логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 
Во целата оваа неприродна и „нелогична“ логика изгледа дека одговорноста не ја носи единствено човекот како единка. Главен виновник е моќниот обезличен менталитет на општеството и нашата нестабилна епоха која е целосно излезена од контрола.

Нашата епоха има многу впечатливи нешта и секако нејзините достигнувања се импресивни. Самата најде неверојатни граници на кои им се приближи. Ги скрши преградите на земјината гравитација. Создава луѓе со досега непознати карактеристики, со вештачки или животински органи, со делови од други. Произведува видови кои до сега не постоеја. Ja променува природата, ги укинува нејзините закони. Влегува во телото, влијае на душата, креира менталитет и навики, го определува однесувањето. Стигнува до незамисливи далечини, продира во внатрешноста на најмалиот свет со средства, брзини и енергии кои надминуваат сечија фантазија. Но, нејзината главна карактеристика е дека се бори против автентичното, целосното, вистинското.


Измислува и произведува многу „божем“. Нашите салони често се украсени со цвеќиња кои личат на вистински, но не се. Телевизиските студија презентираат средини кои не постојат. Рекламите се повикуваат на светови кои немаат никаква врска со реалноста. Луѓето се обојуваат, се извештачуваат, дури и се подложуваат на хируршки зафати, за да покажат лица кои не се вистински, возраст која залажува, пол несоодветен со нивните хормони и анатомски карактеристики. Растурената, но впечатлива слика и владеењето на „изгледот“ се виновни за кршењето на суштината и дискретното присуство на „она што е“.

Сето ова влијае на нашите согледувања и погрешно го насочува нашиот живот – дури и духовниот. Често ние христијаните зборуваме за возвишеноста на науката која навидум се согласува со религијата, за вредноста на демократијата која ѝ дозволува на Црквата да функционира слободно и за човековите права, како тие да претставуваат најголеми вредности. Но, сите знаеме дека науката не направи арогантни како никогаш до сега, бидејќи на местото на Бога го ставивме идолот на себепоклонуваниот човек, демократијата ја замени волјата Божја cо безумната одговорност на нашите избори, а човековите права го ограничија единственото право на Бога да интервенира во нашиот живот, да функционира како Бог.

3.angeli.so.truba

Така, завршивме како Христијани кои се обидуваат сами да постигнат нешто, и имаат потешкотии да се доверат себеси на благодатта Божја. Христијани кои се бориме за сами да ги откриеме Неговите тајни, а не такви кои трпеливо чекаме да ни се открие Неговата слава. Христијани кои трагаме по одмор и спокојство, не знаејќи за доживувањето на внатрешниот мир. Христијани кои кога го изговараме зборот „љубов“ мислиме на некаква егоистична симпатија или патолошка приврзаност, бидејќи одбиваме во љубовта да ја препознаеме толерантноста кон другиот или трпението кон братот или цената на жртвата, наместо измамата на некакво себељубиво уживање.

Целото ова согледување преминува дури и во црковното богослужење. Во нашите манастири правиме богослужбени везови кои личат на рачно изработени, но не се. Одеждите и светите садови се украсени со сјајни камења, кои по сјајот личат на драгоцени камења, но нивната суштинска вредност нема никаква врска со онаа на драгоцените. Нашите икони потсетуваат на старите времиња, но се направени од хартија без бои и трошоци, без труд, љубов, вештина и време. Фотографираме и во детали го претставуваме она што го прават свештениците, а имаме потешкотии да го препознаеме присуството Божјо во таинствената богослужба. Нашите патувања ги нарекуваме поклонение, но нашата душа има потешкотии да „излезе“ од својот затвор кон пустината Божја „за да Мy одговори“. Ги посетуваме светињите, но посетата на Светиот Дух не се покажува во нашиот живот. ги задоволуваме „надворешните сетила“ и не ги напојуваме „внатрешните движења“. Преполни сме со некорисно и неумесно теолошко знаење, но многу бедни со драгоцено духовно искуство. Затоа и нашата богослужба, која има невидено литургиско велелепие, повеќе личи на прослава отколку на тајна; повеќе личи на претстава отколку на молитва.

3.angeli.so.truba

Плод на автентичноста на светителите е пишувањето на длабоки текстови, од кои повеќето ја видоа светлината, откако тие ги затворија очите во овој свет. Потврда за нашата „божемна“ автентичност е признавањето на нивните прилози или разговорите за нив во удобноста на салоните, во отсуство на каква било желба за подвиг, лично умртвување и жртва. Наместо да ги читаме свештените и свети текстови за да се смириме, ние ги користиме за да ги осудуваме нашите браќа или за болно да го мешаме нашиот сон со нашата реалност.

Светителите го хранеле својот маченички живот со света причест. Ние ја залажуваме нашата световна духовност и самооправдувањето, подражавајќи ги во честото причестување, но не и во автентичноста на покајанието и верата. Умственото знаење кое се изразува со тензии и судири, доаѓа за да го замени доживеаното откровение кое се потврдува со молчење, со внатрешно тихување и со солзи. Се навраќаме на старото за да ги оправдаме нашите ставови и мислења, и имаме потешкотии во раѓањето на нови знаења, што нас нѐ смирува и ги прегрнува нашите браќа.

3.angeli.so.truba

Така, современата духовност често се појавува со лажна маска. Во суштина не претставува ништо повеќе од рационализирана религиозност и миметичка традиционалност, која се крие зад една чувствително болна посветеност на формалности, правила, надворешни форми, навики или личности, и се манифестира како вулгарна конзервативност. Сето ова води кон лажни добродетели кои нас нѐ опрелестуваат, го задоволуваат ѓаволот, и Го задушуваат Бога; негуваат внатрешни страсти и неопростливи слабости, поттикнуваат суровост и лицемерие, се нарекуваат автентична вера и искуство, но немаат никаква врска со духот Божји и со традицијата на нашата Црква. Едноставно, создаваат Христијани со целосно лажна… автентичност, штом верата ја претвораат во прелест и измама, а искуството го преобразуваат во конфузност и илузија.

Оваа е причината што често се жалиме за неправдите кон нас, за тешкотиите, прекумерните барања и неподносливите тежини, за душевен труд, за тоа дека Бог ce оглушува и браќата не нѐ разбираат. Тоа го раѓа чувството дека не се случуваат чуда, не постојат светители, спасението е тешко. Ова произведува сомнежи, илузии, паднат морал, потешкотии во борбата. Тоа едноставно го нарушува лицето Христово во нас.

Сето ова претставува природен резултат на човек со оштетен став кој ja изгубил автентичноста, Најголемата опасност на нашето време е нашето доживување да ја изгуби автентичноста, да осиромаши во автентичноста, и на крај, да биде туѓо за вистината.

(Продолжува…)

 

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/za-avtentichniot-i-lazhniot-hristijanski-opit-part-3/

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 651
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

« »