логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

7.Vselenski.sobor

09/12/2019

Тревки, што се пробиле низ асфалтот. Една од сликите на моето детство, што ми се запечати во сеќавањето, - тоа е густата трева и грмушките, што растеа крај оградата на нашата куќа, што излегуваше во една тивка, осамена уличка. Сега таа е слична на корито на пресушена река; земјата е покриена со слој асфалт, како да е заѕидана во огромна костурница. Ни дожд, ни зраци на сонце не проникнуваат преку мртвиот панцир. Тука погледот на ништо не се задржува, тој рамнодушно ѕирка под површината на тулите и асфалтот. Но некако случајно одеднаш ја забележав тревата што се пробиваше низ пукнатините на асфалтот; тоа беа неколку овенати пожолтени стебленца, но тие со самиот свој изглед, се чини, кажуваа за тоа дека животот, сепак, не е целосно убиен. Тие тревки, непритиснати од тежината на асфалтот, непогребани под него, како под гробен камен, ми се чинеа како херои кои го предизвикале монструмот, наречен „прогрес“. Кога среќавам луѓе, што во овој свет, лажлив и развратен, зачувале чистота на душата и вера, се сеќавам на тие никулци, што го пробија цврстиот панцир на асфалтот. Зашто сиот начин на современото живеење потсетува на план од сесветски размери: како да се усмрти и уништи духот на човекот – внатрешното око, насочено кон вечноста, како да се прикова човекот кон земјата, како робијаш на галија. Како поминува животот на еден човек? Неговиот ум е зафатен со неприкинати одлуки за насушните потреби, него дури и не можеме да го споредиме со мравката работник, тој побргу е пешак, што се нашол во недостик на време. Човекот нема на што да се потпре. Почвата на која стои тој, постојано му се лизга под нозете. Ако може душевната состојба на еден човек да се изрази со еден збор, тој збор ќе биде „тревога“ – постојано беспокојство што ја поткопува и разјадува силата на душата, како киселината металот. Преживувањето е – приспособување, а приспособувањето – е уподобување (изедначување), затоа пред христијанинот секогаш стои избор: или да се приспособи кон лагата и жестокоста на овој свет, т.е. да игра човек, а да не биде тоа, или да стапи во борба со светот, да стане против железниот валјак, кој урива сѐ на патот. Веќе дрвните мислители кажаа дека вистинската филозофија е – наука за смртта. Христијаснтвото е – живот, што се стекнува со тоа што светот го нарекува смрт, - со самоодрекување. Христијанството е религија на срцето. Христос рекол дека чистите по срце ќе го видат Бога. Светот, како заводник и насилник, се стреми да ја обечести душата на секој човек, употребувајќи поткуп во вид на наслада, или принудувајќи ја со психички терор. Во Апокалипсата постои лик на жена што раѓа дете и пишти од болка (види: Откр. 12, 1-2). Според толкувањата на Светите Отци, тоа е Црквата, која во мака ја раѓа човечката душа за вечниот живот. Но дозволено е да се направи уште една споредба: тоа е душата на христијанинот, која го чува духот, како свое незаштитено дете; таа треба да изврши подвиг, што се граничи со мачеништво, за да го сочива духот од гревовите и соблазните, што можат да го умртват.

            Многумина од нас искуствено го осетиле тоа гаснење на духот. Човекот пребива во молитва, во неговото срце се населува малку спокој, тој ја чувствува духовната радост, но ете, се задржал со умот на една нечиста мисла – и сѐ пропаѓа. Како да се угаснала светлината во неговата душа; мрак, пустош и студ ја исполнуваат. Човечкиот дух е нежен како цветче. Од грубиот допир со страста тој се повелкува во себе, како што цветчето ги собира своите ливчиња, и само после покајание духот оживува. А овој свет станал сличен на порој нечистотија, кој, се чини само што не го заплиснал и не го потопил целото човештво. Таа нечистотија се обидува да влезе во секој дом. Каде и да фрли човек поглед – ако погледне улична реклама, ако вклучи телевизор, ако отвори весник – секаде го среќава една иста смрдлива нечистотија, како демонот да му зборува на човекот: јас сум тука, нема каде да бегаш од мене. Душата на човекот обично се адаптира на атмосферата во која дише, тој престанува да чувствува одвратсност кон таа нечистотија и ја прима како нешто нормално и природно. Тука се случува умртвување на духот. Човекот стои во храмот, но неговиот дух е парализиран. Тој не чувствува духовна радост, нејзе ја смениле други душевни емоции, други преживувања, религијата станала за него нешто надворешно. Кога човекот не чува духовна чистота, кога не принесува вистинско и длабоко покајание, тогаш тој стои во храмот како со затворени очи, не гледајќи го вистинскиот, духовниот храм и она што во него се сличува.

            Религијата пред сѐ, е дело на волјата, особено во денешно време. Затоа христијанинот не треба да го прави она што го сака неговиот противник, а противникот, демонот, сака да го лиши од неговиот внатрешен живот, да го лиши од богоопштење (та, каде се среќава Господ во човекот? – во срцето), сака да го одвлече умот од непрестајната внатрешна молитва. Во страсната состојба може да се живее со надворешен живот на христијанин, да се прават добри дела, вклулувајќи дела на милосрдие, да им се укажува помош на оние што имаат потреба од тоа, да се кажуваат проповеди, дури и да се градат храмови, но без жестока борба со страстите, без подготвеноста да се умре, а да не се биде осквернет од тој насилник – светот – е невозможно главното – мистиката на христијанството, како стекнување на благодатта и внатрешно гледање на Бога.

            Во наше време е тешко човек да се спаси, тешко е да се слушне тивкиот глас на духот во метежот на овој свет, но сепак, христијанскиот живот е возможен. Ако го сочуваме своето срце од непријателите, што го напаѓаат преку надворешните чувства: видот и слухот, ќе ја видиме тајната на храмот, во која присуствува духовен мир, и небесната убавина на Православието, а сведоштвото за тоа се оние слабечки стебленца трева, што се пробиле низ асфалтот.

https://www.manastirslepche.mk/novost/trevkite-shto-se-probivaat-niz-asfaltot-arhimandrit-rafail-karelin-1/

 9ти декември  2019 лето Господово

 

 

Друго :

7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor

https://www.manastirslepche.mk/pouka/50-pouki-na-svetiot-teofan-zatvornik-ii-del/

 28ти ноември 2019 лето Господово

Друго:

7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor

 Од книгата Тајната на Спасението - Архимандрит Рафаил Карелин

7.Vselenski.sobor

 https://www.manastirslepche.mk/novost/zoshto-ima-s-pomalku-vreme-arhimandrit-rafail-karelin/

“Во почетокот беше Словото,
и Словото беше во Бога
и Бог беше Словото.” – Јован 1,1

Друго:

7.Vselenski.sobor

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 656
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

« »