логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.angeli.so.truba
Но Он ми рече: „…Мојата сила наполно се покажува во слабоста“.

Затоа со многу поголема радост ќе се фалам со своите немоќи,

за да се всели во мене силата Христова.

(2. Кор. 12, 9)

Нашиот Старец еднаш рече дека за да ја познаеме болката на другите и да им донесеме утеха, треба и ние претходно да имаме поминато низ истото искушение. Во моментите кога ќе се помолиме за болни или хендикепирани луѓе, кога ќе се обидеме да ја разбереме нивната болка, а и да посакаме да пробаме да сострадуваме со нив, неминовно и одненадеж се појавува прашањето: можеш ли на себе да ја преземеш таа болест? Поразителен е оддекот на одговорот: не! Сепак, со тој искрен одговор некако ги забележав молитвите на свети Василиј Велики и ектениите што се читаат на секоја Литургија: за оние што боледуваат, страдаат…, како и просењето добро за нашите души (но и тела!). А, од друга страна, тој одговор е сведоштво за нашето неблагодарење за работите што нам ни се чинат нормални: даровите – со очи да ги гледаме убавините што Бог ги создал, да можеме да се движиме, или, пак, никому да не сме му на товар.

Еднаш требаше да причестам една болна жена во едно струмичко село. Имаше тумор на мозокот, кој брзо се зголемуваше, а како последица на тоа ѝ беше парализирана левата половина на целото тело. Ѝ остануваа уште неколку месеци живот. Беше близу шеесет години, а родителите ѝ беа над осумдесет години и се грижеа за неа, иако беа многу стари и изнемоштени. Самата куќа беше многу бедна и сиромашна.

Кога првпат отидов таму, само што ме виде, жената почна да плаче со таков ужасен плач, како кога родител ќе си го изгуби детето. Не можеше да се соземе. Почнаа да плачат и родителите. Сцената беше многу трогателна. Откако се потсмирија малку, следуваше уште еден шок, поточно силен восхит од она што го гледав и слушав. За првпат во животот ја видов онаа простодушна изворна христијанска вера, за која сум читал дека ја имале христијаните во житијата на светиите. Човек одеднаш сфаќа дека сето тоа било премногу просто. Тие за Христос и за Богородица зборуваа како да се во тој момент присутни со нас. Во сѐ беа скромни и одмерени.

Накратко ги раскажаа нивните животни приказни, преисполнети со добродетели, со милосрдие кон другите и сострадалност, со силна и жива вера во Бог, со пожртвуваност дури и да спасат нечиј друг живот по цена на сопствениот (кога бил земјотресот во Скопје, или при бомбардирањето на селото за време на окупацијата); живот исполнет и со многу чуда за време на комунистичкиот период. Но, сето тоа го кажаа не за да се пофалат, ниту за некој да ги сожалува. Едноставно, не знам како да го опишам тоа нивно раскажување. Богот на Авраама… не е Бог на учените и философите. „Бог го избра она што е од долно потекло и унизено во овој свет и она што не претставува ништо за да го сосипе она што е нешто, та ниедно тело да не се пофали пред Бог“ (1. Кор. 1, 28-29).

Родителите на Фросе воопшто не Му беа лути на Бог поради болеста на нивната ќерка. Но, со Фросе не беше така. Таа целиот свој живот го посветила на помагање на сиромасите и инвалидите… буквално. Давала од својот недостаток, организирала хуманитарни акции, за еден ден и самата таа да стане инвалид, напуштена од сите; од Скопје вратена да живее во една бедна куќа која безмалку се распаѓаше. Оставена од сите, освен од Бог и нејзините родители (секако, и од некои нејзини роднини што подоцна ги запознав, но живееја во Скопје).

Фросе не можеше да си ја објасни таа Божја правдина. Чувствуваше гнев кон Бог, самосожалување за својата судбина, го имаше изгубено целиот внатрешен мир што некогаш го имала. „Сакам мир, сакам во манастир, не сакам веќе да живеам ваква; зошто, Господи, ова ми се случи?“ Избувнуваше непредвидливо во кој било момент. Каде можеше во тој дом да се слушне џагор, каде радост? Постојано само лелеци, воздишки и неутешни солзи. На таа средба речиси ништо не кажав. Само слушав. Сфатив дека една од првите битни работи во сострадувањето е да го ислушаш другиот, како што Богородица нас нѐ слуша кога Ѝ се обраќаме.

По два дена, мајка ѝ на Фросе ми се јави. Кај неа се случила чудна промена. После причестувањето мирно заспала и цел ден била мирна. Дури и наредниот ден. Два дена молчела, но на лицето ѝ се гледало дека не пати. Во неделата повторно ги посетив. Кога ме виде, не плачеше. Тивко ми рече: „Зарем Господ е толку добар?“ Јас само се насмевнав, а при таа посета таа ме фати за рака, ја стегна цврсто, и додека бев таму, не ми ја пушташе. Во нејзиниот живот се појави некоја нова надеж. Мајка ѝ почна да раскажува како лани, на Велигден, Фросе (која инаку беше во парализирана состојба две години), одеднаш станала од креветот и рекла: „Јас оздравев“. Почнала да се движи, да трча, да јаде. А уште позапрепастувачки е како тоа го доживеале и таа и нејзините родители. Едноставно – како тоа да е најнормалната работа што треба да се случи. Навистина, изобилие од вера. Ниту повикале лекари, ниту нешто се возбудиле. Ги повикале и роднините од Скопје (браќата и сестрите на Фросе). „Тоа беше голема утеха за нас од Богородица“, рече мајка ѝ, зашто ние неизмерно многу Ѝ се молиме. По три дни, на Светол вторник, Фросе рекла дека повторно ќе залегне. Легнала во креветот и повторно се парализирала идентично како и претходно.

Фросе почна да плаче. Ме стегна уште посилно и рече: „Бог и овој Велигден ќе направи чудо, и јас повторно ќе проодам, ќе видите“. Со погледот како да ми велеше: вети ми дека ќе биде така. Беа почнале Великите пости. Ѝ дадов бројаница и ѝ реков да се моли со Исусовата молитва.

Моите посети зачестија. Почнав редовно да ги посетувам, еднаш неделно. При секое заминување си одев восхитен од промените што ѝ се случуваат. Уште при третата моја посета, Фросе веќе се смееше. Ми рекоа дека имало моменти кога се чувствувала и весела. Сега беше моментот да ѝ објаснам за благодарењето, за сѐ што ни се случува да го прифаќаме како дар Божји, за духовниот живот… иако знаев дека таа треба мене да ми објаснува, а не обратно.

Откако Фросе престана да очајува, повторно влезе радоста во тој дом. Секоја недела одвај го чекаше моето доаѓање за да ја причестам. Ако доцнев, ја тераше мајка ѝ да ми се јави и да ме замоли да отидам. Престана да се однесува запуштено. Оттогаш, кога и да одев кај нив, таа беше дотерано облечена, и штом ќе се појавев на вратата, правеше нагли потези за да стане од креветот, заборавајќи дека не може. И секогаш кога ќе сфатеше дека не може, ќе се насмевнеше.

Кога ја причестував, таа секогаш плачеше… од радост, која не можам да ја опишам како радост. Самото причестување го доживуваше многу свечено. Ми рече: „Знаеш, откако почнав да се причестувам, јас повторно добив мир. Всушност, цело време сум копнеела по тој спокој во душата. Откако почнав да се молам на бројаница, едноставно сѐ се смени. Бев многу гневна и се озлобив. Мислев дека Бог ме оставил. Но, не сум Му веќе лута на Господ. Христос… Он ме промени. Ти благодарам, Господи, за сѐ…“ Не се воздржа и почна да плаче. Ѝ реков да го чита Светото Писмо и ѝ дадов уште некоја книга. Ѝ реков: „Сега го имаш сето време за читање“.

Дотолку се промени што почна да жали за своите родители. „Ги мачам“, ќе ми кажеше. „Стари се тие, јас требаше да ги гледам. Ама ако, Богородица им дава сила.“ Ја прашав што прави по цел ден. „Што ми преостанува да правам, да се молам, да читам и да го зачувам мирот, а и да ги нервирам моите“, рече на шега и се насмевна. „Не сум постојано ваква, во текот на денот имам и многу лоши периоди, но сега знам да се борам, знам дека Христос е тука, покрај мене.“

Некаде пред Велигден ми рече: „Сега сум подготвена да се помирам со Господ, сакам да се исповедам“. Откако се исповеда, беше уште порадосна. Едноставно, да не ти се верува дека влегуваш во куќа каде што има болен човек. На Велигден, уште пред да успеам да кажам нешто, ме испревари, со огромна радост ми рече: „Христос воскресе!“ Се причести, потоа се кршевме со јајца, а таа беше многу весела. Се однесуваше како да не е болна. Уште од првиот пат кога ја запознав, зборуваше бавно и развлечено, затоа што левата страна ѝ беше парализирана, и не можеше јасно да зборува. Тоа, пак, правеше секој збор што го изговара да добие некаков умилителен призвук, па дури и кога страдаше. Ми рече: „Знаеш, јас сум Му благодарна на Бога. Му благодарам за сѐ. И за болеста што ми ја даде… тоа е мојот крст. Подготвена сум да ја издржам докрај, не се откажувам. Веќе не ми е битно дали повторно ќе проодам или не. Ако Бог сака, повторно можам да одам. Најбитно е човек да има мир во душата и да Го има Христос, а сето останато… да биде волјата Негова“.

Посакуваното велигденско чудо на Фросе се оствари – и тоа се преумножи. Наместо телото, ѝ оздраве душата. Се случи Фросе, инвалид, која страдаше и сакаше да се утеши, повторно да почне да утешува. Ги утешуваше нејзините родители и роднини. Храбро се бореше докрај. По некое време заминаа во Скопје и Фросе остана во болница, и таму се успокои. Ги надживеа и најоптимистичките прогнози од лекарите. Поживеа повеќе од една година откако лекарите ѝ предвидеа само неколку месеци. Последните два месеца во болницата ги помина во многу страдање, често паѓајќи во бессознание, но се успокои со огромен мир.

После средбата со Фросе почесто размислувам за хендикепираните луѓе. Ние здравите го имаме нормалното тело преку кое најчесто си ги задоволуваме нашите страсти, а тие го немаат… Нашиот ум постојано и непотребно заталкува во секојдневните грижи, а нивниот ум е ослободен од тоа. Нам колку ни изгледа безначајно и ништо тоа што одиме, што гледаме…, а колку тие посакуваат барем за миг тоа да го сторат. Ние забораваме да заблагодариме, а тие се безмерно благодарни и за една најобична упатена насмевка. Како ништо да немаат – а сѐ имаат (види: 2. Кор. 6, 10).

Средбата со нив е секогаш средба со Христос.

Игумен Григориј

манастир Свети Четириесет Севастиски маченици,

манастир на светите Четириесет севастиски маченици

Банско, Струмица

 

http://strumi.ca/o-grigorij-sredbata-so-niv-e-sekogash-sredba-so-hristos/?fbclid=IwAR2QCeC-SP9xnqxiOCrLjcxHj9Czcx7o7sY7_mrrnEQl1kQ-q8r7PTd4uvw



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 657
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

« »