младите како излез ова оружје на нечестивиот против човекот. Дрогата е материја која барем за некое време им овозможува да ја постигнат саканата состојба на задоволство, а понекогаш и уживање. Тоа е искуство кое човекот не може никогаш во целост да го заборави. Таквото искуство им ја поттиснува вистинската радост на животот, која Бог природно му ја дава на човекот. Апостол Павле ни пишува: "Секогаш радувајте се" (1 Солун. 5,16).  Радоста е природната состојба на човек кој верува во Бога. Но да се сетиме и на зборовите на Спасителот, Кој вели: "Во светот ќе имате жалости, но не плашете се, Јас го победив светот" (Јов. 16,23) Навистина, како е можно човек да се радува, кога околу него има толку луѓе што страдаат. Како и да е, и покрај целиот трагизам на човечкиот живот, христијаните не престануваат да се радуваат на општењето со Бога. Иако таа радост сега е можеби несовршена, бидејќи вистинско блаженство и вистинска радост може да има само на небесата, сепак и овде на земјата човекот, ако е со Бога, ги чувствува на себе благодатните бранови на небесната радост.  
 Но таа радост треба барем еднаш да се почувствува, за да знаеме колку е лошо без неа, колку самиот живот без таа радост губи смисла.
  За жал кај младите недостасува вакво духовно искуство. Кога младите луѓе би ја спознале радоста од општењето со Бога, тие никогаш не би ни помислиле да користат некакви хемиски материи што го менуваат однесувањето на човекот, предизвикувајќи лажна радост. Тие тогаш би сфатиле дека е зло сето тоа што им пречи да ја почувствуваат радоста од општењето со Бога и не би ја поминале онаа граница зад која се наоѓаат  лагата, измамата и лукавството во облик на различни мамки, кои ѓаволот ги расеал по целиот свет за да ги соблазнува, ако може и одбраните.
 Христос, бидејќи е вистинска радост, светлина и љубов, е излезот и
решението на овој проблем.

o.partenij26.jpg54. Каква радост чувствувате кога матниот поглед на зависникот ќе се разбистри, како небо после бура, под влијанието на благодатта Божја и вашата љубов и помош?

Пожртвуваната љубов на духовникот и воопшто таа заедница -духовник и духовно чедо, е света тајна. На еден таинствен, пожртвуван начин, духовникот, според дарот на Светиот Дух, во љубовта Христова, духовно го раѓа своето чедо. Затоа, духовниот напредок и потполната преобразба кај овие некогаш паднати личности, ми причинува толку голема радост, што ме поттикнува за уште поголема пожртвуваност и љубов кон оваа света и духовна мисија, исполнета со многу ризици.

55. Дали имате нешто да додадете за крај, а што не бевте прашани?

Мислам дека проблемот на наркоманијата може да биде успешно решен  само во тој случај ако не се затвориме во себе, туку ако преземеме на себе дел од одговорноста за судбината на нашата младина и ако умееме со помош на сопствениот пример, збор и дело да ги убедиме младите дека е неопходно да живеат по Божјите заповеди.

Kraj

Посети:{moshits}

 

"Кога демоните ќе завладеат со душата,..“ 

 

 o.partenij2.jpg  Интервју со о. Партениј ( II дел)

zima.svnikola3.jpg Интервју со о. Партениј (I дел)



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 141
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 337
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

Грeвoт избeзумува, грeвoт oбeзглавува. Чoвeк пoтoнат вo грeвoви и вo пoрoци сличeн e на кoкoшка, чија глава e oтсeчeна, та умирајќи грчeвитo прeта и скoка ваму-таму. Цeлиoт нeзнабoжeчки свeт прeд...

« »